
Рецензираме објава во социјалната мрежа Фејсбук, која вели:
ИРАН ШТОТУКУ ОФИЦИЈАЛНО И ПРОГЛАСИ ВОЈНА НА ЕУ
(цела среќа што не сме во ЕУ)

Иран не ѝ објавил војна на ЕУ и таква вест нема во релевантните светски медиуми, а и ЕУ не е суверена држава, што е предуслов за некому да му се објави војна според меѓународното право. И, такво формално објавување на војна скоро и да нема во современата пракса.
Објавата завршува со т.н. „смајли“, па некој може да ја сфати како шега или сатира, но тоа не е така. Тоа „смајли“ не се однесува на тврдењето дека Иран ѝ објавил војна на ЕУ, туку на тоа што ние како држава не членуваме во ЕУ. Впрочем и во самата објава во заграда е додадено „цела среќа што не сме во ЕУ“. Ние имаме проблем со евроинтеграцијата, па објавата тоа духовито го претставува како предност, зашто така сме изземени од војната, која Иран ѝ ја објавил на ЕУ.
Тоа тврдење не е поткрепено со ништо, но има некои реални изјави и постапки на официјален Техеран, кои објавата најверојатно ги извитоперила, па да ги разгледаме.
На 29.1.2026 г. ЕУ реши да го прогласи за терористичка организација Корпусот на Исламската револуционерна гарда, што е една од компонентите на вооружените сили на Иран, а тој возврати со тоа што за терористички организации ги прогласи вооружените сили на земјите-членки на ЕУ.
Особен акцент беше ставен на нивните поморски и воздушни сили, најверојатно затоа што Иранците попрво би налетале на нив отколку на копнените сили. Така, на пример, ако европски борбени бродови пловат близу иранскиот брег, тие би можеле да бидат сопрени и запленети како „терористички“ или сл.
Некој ќе релативизира дека тоа е фактичко објавување на војна од страна на Иран, но објавата говори за официјално (де јуре) објавување на војна, што во случајов го нема.
Откако САД ги започнаа нападите врз Иран, тој почна да гаѓа американски бази и други објекти низ околните земји, па дури и база на Британија на Кипар, иако таа не го нападна Иран. Тие негови напади беа осудени од Британците, Французите и Германците, кои споменаа можни одбранбени акции, на што портпаролот на иранското МНР, Есмаел Багаеи, рече дека тие би биле сметани за акт на војна, па можно е објавата да направила збрка од тие негови зборови.
Багаеи не објавил војна, а и нема овластувања за тоа, туку тоа го изразил условно: ако Европејците преземат акции на штета на Иран, тогаш тој тоа ќе го третира како да му објавиле војна.
Објавата е илустрирана со слика од претседателот на Европскиот совет, Португалецот Антонио Кошта, што е всушност скриншот од клип од Самитот ЕУ-Западен Балкан 2024. Врз тој скриншот е нацртана стрелка, која покажува кон значката, која Кошта тогаш ја носел, но не е јасно што објавата сака да каже со тоа, а таква значка носеле сите учесници на самитот. Тоа нема врска со сегашните случувања во Иран и тоа никако не докажува дека тој ѝ објавил војна на ЕУ.
Судејќи по „лајковите“ и коментарите оставени под објавата, таа успеала да доведе во заблуда повеќе читатели, па еден од нив прокоментирал (цитираме директно и без корекции):
Ja pozdravuva odluka ta na Iranskata Republika za objava na vojna na EU. Konecno na Gej decki Makron, Starmer, Merc, Gej mi’s Mark Rutete I vnukata na Hitler Ursula I Estonskata prostitutki Marija KALAS sega go pocustvuvat uzasot na VOJNATA.
Фејсбук-страницата, кај што е тоа објавено, ние веќе сме ја забележувале во ширење на дезинформации.
Земајќи го предвид сето досега наведено, објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Иран не ѝ објавил војна на ЕУ 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-07 07:13:53 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

