
Неусогласен износ на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, прекини на струја и вода во студентските домови, доцнење на стипендиите, скап меѓуградски превоз и неправилности при полагањето испити се само дел од проблемите со кои се соочуваат студентите во земјава. За шест месеци, преку независната студентска платформа „Студентарија“ биле доставени над 700 пријави, а повеќе од 1.200 студенти дополнително гласале за пријавените проблеми. Овие податоци беа презентирани на денешната прес-конференција на која претставници на платформата ги соопштија клучните наоди и препораки од проектот „Дигитален студентски глас“.
Како што посочи Ана Шоповска од „Студентарија“, студентскиот стандард не подразбира само финансиска поддршка и услови за студирање, туку и навремено информирање и функционална комуникација со институциите.
„Студентите бараат информации преку социјалните мрежи. Од сите пријави добиваме појасна слика за проблемите. Студентскиот стандард е и прашање дали студентот ќе добие одредена информација и дали институциите ќе му одговорат навреме“, посочи Шоповска.
Гоше Николов, пак, објасни дека при анализата на пријавите не се воделе само од бројот на поплаки туку и од природата на проблемите и институционалните пречки со кои се соочуваат студентите. Анализата покажала шест области во кои проблемите се највидливи, а меѓу најчесто пријавуваните е субвенционираниот студентски оброк. Иако износот на оброкот изнесува 140 денари дневно, тој не е зголемен ниту еднаш од 2023 година и покрај законската обврска за негово усогласување со инфлацијата, тврдат од платформата.
„Студентите добиваат иста поддршка од државата, но она што можеле да го купат со тие пари во 2023 година, денес можат само да го сонуваат. Тие не бараат ништо повеќе од тоа да се почитува законот“, вели Николов. Според него, дополнителен проблем е прекинувањето на правото на субвенциониран оброк поради ненавремено доставување податоци од факултетите до Министерството за образование и наука (МОН).
„Лани секој месец на стотици студенти им беше прекинувано правото на оброк не по нивна вина. Факултетите не ги доставуваа навреме потребните податоци, па студентите остануваа без финансиската поддршка по еден или два месеца поради туѓ пропуст“, рече Николов.
Меѓу пријавените проблеми од студентите се студентските домови. Станарите рекле дека се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, вода и греење.
„Не зборуваме за тоа дали собите се модерни или комфорни. Зборуваме за основни услови за живот, вода, струја и греење. Во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, станарите среде зима останаа без струја повеќе од 30 часа, и тоа за време на испитна сесија. Не можеа да учат, да се тушираат, а наместо свежа добиваа добиваа конзервирана храна“, посочи Николов.
Студентите пријавувале и недостиг од транспарентност при приемот во студентските домови. Иако МОН ги објавува списоците на примени студенти, не ги наведува освоените бодови, што, според претставниците на „Студентарија“, е спротивно на предвиденото во правилникот и отвора сомнежи во начинот на распределба на местата.
Доцнењето на стипендиите е уште еден проблем за кој студентите доставувале пријави. Освен ненавременото објавување на резултатите од конкурсите, тие се жалат и на задоцнетата исплата. Според презентираните информации, стипендиите за претходната академска година на студентите им биле исплатени дури во август, кога веќе ги завршиле академските обврски.
Во однос на превозот, најголем дел од поплаките се однесувале на зголемените цени на меѓуградскиот транспорт и недостигот од поволности за студентите. Посебно чувствителни се и пријавите поврзани со односот на професорите кон студентите, начинот на спроведување на испитите и критериумите за оценување.
„Студентите пријавуваат нејасни критериуми за оценување, испитни прашања што не биле опфатени со материјалот за подготовка, но и фаворизирање одредени студенти. Кога ќе ги ставиме сите овие области заедно, доаѓаме до заеднички заклучок, правото постои на хартија, институциите постојат, но решенија за студентските проблеми нема“, истакна Николов.
Александар Николовски од платформата ги презентираше препораките за надминување на проблемите, меѓу кои е и итно усогласување на износот на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата.
„Потребно е да се воведе бесплатен превоз градски. Студентите во Охрид, Прилеп, Тетово, немаат такво право. Во однос на меѓуградскиот превоз, потребно е конечно Министерството за транспорт и врски, заедно со МОН да ја исполнат обврската од Националната стратегија за млади во која е наведено дека за студентите и средношколците ќе има обезбеден превоз. Свесни сме дека железнички превоз речиси и да немаме. Потребна е и поголема транспаретност при прием во студентски домови. Меѓу препораките е и поголема транспарентност во постапките за прием во студентските домови, преку јавно објавување на освоените бодови, со што студентите би имале увид во начинот на рангирање и распределба на местата“, кажа Николовски.
„Дигитален студентски глас“ е проект што е поддржан преку грантовата шема Digital Spark, во рамките на Regional Support Mechanism EECA, кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative (DDI). Дигиталната платформа овозможила студентите да ги наведат проблемите со кои се соочуваат. Следниот чекор, според препораките, е надлежните институции да преземат конкретни мерки, да ги подобрат постапките и транспарентно да известуваат за решавањето на пријавените проблеми.
Студентските протести во Србија се лекција за Македонија
Она што во моментов го гледаме во Србија е силен пример за тоа колкаво влијание можат да имаат младите кога се организирани, истрајни и активно учествуваат во општествените процеси, кажа Гоше Николов одговарајќи на новинарско прашање по вчерашната победа на Студентската листа – Студентите победуваат, на вчерашните вонредни парламентарни избори во Србија.
„Ако нешто можеме да извлечеме како поука за Македонија, тоа не е дека треба да копираме нечиј модел на протест или политичко организирање. Поуката е дека студентите треба да бидат активни, информирани и организирани, да бараат одговорност и да ги користат сите демократски механизми што им стојат на располагање“, кажа Николов.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-26 12:20:17
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

