• News
  • Investigations
  • Online Store IUSTITIA
  • Real Estate agency
  • Petar Nizamov
  • Fitness & Wellness coach
  • Food Delivery
  • Charcoal retail
  • Firewood Wholesale
  • Charcoal Wholesale
  • Web Development agency
ar العربية dk Dansk de Deutsch gr Ελληνικά en English bg български czech Čeština es Español fr Français il עברית hr Hrvatski hu Magyar it Italiano lt Lietuviškai lv Latviešu valoda mk македонски јазик no Norsk Bokmål nl Nederlands pl Polski pt Português ro Română ru Русский sk Slovenčina si Slovenščina sr Српски језик se Svenska tr Türkçe ua Українська japan 日本語 thai ไทย iran فارسی china 中文 (中国) belarus Беларуская мова osterreich Deutsch Austria schweiz Deutsch Switzerland shqiperia shqiperia usa English USA bih Bosanski
Sunday, October 25, 2026
Лого за веб-страница посветена на истражувачко новинарство и длабински написи на теми од јавен интерес
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
Лого на медиумска организација специјализирана за истражувачко новинарство, која објавува статии, анализи и документарни материјали од јавен интерес
No Result
View All Result

Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово? 2026

Юстиция Иванова by Юстиция Иванова
October 24, 2026
in Новини
0
Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026

Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

Општина тетово семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 seme vrski biznisi milioni osporeni evra shto krie zad општина тетово iustitia. Bg братот на косопственикот на компанијата која го гради дополнителниот објект на општина тетово, преку компанија во сопственост на сопругата на неговиот син, ја изгработил... Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 2026-10-24 11:57:37 правда - юстиция општина тетово

Братот на косопственикот на компанијата која го гради дополнителниот објект на Општина Тетово, преку компанија во сопственост на сопругата на неговиот син, ја изгработил физибилити студијата за јавно-приватното партнерство за изградба на друг административно-комерцијален објект на општината со предвидена вредност од 28,5 милиони евра. Во студијата која е изработена за еден месец евидентирани се несовпаѓања од 3,95 милиони евра во пресметката на трошоците, што предизвика сомнежи во јавноста дека вредноста на инвестицијата е напумпана со цел кражба, и дека постои ризик јавно-приватното партнерство да му служи на приватниот интерес на штета на јавниот имот.

Според препорачаниот модел општината ќе придонесе со земјиштето и постојниот објект, ќе плати околу 7,77 милиони евра за дел од новата зграда, а 40% од неа ќе му останат на приватниот инвеститор. Истражувањето на Порталб.мк исто така ги истакнува семејните и деловните врски меѓу фирмата која ја изработила  студијата, компанијата што соработува со општината и еден роднина на градоначалникот на општината, Биљал Касами, отварајќи го прашањето за конфликтот на интереси и транспарентноста на постапката.

На 14 октомври Општина Тетово предложи усвојување на „Физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за изградба на административно-комерцијален објект за Општина Тетово“, која што предизвика големи нејаснотии и сомнежи за финансиски злоупотреби, блиски деловни врски и оштетување на јавниот интерес во корист на приватниот.

Во продолжение ќе разгледаме по еден од сите овие елементи.

Што предвидува физибилити студијата за јавно-приватно партнерство?

Општина Тетово планира изградба на нов административно-комерцијален комплекс преку јавно-приватно партнерство, со предвидена вредност од 28,5 милиони евра. Во новиот комплекс предвидено е да се смести општинската администрација, јавните претпријатија и Територијалната противпожарна единица, а дел од просториите ќе имаат деловна и комерцијална намена.

Физибилити студијата, која е изработена во текот на последниот месец, анализира три алтернативи за реализација на проектот, од кои како најповолна е оценета третата алтернатива.

Планирано е објектот да се изгради на локацијата каде што актуелно се наоѓа Противпожарната единица, на катастарската парцела 4711/1, КО Тетово 2, со површина од околу 6.768 квадратни метри.

Според студијата комплексот ќе има вкупна бруто-површина од околу 14.392 квадратни метри, со приземје и три ката. Предвидени се административни простории, канцеларии, сали за состаноци, шалтери за услуги за граѓаните, простории за пожарникарите, деловни локали и две нивоа под земја со најмалку 200 паркинг места.

Потребата од изградба на овој комплекс се оправдува со недостатокот на доволно простор за општинската администрација и јавните претпријатија, како и со актуелните услови во кои работи  Противпожарната единица. Според податоците од студијата, општинските институции за кои што се предвидува да се сместат во новиот објект имаат 833 вработени, а сегашните простории се распределени на неколку локации, пишува Порталб.мк. Целта е општинските услуги да се централизираат во еден објект и со тоа да се подобрат условите за работа и услугите за граѓаните.

Општина тетово семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 seme vrski biznisi milioni osporeni evra shto krie zad 1 општина тетово iustitia. Bg братот на косопственикот на компанијата која го гради дополнителниот објект на општина тетово, преку компанија во сопственост на сопругата на неговиот син, ја изгработил... Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 2026-10-24 11:57:37 правда - юстиция општина тетово
Фото: Порталб 

Студијата разгледува три алтернативи за реализација на оваа инвестиција:

Со првата алтернатива предвидено е Општина Тетово сама да го изгради целиот објект, без вклучување на приватен инвеститор. Во овој случај општината треба да обезбеди околу 28,5 милиони евра од буџетот или преку задолжување. Оваа алтернатива се проценува како финансиски неповолна, бидејќи општината нема доволно капацитет сама да ја финансира инвестицијата.

Со втората алтернатива предвидено е јавно-приватно партнерство, каде што општината ќе придонесе со градежното земјиште, постојниот објект на пожарникарите и дел од општинските давачки, а приватниот инвеститор ќе ја финансира изградбата. Како компензација Општината и пожарникарите би добиле дел од објектот, а преостанатиот дел од потребните простории би ги изнајмувале од приватниот инвеститор за период од 20 години, со проценета цена од најмалку 6,5 евра за квадратен метар месечно. Оваа алтернатива се оценува како поповолна од првата, но би го оптоварила општинскиот буџет со долгорочни плаќања за кирија.

Со третата алтернатива, која студијата ја препорачува како најповолно решение, предвидено е приватниот инвеститор да ја финансира целата изградба, а општината да добие дел од објектот како компензација и преостанатиот дел што ѝ е потребен да го купи.

Според овој модел 60% од објектот, односно околу 8.635 квадратни метри, ќе бидат наменети за Општината и Противпожарната единица, а на приватниот инвеститор ќе му останат 40%, или околу 5.757 квадратни метри за деловна и комерцијална дејност.

Но, според студијата општината треба да добие како компензација најмалку 15% од вкупната површина на објектот, или околу 2.158 квадратни метри, за својот придонес во проектот. Преостанатиот дел, до 60% од објектот, Општината ќе го купи од приватниот инвеститор. Ако се земе како основа оваа минимална компензација, за купување остануваат околу 6.477 квадратни метри. Со ориентациона цена од 1.200 евра за квадратен метар куповната вредност би достигнала околу 7,77 милиони евра. Конечната површина и цена ќе се утврдат врз основа на избраната понуда и договорот помеѓу страните.

Според третата алтернатива условите за купување ќе бидат претходно утврдени преку преддоговор, каде што ќе бидат прецизирани површината, цената, начинот и роковите за плаќање, како и обврските на страните. Предвидено е плаќањата да се извршат на тримесечни рати. Во еден дел од студијата се предлага рок на отплата од четири до осум години, а во финансиската анализа како основа се зема период до пет години. По завршувањето на градбата и добивањето на дозволата за употреба, општината ќе може веднаш да ги користи просторите.

Оваа алтернатива се смета за поповолна бидејќи општината не мора да обезбеди финансиски средства на почетокот од градбата и нема да има обврска за долгорочно плаќање кирија, како што е предвидено во втората алтернатива. Меѓутоа, таа презема финансиска обврска за купување на дел од објектот. Од друга страна, приватниот инвеститор, освен приходите од продажбата на просторите на општината, ќе може да оствари профит и од продажбата или изнајмувањето на комерцијалните простори, паркинзите и другите деловни содржини.

За реализација на проектот предвиден е избор на приватниот инвеститор преку јавна постапка, по соодветните одлуки на Советот на Општина Тетово. Студијата предвидува градбата на административните простори што ќе ѝ припаднат на општината да заврши во рок од најмногу пет години од добивањето на градежната дозвола, но не утврдува конкретен датум за почеток на работите, пишува Порталб.мк. За време на градбата општината треба да обезбеди и привремена локација за непречено функционирање на Противпожарната единица.

Што накратко подразбира предложенената варијанта?

Со предложената варијанта како поповолна се предвидува изградба на комплекс од објекти со надземна површина од околу 14.398 квадратни метри на јавното земјиште со површина од 6.768 квадратни метри. Според третата алтернатива Општината придонесува со земјиштето, постојниот објект и дел од општинските давачки, а во замена добива само 15% од објектот, односно околу 2.158 квадратни метри. За други 45%, односно околу 6.477 квадратни метри, треба да плати приближно околу 7,7 милиони евра за повторно да ги купи од приватниот инвеститор, а 40% од објектот ќе остане во трајна сопственост на приватниот инвеститор.

Целосната физибилити студија можете да ја најдете на линкот.

 Што не е во ред со оваа студија и за што постојат сомнежи?

Како прво, вкупната проценета сума на инвестицијата за изградба на целиот објект, односно ориентационите пресметки за работите и трошоците, изнесуваат вкупно 28.500.000 евра.

Речиси 4 милиони евра несовпаѓање, трошоците за изградба се пресметуваат милиони евра помалку

Меѓутоа, во табелата прикажана во студијата има несовпаѓања, бидејќи вкупната сума за 23-те ставки во табелата изнесува 24.550.000 евра. Значи, прикажани се 3.950.000 евра повеќе отколку реалната вредност. Подоцна од лицата кои ја изработиле студијата беше кажано дека се работи за технички пропуст.

 

Проценетата вредност на инвестицијата за изградба на целиот објект – ориентациона пресметка на работите и трошоците
Бр.Вид на работитеОрентационен износ (€)
1Подготовка, уривање/чистење и организација на градилиштето350.000
2Земјени работи, ископи, транспорт и товарење850.000
3Темели и армирана бетонска конструкција6.000.000
4Хидроизолација на подземни конструкции650.000
5Фасада и термоизолација1.350.000
6Прозори и врати од алуминиум/ПВЦ и стаклени фасадни елементи1.650.000
7Покрив и покривни слоеви450.000
8Внатрешни ѕидови, малтерисување, глетирање и бојадисување1.050.000
9Подови, тавани, плочки и завршни работи1.550.000
10Внатрешни врати и противпожарни врати450.000
11Санитарни чворови и санитарна опрема400.000
12Водовод и канализација550.000
13Електрични инсталации1.450.000
14Слаба струја, LAN, CCTV, контрола на пристап700.000
15Греење, ладење и вентилација – HVAC2.300.000
16Противпожарни инсталации и системи650.000
17Лифтови550.000
18Подземна гаража – завршни работи и опрема650.000
19Систем за паркирање, рампи, контрола на влез/излез250.000
20Вертикална комуникација – скали, огради итн.300.000
21Надворешни инсталации450.000
22Уредување на надворешниот простор, пешачки површини и комуникација600.000
23Резервни/непредвидени трошоци1.350.000
—ВКУПНО28.500.000 €

 

Фото: Принтскрин од физибилити студијата

 

Критиките од опозицијата и граѓаните се дека овие бројки се напумпани, бидејќи трошоците за изградба се пресметани за милиони евра помалку отколку што е наведено во студијата.

Кои се лицата што стојат зад студијата и во каков однос се тие?

Според она што беше кажано во Советот на Општината, оваа студија е изработена во рок од околу еден месец и чинела илјада евра. Додека како лица кои ја изработиле истата се наведени професорот Раметула Ферати и Недиме Салаи. Но, како што објасни градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, има тројца автори и се работи за технички пропуст, а третото лице е адвокат, без да открие за кого станува збор.

Општина тетово семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 seme vrski biznisi milioni osporeni evra shto krie zad 2 општина тетово iustitia. Bg братот на косопственикот на компанијата која го гради дополнителниот објект на општина тетово, преку компанија во сопственост на сопругата на неговиот син, ја изгработил... Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 2026-10-24 11:57:37 правда - юстиция општина тетово
Раметула ферати. Фото: принтскрин од општина тетово

Во студијата се вели дека овие експерти се ангажирани преку една консултантска канцеларија во Тетово, за која што, иако прашана од Порталб.мк, Општина Тетово не откри за која се работи.

Но, самиот професор Ферати на седницата на Општинскиот совет  рече дека станува збор за компанијата „Про Консалтинг“.

Според регистарот Companywall, сопственичка и управителка на „Про Консалтинг“ е Џениса Камбери Ферати, која е сопруга на синот на Раметула Ферати, Бардил Ферати, кој во оваа компанија се појавува како раководител на нејзина придружница.

И Недиме Салаи се појавува како блиска со професорот Ферати и „Про Консалтинг“, како коавтор и предавач.

Но, тука не им е крај на врските. Раметула Ферати се појавува како близок и со компанијата „Про-Енџинеринг“, која го  гради дополнителниот објект на Општина Тетово во близина на сегашниот објект, во вредност од 1,3 милиони евра според договорот потпишан во февруари 2026 година.

На профилот на компанијата „Про-Енџинеринг“ според Companywall, како косопственик е наведен Ибраим Ферати, кој е брат на професорот Раметула Ферати. Покрај тоа, кај оваа компанија како електронска адреса е наведена [email protected].

Покрај тоа, Ибраим Ферати по се е близок и со Ракип Алили, кој во јавноста е познат како вујко на градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. Конкретно, на парцелата 6676/16 во Тетово како сопственици се наведуваат „Про-Енџинеринг“  и „Мурана Компани“, каде што според Companywall сопственик е Ракип Алили.

Општина тетово семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 seme vrski biznisi milioni osporeni evra shto krie zad општина тетово iustitia. Bg братот на косопственикот на компанијата која го гради дополнителниот објект на општина тетово, преку компанија во сопственост на сопругата на неговиот син, ја изгработил... Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на општина тетово? 2026 2026-10-24 11:57:37 правда - юстиция општина тетово
Фото од фејсбук профилот на ракип алили на која се ракип алили и ибраим ферати

Порталб.мк побара објаснување од Општина Тетово околу тоа врз основа на кој оглас изработката на студијата ѝ е доделена на фирмата „Про Консалтинг“ и зошто е избрана токму оваа фирма, имајќи ги предвид сомнежите за конфликт на интереси и блискоста со општинското раководство. Но, од Општина Тетово не добивме одговор.

Порталб.мк побара објаснувања и од професорот Раметула Ферати за семејните врски и сомнежите за конфликт на интереси, но до објавувањето на овој текст ниту од него не добивме одговор.

Кои се критиките на опозицијата и граѓаните за јавно-приватното партнерство?

Главните сомнежи во јавноста за ова јавно-приватно партнерство се дека се работи за кражба на јавниот имот и дека истиот ќе му биде даден на некое лице или фирма блиска до општинското раководство.

„Ние не сме против инвестициите, меѓутоа ова е класична кражба, подла класична кражба, не сме против инвестициите во Тетово, ние сме за, но сме против кражбата“, рече Берат Мурати, општински советник од НАИ.

Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“ рече дека студијата е аматерска и несериозна.

„Нека се изработи физибилити студија како што доликува. Ние не сме против капиталните инвестиции во општина Тетово. Но, не можеме да дозволиме во име на капиталните инвестиции да се врши кражба на јавниот имот на граѓаните на Тетово и парите на граѓаните на Тетово да завршат во џебовите на приватни фирми“, рече Арифи.

Арифи истакна дека само рушењето и транспортот на материјалот ќе чинат 350.000 евра, што му доаѓа 400 евра/м², а на пазарот максималната цена е 10 евра/м². Тој рече дека армираниот бетон за новиот објект е калкулиран на 6 милиони евра, за што, како што рече, има сомнежи за кражба бидејќи објектот има бруто површина од 22.875 м², а според пазарната цена таа не е повисока од 150 евра/м² со вкупна цена од 4 милиони евра.

„Врз основа на проценките од градежни инженери, вредноста на објектот според квадратурата што е наведена во студијата, не ја преминува сумата од 13 милиони евра“, рече Арифи.

Според Арлинд Муртезани од Албанската лига, ова јавно-приватно партнерство значи продажба, а општината се обидува да го прикаже како инвестиција.

„За кратко време Општина Тетово би требало да му врати на приватниот оператор/инвеститор со 1.200 евра м², а реално изградбата на еден објект на противпожарната единица и просториите на општината на луксузен начин не чини над 400 евра за м², што значи дека ова раководство краде по 800 евра за м². Каде е придобивката на општината во овој случај? Со оваа логика општината оди по погрешен пат и во иднина граѓаните нема да имаат ниту една педа јавен имот“, рече  Муртезани.

Покрај општинските советници и политичките партии, реакции имаше и од граѓаните.

„Објектот за кој во ‘студијата’ стои дека чини 28,5 милиони евра, според градежниците и независните градежни инженери чини некаде 7–8 милиони евра. Значи, општината ќе го даде земјиштето, ќе ја плати во целост и зградата, а на приватната фирма ќе му останат 40% од целиот објект во трајна сопственост гратис. Со неколку зборови: Општината го дава земјиштето, го плаќа целиот објект и се обврзува да плаќа кирија за 40% од објектот што приватната фирма го добила од општината гратис“, рече Зуфер Бајрами, жител на Тетово.

Кое е образложението на општината?

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, рече дека ќе има јавна дебата, а истакна дека студијата е основниот документ од кој започнува оваа процедура согласно законот.

Според него, со ова решение тие нудат сместување на сите претпријатија и сектори на општината во адекватни услови за работниците и услугите кон граѓаните да бидат подобри.

„Ние нема да крадеме и ќе продолжиме да им служиме на граѓаните на Тетово. Понудите и процедурите ќе бидат транспарентни и отворени и гарантирам дека ќе се избере најдобрата понуда за Тетово. Ова е основна студија од која ќе ја започне процедурата и сите реални вредности понатаму ќе бидат транспарентни, таа вредност може да биде и 20 милиони и 10 милиони согласно тоа што ако тие проценат дека има подобра понуда за јавниот интерес на Тетово, јас гарантирам дека ќе биде прифатена“, рече Касами.

Потоа, тој им порача на општинските советници: „понудете решение, понудете бизниси кои ќе го изградат со најдобри услови, ако не му го доделиме на тој бизнис, јас веднаш давам оставка како градоначалник“.

По бројните реакции во јавноста, Општина Тетово реагираше велејќи дека „се крева прашина“ за изградбата на новиот објект на општината.

„Ако имаат факти и докази за злоупотреби, нека ги поднесат и нека им се обратат на надлежните органи. Јавниот интерес бара секое тврдење да се разгледа со одговорност и секое обвинување да се заснова на докази. Граѓаните заслужуваат да знаат како се носат одлуките и како се трошат нивните пари. Затоа, дебатата треба да служи за нивно информирање, а не да се користи за покревање сомнежи без факти“, рекоа од Општина Тетово.

Како понатаму?

Советот на Општина Тетово на 19-тата седница одржана на  14 октомври не ги изгласа двете точки кои предизвикаа дебата, тензии и протест во салата, конкретно: Предлог-заклучокот за усвојување на физибилити студијата за јавно-приватното партнерство за изградба на административно-комерцијалниот објект за Општина Тетово и Предлог-одлуката за започнување на процедурата за доделување на договорот за воспоставување јавно-приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, опремување, управување и одржување на противпожарната станица и општинскиот објект.

Овие две точки не се повлечени, туку се одложени за понатаму, а во меѓувреме се очекува да продолжи јавната дебата и да се види дали ќе има измени во оваа насока пред општинскиот совет да ги усвои истите.

Во меѓувреме се очекува општинскиот совет 20-тата седница да ја одржи на 28 октомври (среда), но на дневниот ред не се гледаат овие точки. Целосната дебата од претходната седница за ова прашање можете да ја следите во видеото на линкот

„Традицијата“ на продажба на јавниот имот во Тетово

Општина Тетово во последните години беше мета на критики и обвинувања за злоупотреба и лошо управување со јавните имоти.

Еден од случаите случаите што го обелодени Порталб.мк  минатата година беше дека Општина Тетово на нетранспарентен начин овозможила продажба на државно земјиште кај поранешниот Монопол со површина од 6.817 квадратни метри за 70 денари по квадратен метар, и дека таму ќе се градат згради.

Истражувањето покажа дека блокот, иако беше предвиден како индустриска зона, Советот на Општина Тетово од составот 2021/25, чие мнозинство го сочинуваа Движењето Беса и ВМРО-ДПМНЕ, во ноември 2024 година го пренаменија во станбена зона, со што се даде зелено светло во оваа зона да може да се гради. Значи, било во рацете на актуелното раководство на Општина Тетово да одлучи дали кај поранешниот Монопол ќе се градат станови или не.

Градоначалникот Биљал Касами не бил целосно искрен кога рече дека сѐ било „изготвено“ претходно. Тој исто така имаше можност да го суспендира Деталниот урбанистички план подготвен во времето на Теута Арифи или да го приватизира државното земјиште по пренамена во зона за колективно живеење.

 

Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово? 2026

IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-24 11:57:37

Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

IUSTITIA

Previous Post

Русија и Украина се договорија за прекин на огнот во окупиран украински град, во очи на мировните преговори следниот месец 2026

Next Post

Израел започна да урива град на Западниот Брег, откако двајца војници беа убиени во напад 2026

Next Post
Израел започна да урива град на западниот брег, откако двајца војници беа убиени во напад 2026

Израел започна да урива град на Западниот Брег, откако двајца војници беа убиени во напад 2026

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

  • Rating

Search / Търси в сайта

No Result
View All Result
гугъл новини, гоогле новини, гугъл нюз, гъгъл нюз, google news, news google, google.bg, news.google.bg, Юстиция, новини, последното, най-важното, видео, телевизия, радио, Новини, петър низамов

Recent Posts

  • Инциденти и надвор од избирачките места на изборите во Србија 2026
  • ЦРТА: Фотографирањето гласачки ливчиња е најчестата неправилност на изборите во Србија 2026
  • Израел ќе ги затвори премините кон Западниот Брег на денот на изборите во вторник 2026
  • Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ 2026
  • Израел започна да урива град на Западниот Брег, откако двајца војници беа убиени во напад 2026
  • Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово? 2026
  • Русија и Украина се договорија за прекин на огнот во окупиран украински град, во очи на мировните преговори следниот месец 2026
  • Пожар го зафати планинското засолниште на Хитлер, „Орлово гнездо“ 2026
  • УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок 2026
  • Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН 2026
  • Масовен собир во Белград на завршниот митинг на Студентската листа 2026
  • Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица 2026
  • ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи 2026
  • Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација 2026
  • „Кафе со амбасадори“ во Велес за разговор за дезинформациите, сајбер-нападите и влијанието на дигиталните платформи 2026
  • Западен Балкан да се фокусира на обновливи извори, а не на гасификација, апелираат граѓански организации од регионот 2026
  • Руски ракети го погодија Киев, повредени над 15 лица и оштетена инфраструктура 2026
  • Макрон ги обвини странските лидери за политичка злоупотреба на немирите во Франција 2026
  • Мета ќе плати казна од 25 милијарди долари во Ново Мексико заради загрозување на приватноста на податоците 2026
  • Путин се согласи да ги обнови тристраните мировни преговори со Украина и САД 2026
  • Русија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард по повеќе од четири години 2026
  • Словачка започнува економски разговори со Русија за прв пат по инвазијата на Украина 2026
  • Администрацијата на Трамп поништила над 300.000 визи 2026
  • Светот мора да го намали загадувањето за 18 отсто во следните четири години, предупредуваат ОН 2026
  • Воен авион се урна во североисточна Франција, загина еден пилот а вториот се води како исчезнат 2026
  • Играчот познат како „Warlockguy“ победи на турнир во „World of Warcraft: Forever Open Beta“ вреден 100.000 долари 2026
  • САД повторно почнаа да споделуваат разузнавачки информации со Украина, по средбата на Зеленски и Виткоф 2026
  • Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија 2026
  • На ФДУ промовирани „Девет комедии“ од Русомир Богдановски 2026
  • Кристијан Аманпур си заминува од Си-Ен-Ен следниот јуни 2026
  • Повеќе услуги се погодени по прекинот на „Револут“, илјадници корисници пријавуваат проблеми со апликациите 2026
  • Ревизорите открија неправилности во коцкарници во кои Државната лотарија поседува 51 отсто 2026
  • Обвинителите бараат Уставниот суд да ја оцени уставноста на намалувањето на нивните плати 2026
  • Трамп побара Ново Мексико да си го промени името во „Нова Америка“ 2026
  • Трамп вели дека Зеленски треба да најде некој друг да преговара во име на Украина за крај на војната со Русија 2026
  • Франција воведе делумни полициски часови во неколку градови, вклучително и во делови од Париз 2026
  • Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат 2026
  • Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето 2026
  • Фирмата за вештачка интелигенција „Антропик“ ќе издвои пет отсто од акциите за финансирање на „јавното добро“ 2026
  • Романски борбени авиони Ф-16 соборија два дрона над своите води 2026
  • Македонската земјоделка Вангелина Пармачка избрана меѓу 100 жени херои на ФАО 2026
  • Во уличните судири со молотиви коктели и солзавци во Тирана во шест дена има 295 повредени 2026
  • Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница 2026
  • САД суспендира дел од санкциите против Русија, Трамп вели дека тоа е гаранција за да продолжат мировните преговори 2026
  • 73-годишен маж од Крива Паланка осомничен за силување 75-годишна жена 2026
  • 2026
  • ДИК ги измеша бројките за Брвеница, ја признаа грешката по реакциите на „Порталб“ 2026
  • Рубио: Трамп ќе има рок до 60 дена да одлучи за санкциите против Русија 2026
  • Расте бројот на пациенти со психички последици од семејно насилство, за седум месеци евидентиран 101 случај 2026
  • Судири и солзавец и на четвртиот ден од протестите во Тирана 2026
  • Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност 2026
  • Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника 2026
  • Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“ 2026
  • Според Трамп срамни се обновените украински напади врз руски рафинерии 2026
  • Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра 2026
  • Онлајн рекламите се користат за тајно инсталирање шпионски софтвер без клик од корисниците 2026
  • Еко свест: Без законот за почви има правна празнина во управувањето со жешките точки 2026
  • Материјални штети, судири и десетици повредени во протестите во Тирана 2026
  • Пленковиќ: Две држави ѝ одземаа на Македонија 21 година од приближувањето до ЕУ 2026
  • Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција 2026
  • Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп 2026
  • Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон пред да биде застрелан 2026
  • Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на Македонија 2026
  • 2026
  • Гренланд контра Трамп, истражувањата на нафта, гас и минерали се далеку од масовни 2026
  • Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија 2026
  • Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција 2026
  • ДЗР: Кичево со ненаплатени долгови и проблеми со капиталните проекти 2026
  • Најмалку 33 ученици и наставник загинаа при уривање на покрив на училиште во Пакистан 2026
  • БСЖ вакцините се очекуваат за неколку дена, на ТБЦ се лекуваат 95 пациенти 2026
  • Хоџа: Нема ризик да пропадне грантот за Југохром, но парите не се за расчистување на депонијата, туку за студија 2026
  • Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег 2026
  • Украина ги обвинува САД дека ѝ помагаат на Русија со тоа што не даваат предупредувања за напади врз Киев 2026
  • Енергетската транзиција треба да го подобри секојдневниот живот на граѓаните 2026
  • Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници 2026
  • Играта „Terra Scape“ е бесплатна на „Epic Games“ уште денес 2026
  • Зеленски вели дека се чувствува предаден од Трамп бидејќи САД го ограничи пристапот на Украина до Старлинк 2026
  • 2026
  • ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски 2026
  • Грчката амбасадорка на САД, Кимберли Гилфојл поднесе оставка по обвинувањата за несоодветно однесување 2026
  • Европската федерација на новинари преземањето на порталот Нова.рс го оцени како нова репресија против медиумите во Србија 2026
  • Жешките точки остануваат во законот за животна средина, пратениците не ги прифатија амандманите од екологистите 2026
  • Бројот на важечки лични карти во Србија за 4 месеци се зголемил за 236.000 2026
  • Папата Лав XIV успешно опериран од рак на белите дробови 2026
  • Русија уапси јапонски новинар под обвинение за шпионажа 2026
  • Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно 2026
  • Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за коментарите на Фејсбук од работникот од Шри Ланка 2026
  • Украина не добила предупредување од сојузниците за руските напади, Трамп вели размената на разузнавачки информации не е прекината 2026
  • Трамп најави интензивни истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд 2026
  • „Антропик“ предупредува дека моделите со вештачка интелигенција наскоро би можеле да се самореплицираат 2026
  • Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата 2026
  • Граѓаните сè уште не можат да се пријават онлајн за вакцина против грип 2026
  • Може да пропадне грант од половина милион евра за Југохром, се чека потпис од министерот за животна средина, Хоџа 2026
  • Остануваат истите цени за литар бензин и дизел 2026
  • Нон-пејпер на Австрија, Чешка и Словачка: Билатерални спорови да се решаваат меѓу земјите, без да се кочи пристапот кон ЕУ 2026
  • Груби денеска излегува од куќен притвор, се чека одлука за враќање на пасошот 2026
  • Норвешка светски лидер, бројот на електрични возила во ЕУ во пораст, а во Македонија под 1 отсто 2026
  • АНАЛИЗА: Се заострија условите за кредитирање, покус рок на отплата, повисока рата, задолженоста во банките над 9,6 милијарди евра 2026
  • Нови амандмани за законот за животна средина, екологистите бараат заштитата да не остане на хартија 2026
  • Лишен од слобода дрвокрадец во тетовско, без возачка дозвола управувал возило и превезувал огревно дрво без документација 2026

    Контактирајте нè

    За што си заинтересиран?





    • За Нас – агенция за разследваща журналистика ЮСТИЦИЯ – Бургас, България
    • Рекламирайте с ЮСТИЦИЯ
    • Прозрачно управление
    • Докладване на проблем
    • Условия за ползване
    • Защита на данните
    • Правила на форума
    • Политика за бисквитките
    • Екип
    • Помощ
    • Карта на сайта
    • Статистика
    • Реклама
    • Контакти
    • Етичен кодекс на българските медии
    • RSS емисия
    • Често задавани въпроси (FAQ)
    • Задайте въпрос във форума
    • Вестник “ЮСТИЦИЯ”
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski

    © 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

    No Result
    View All Result
    • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
    • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
    • Рекламирајте се кај нас
    • Вестник “ПРАВДА”
    • Вести за 2025 година
    • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
    • Новости из Болгарии
    • Світові новини
    • Політика
    • Истраги
    • Анализи
    • Развој на веб-страници
    • SEO Оптимизација за пребарувачи
    • Веб дизајн
    • Фитнес и велнес
    • Прашања
    • македонски јазик
      • العربية
      • Dansk
      • Deutsch
      • Ελληνικά
      • English
      • български
      • Čeština
      • Español
      • Français
      • עברית
      • Hrvatski
      • Magyar
      • Italiano
      • Lietuviškai
      • Latviešu valoda
      • македонски јазик
      • Norsk Bokmål
      • Nederlands
      • Polski
      • Português
      • Română
      • Русский
      • Slovenčina
      • Slovenščina
      • Српски језик
      • Svenska
      • Türkçe
      • Українська
      • 日本語
      • ไทย
      • فارسی
      • 中文 (中国)
      • Беларуская мова
      • Deutsch Austria
      • Deutsch Switzerland
      • shqiperia
      • English USA
      • Bosanski

    © 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

    Оваа веб-страница користи колачиња. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате со користењето на колачиња. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност и колачиња.