
Оригиналниот мировен договор од 1913 година не содржи тајна клаузула; не споменува независна Македонија по 100 години; не содржи никаква одредба поврзана со името „Македонија“ во иднина. Дополнително, самиот текст на фотографијата користи современ македонски стандарден јазик, кој не постоел во времето кога договорот бил потпишан, што претставува јасен анахронизам и силен доказ дека станува збор за современ фалсификат, пишува Вистиномер.
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
ШТО УБАВ ДОКУМЕНТ. И сега курвинска педерска Европа дали знае да чита
Објавата споделува фотографија од наводен документ со наслов „Договор од Букурешт за поделбата на Македонија“, датиран на 10/23 август 1913 година, во кој, покрај описот на поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија, се наоѓа и наводна „Дополнителна и тајна клаузула“.
Во неа се тврди дека доколку „по истекот на 100 години“ дел од Македонија стане независна држава и го задржи името „Македонија“, тогаш потписничките на договорот ќе се обврзат да работат на повторно воспоставување на територијалното единство или на компензација за изгубените територии.
Проверката покажува дека ваков документ не постои во историските архиви, а фотографијата претставува современ фалсификат.
Мировниот договор од Букурешт е потпишан на 10 август (28 јули според стариот календар) 1913 година, со што формално завршува Втората балканска војна. Потписници се Романија, Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија.
Текстот на договорот е достапен во повеќе архивски и научни изданија. Во него се регулираат: воспоставувањето мир меѓу државите; новите државни граници; територијалните отстапки; финансиските и административните прашања; процедурата за ратификација.
Ниту еден член од оригиналниот договор не содржи „дополнителна“ или „тајна клаузула“ што се однесува на идна независна Македонија или на нејзиното име.
Оригинални примероци од договорот денес се чуваат во државни архиви и се дигитализирани.
На пример, бугарските државни архиви имаат објавени скенирани страници од оригиналниот договор; Државниот архив на Македонија има објавено Ројтерова телеграма со текстот на договорот од 1913 година

Во ниту еден од овие архивски документи не постои текст што одговара на „член 21“ или наводната „Дополнителна и тајна клаузула“ што се гледа на фотографијата. Договорот завршува со потписите на делегациите и ратификациските одредби.
Најочигледниот показател дека станува збор за фалсификат изработка на документот е јазикот на кој е наводно истиот напишан.
Документот е напишан на современ стандарден македонски јазик, со денешен правопис и граматика.
Меѓутоа, во 1913 година не постоел кодифициран македонски литературен јазик; стандардизацијата на македонскиот јазик е извршена дури во 1945 година, по одлуките на АСНОМ. Затоа е историски невозможно официјален меѓудржавен договор од 1913 година да биде составен токму на современиот македонски литературен јазик.
Особено впечатлива е реченицата според која: „Ако по истекот на 100 години…“
Овој текст практично предвидува настан што би се случил околу 2013 година, односно цел век подоцна.
Во меѓународната дипломатска практика од почетокот на XX век вакви формулации не се користеле, уште помалку како „тајна клаузула“ која однапред предвидува создавање нова држава со конкретно име.
Историчарите и архивските извори не познаваат ваков документ, ниту пак ваква одредба се споменува во дипломатската преписка поврзана со Букурешкиот мировен договор.
Да постоела ваква клаузула, таа би оставила трага во националните архиви на земјите потписнички; дипломатските архиви на големите сили; историските монографии за Балканските војни; научната литература што детално го анализира Договорот од Букурешт.
Наместо тоа, единственото место каде што се појавува е како фотографија што кружи по социјалните мрежи, без архивски фонд, инвентарен број, оригинал или проверливо потекло.
Наводниот документ што се споделува како „Договор од Букурешт за поделбата на Македонија“ со „дополнителна и тајна клаузула“ не е автентичен историски документ.
Оригиналниот мировен договор од 1913 година не содржи тајна клаузула; не споменува независна Македонија по 100 години; не содржи никаква одредба поврзана со името „Македонија“ во иднина.
Дополнително, самиот текст на фотографијата користи современ македонски стандарден јазик, кој не постоел во времето кога договорот бил потпишан, што претставува јасен анахронизам и силен доказ дека станува збор за современ фалсификат.
Поради сето ова, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.
Не постои „тајна клаузула“ во Договорот од Букурешт од 1913 година 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-08-13 12:53:20 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


