Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) за 2024 година, при што констатирал сериозни слабости и неправилности во работењето
Ревизијата се однесува на финансиските извештаи на институцијата, која работи преку 637 сметки, а во извештајот се наведува дека утврдените состојби укажуваат на потреба од подобрување на финансиското управување и организацијата на инспекциските активности.
Еден од клучните наоди на ревизорите се однесува на начинот на кој институцијата го спроведува пописот на средствата и нивните извори. Во извештајот се констатира и дека не била направена процена на реалната вредност на дел од имотот со кој располага институцијата.
„Не е извршена процена на пазарната вредност на градежните објекти“, посочуваат ревизорите.
Овие недостатоци, според ревизијата, можат да влијаат врз реалното прикажување на вредноста на средствата во финансиските извештаи.
Ревизорите утврдиле слабости и во системот за пресметка и исплата на плати.
„Слабости се утврдени во процесот на пресметка и исплата на плата“, се наведува во документот.
Освен финансиското работење, ревизијата укажува и на проблеми во начинот на кој е организиран инспекцискиот надзор, особено во делот на урбанизмот.
„Утврден е несоодветен начин на организација на инспекцискиот надзор од областа на урбанизмот“, пишува во извештајот.
Ревизорите утврдиле и пропусти во известувањето за постапувањето по претставките и предлозите од граѓаните.
„Недоставени се шестмесечни извештаи за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите“, посочуваат ревизорите.
Ревизијата посочува и на проблем во управувањето со институцијата. Според извештајот, од 2018 година функцијата директор на инспекторатот ја извршуваат вршители на должност подолго од законски дозволениот рок.
„До моментот на вршење на ревизијата, функцијата на директор ја обавуваат вршители на должност назначени со Решенија31 од страна на Владата и тоа за периоди подолги од шест месеци, со што се создава ризик раководењето со ДИГУ да биде извршувано од страна на лица кои не ги исполнуваат законски дефинираните услови “, стои во извештајот.
Ревизорите укажуваат и на кадровски проблеми во институцијата, кои можат да влијаат на ефикасноста на инспекцискиот надзор.
„Согласно Правилникот за внатрешна организација, за вршење на дејноста од областа на урбанистичкото планирање, во рамки на Секторот за инспекциски надзор од областа на градежништвото и урбанизмот, формирано е Одделение за инспекциски надзор од областа на урбанизмот со систематизирани 8 работни места за инспектори, од кои во текот на 2024 година пополнети се само две“, вели извештајот.
Државниот завод за ревизија дал пет препораки за подобрување на работењето на институцијата, со цел надминување на утврдените слабости во финансиското управување, пописот на средствата и организацијата на инспекцискиот надзор.
Во документот се наведува и дека не биле доставени забелешки на ревизорскиот извештај.
Ревизорите очекуваат со спроведување на препораките да се подобрат финансиската дисциплина, организацијата на работата и ефикасноста на инспекциските контроли во областа на градежништвото и урбанизмот.
ДЗР констатирал слабости во начин на организација на инспекцискиот надзор од областа на урбанизмот 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-12 10:22:25 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

