
Со најновиот голем апдејт на Where Winds Meet играчите добија нова зона каде може да се претвараат буквално во ветер и да патуваат по зелени полиња и ливади, езерца и реки, магепсани шуми, диви пространства со преслапи и ридови каде слободно покрај елените и срните шетаат и крда коњи кои се посмирени од претходните зони и може лесно да се јаваат по избор во различни бои или шаренила од варијанти.
Пространството е одлично за лов на животни со лак и стрели -потребна активност за надградување на нивото на вашиот моментален арсенал на оружја, оклопи и накит. Повелете и погледнете го трејлерот за додатокот на играта:
Максималниот левел на ликовите е зголемен на левел 95 додека опремата од 85ти левел скокна на собирање нова опрема со 91ви левел, ова е така подесено при првото кревање 91 lvl да може веднаш да се користи новата опрема, и градуално и побавно се крева до 95 lvl во однос на претходните достигнувања на максимум левел (level cap).
Исто така во новата мапа има и локални заедници со неколку локации со „NPC“ карактери со Вештачка Интелигенција каде може да се прави риболов, помагајќи им на мештаните со секакви нови задачи (квестови) и активности меѓу кои и да ве учат нови боречки вештини преку спаринг. Во најновата зона на експанзијата Hexi (се чита „Хрши“ на кинески јазик), сосема нови главни за победување со потешки механики во борбите од кои најмарканти е „Лавот“, додека за „Sword Trial“ активностите со кои се групирате со други играчи- од главните што треба да ги победите прва е ставена „Wolf Maiden“ –еден од најтешките босеви во целата игра што го кочи брзото напредување и неможноста да се победи со „PUG (Pick Up Group)“- рандом група засега. Особено затоа што „Wolf Maiden“ –„Волчицата Дама“ по нејзино победување (според приказната не умира кога е победена и потоа ви ја поклонува волчјата маска –ако ја победите како „World Boss“. Преку „Sword Trial“ верзијата се добива можност да ви се падне рецепт за крафтање на новиот 91 Лак за стреличарење –рецепт е со само 3% шанса кога го конструирате и правите да испадне на „леџендари ниво“ –најдобрата варијанта со максимум статистики за лак и стрели.
Филозофијата на „Hexi“
Филозофијата околу експанзијата Hexi е повеќеслојна, но може и да се објасни на следниот начин што е лична моја перспектива за навлегување во смислата и структурата на содржините. Во Hexi првата зона беше пустина (што асоцира морален и етички и духовен пустош- но за разлика од тоа како христијанството го третира зборот „Пустина“ според фразата и максима “Сè што не е од Господ е лутање низ Пустина” –и оди контра на науката којашто вакво гледиште ја третира како бескорисна и алудира на одрекување на разумот како нешто што треба да се надмине „за да се верува“, во за жал имагинарни концепти.
Втората зона е снежна зона со сурова зима, каде е додаден одличен ефект облеката на ликовите да биде фатена од снег што константо врне во таа зона. Во поезијата секое годишно време симболизира различно нешто, на пример пролета е будење и нова сила, летото е зрело уживање на тие што знаат да не си го расипат убавото, есента е симбол за остарување и распаѓање со посебна зрелост и естетика, додека Зимата симболизира Смрт.
Третата зона личи на своевиден Рај, (иако веќе имаше „рајска стаза“ на крајот од првата кампања) сонцето бесконечно грее, ефектот на трчање низ природа и супер анимирани високи треви насекаде е одлично сработен. Но главната кампања на приказната сè уште не е отклучена, но има краток вовед на самиот почеток од новата зона, откако просто се телепортирате рачно во таа област или влегувате преку процепот „Dasan Pass“ во планината.
Првото што се случува е тоа што се среќава лик кој мисли дека вие сте познат писател и сликар што дошол „да го обои светот“ но за да тече дејството водичот е малку направен како да е луциден и мислел дека сте некој друг. Но една карактеристика ја оддава новата зона –а тоа можноста да боите растенија и животни во различни бои, како тоа да е свет што може да го обликувате само вие- што е алегорија за задгробен живот којшто воопшто не се разликува од претходниот, но се има повеќе моќ за креирање на сопствената реалност со волја-како во сон.
Исто како што во Старогрчката Митологија –нема „токму Пекол“, туку душите по смртта одат во Адот (Адот не е исто со Пекол дека таму одат по смртта сите души и е неутрална зона) и живеат како енергетски сенки на нивните духови засекогаш. Во наративите од антиката „симнувањето жив во адот на главен јунак“ како Одисеј од Илијада и Одисеја на Хомер или Ајнеј од „Ајнеида“ на Вергилиј- е често употребуван и присутен образец за раскажување приказни. Но сето ова е земено во предвид со идејата за несвесност за постоењето или рамките во кои е ликот.
Целата експанзија Hexi иако нуди три нови целосно еденолични геоцентристички зони: Пустина, Снежна зона и зона со Ливади и вегетација- во подконтекст е вметнато и гореспоменатото што се базира на идејата не само протагонистот е веќе одамна мртов, туку и вечно жив без да примети –и дека задгробниот живот само малку се разликува од оној во кој живееме низ објективна стварност и исто е со присутна константа закана од смрт и тотален крај во било кое постоење.
Христијаните имаат поговорка за сите азиски народи Кинезите, Корејците, Јапонците и Монголите и други–токму поради пораспространети верувањата во Таоизам и Будизам дека духовно се такви што „сакаат вечно да живеат на Земјата –а не да одат во Рајот.“-ова е поради поголемата стапка на долговечност кај азијатите, односно генерално имаат поздрав и подолг живот и нормално не живеат вечно туку умираат како сите луѓе. Но сето ова е со симболично и преносно значење како филозофија –бидејќи во Кина на државно ниво се пропагира и моментално повеќето луѓе практикуваат таканаречен „Антитеизам“ што е гледиште во средината измеѓу на условно кажано нормален атеизам и таканаречен „милитантен атеизам“.
Сепак во играта Where Winds Meet содржински и структурално може да видно да се забележат гореспоменатите дискурси обработени во видеоигра со навистина длабока приказна, нанижана и со неверојатно добри споредни приказни.
Ако имавте потешкотии да разберете дел од гејмерските фрази, ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за гејмерска терминологија, каде сè спомнато како „кованици од зборови“ од играчи ширум светот и околу играта е детално објаснето и толкувано на македонски јазик.
Where Winds Meet е прекрасна видеоигра која е револуционерна во својот жарн и во доменот на „Wuxia“( народна херојска фантастика од Кина) приказните и во доменот на „MMORGP“ мрежните игри. Играта е сосема бесплатна и може да се игра и на конзоли и на компјутери и на мобилни телефони –дури ако ви се врзани акаунтите има „cross platform“ опција истиот лик да си го играте на било кој од гореспоменатите уреди.
Нов голем апдејт во „Where Winds Meet“ и филозофијата на „Hexi“ 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-04 07:42:34 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


