• News
  • Investigations
  • Online Store IUSTITIA
  • Real Estate agency
  • Petar Nizamov
  • Fitness & Wellness coach
  • Food Delivery
  • Charcoal retail
  • Firewood Wholesale
  • Charcoal Wholesale
  • Web Development agency
ar العربية dk Dansk de Deutsch gr Ελληνικά en English bg български cz Čeština es Español fr Français il עברית hr Hrvatski hu Magyar it Italiano lt Lietuviškai lv Latviešu valoda mk македонски јазик no Norsk Bokmål nl Nederlands pl Polski pt Português ro Română ru Русский sk Slovenčina si Slovenščina sr Српски језик se Svenska tr Türkçe ua Українська japan 日本語 thai ไทย iran فارسی china 中文 (中国) belarus Беларуская мова osterreich Deutsch Austria schweiz Deutsch Switzerland shqiperia shqiperia usa English USA bih Bosanski
Tuesday, November 17, 2026
Лого за веб-страница посветена на истражувачко новинарство и длабински написи на теми од јавен интерес
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
Лого на медиумска организација специјализирана за истражувачко новинарство, која објавува статии, анализи и документарни материјали од јавен интерес
No Result
View All Result

Од Смедеревката, преку Рама на чело на НАТО до хеликоптерот на Цеца – на Балканот ѓаволот ја однел шегата 2025

SEO SEO by SEO SEO
December 5, 2025
in Анализи, Вести за 2025 година, Македонија денес | Вести од Северна Македонија, Політика, Світові новини
0
Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025

Од Смедеревката, преку Рама на чело на НАТО до хеликоптерот на Цеца – на Балканот ѓаволот ја однел шегата

Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media
Facebook X LinkedIn Reddit Telegram WhatsApp Email Print

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстицияКога поголемиот дел од медиумите во Македонија објавија дека  Смедеревка од Балканот од половина евро во Франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се посомнева во прказната. Не е ни прв, ни вторпат, локалните ресурси да бидат поуспешно искористени од странски компании. Веднаш тргнаа дискусиите за ајварот, алшарот…

Съдържание :

Toggle
  • Ненамерен школски пример за манипулација со информации
  • Првоаприлските шеги како традиција: Кинескиот хеликоптер на Цеца и црногорската економска програма
  • Рама на чело на НАТО, шегобиецот на клада
  • Ловење на емоционални „јадици“
  • Покрај содржините, се копираат и техниките
  • Лажат странци, ама лажат и наши

Инаку веста на онлајн винскиот магазин „Вино и фино“ од Србија прво ја пренесоа неколку српски медиуми, но македонските медиуми веднаш масовно ја прифатија и разгласија.

Грмнаа наслови:

„Скандал во Франција: македонска смедеревка продавана како бургундско вино за 250 евра по литар!“, „Француски вински скандал – македонска смедеревка продавана како премиум вино од Бургундија“, „Французите продавале македонско вино како свое“, „Француски вина се полнеле со македонска смедеревка од Мрзенци“, „Европол: македонска смедеревка се продавала како француско вино“, „Кај газда Ѓоко во Мрзенци е 0,5 евра, а истото вино во Франција 250 евра“… Но и поумерени, како „Смедеревка како добра алтернатива за француски вина продавана за 250 евра.

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd 5 iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстиция
Принтскрин од еден од насловите во македонските медиуми за македонската смедеревка во бургундија

Текстот изобилуваше со детали. Од истрага на Европол, до изјави на „газда Ѓоко од Мрзенци“, чие вино „стасало до Бургундија“, и француски енолог кој нашироко ги опишува својствата на двете поднебја и соодветните вина. Од возбуда, медиумите не обрнаа многу внимание на деталите. Ниту на правилниот изговор на „шаблис“(шабли) и „монтрашет“(монтраше), ниту на името на енологот – Теле Репомаше, кого оние посигурните во својот француски изговор, го транскрибираа како Теле Репомаш. Ни на крај на памет не им падна дека името се изговара како што е напишано. Токму како српската фраза „теле-репом-маше“, односно: теле мавта со опаш. Не забележаа ни друг важен детаљ – датумот: први април.

Додека „Вино и фино“ попладнето културно објави дека текстот е првоаприлска шега, „скандалот“ веќе го пренесоа безмалку сите македонски – пред сè онлајн – медиуми. Најголем дел со сосема идентичен наслов, добар дел со идентичен текст, но ниеден со проверка на наводите на српскиот медиум.

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd 6 iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстиция
Принтскрин од текстот на српскиот портал „вино и фино“ каде обелоденуваат дека станува збор за шега

Ненамерен школски пример за манипулација со информации

Иако е првоаприлска шега, и тоа мајсторска, елементите кои ги содржи и механизмот по кој се пренесе и стана вирална приказната за Смедеревката, ненамерно, е школски пример за манипулација со информации.

Изненадувачки наслов, провокативна тема и емоционални јадици ја прават приказната неодолива за публиката, но и за медиумите кои, немајќи време, капацитети или доволно професионалност да ја проверат, само ја пренесуваат понатаму. Така, приказната се шири спонтано, и без потреба од некакви посебни канали за дистрибуција на дезинформации. Згора на тоа, различни медиуми нагласуваат различни аспекти од приказната и со тоа и даваат одреден „спин“, или агол на гледање. Така, медиумите природно се групираат – од медиуми кои прецизно, но несреќно пренеле лажна вест, преку групи медиуми со блиска сопственост, идеологија или политика кои и дале ним својствен агол, до такви кои, на крај, едноставно препишуваат од збор до збор. Ширењето особено се засилува преку социјалните мрежи, каде што корисниците, за разлика од медиумите, немаат обврска да ја проверат веста пред да ја споделат.

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd 2 iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстиция
Сеад џигал, фото: ванчо џамбаски

„Оваа вест се надоврзува на прифатен наратив дека Македонија, иако е географски мала земја, има богата традиција на вкусна храна и пијалаци со светски квалитет. Вакви вести не познаваат граници бидејќи се потенцијално вирални и често се објавуваат на таблоидните медиуми. Тие често објавуваат сензационални и провокативни содржини кои целат да привлечат внимание и кои користат разни техники за вирализација на информациите, како што се кликбејт наслови, поларизирачки стории, сензационалистички теми и настани, и сл. Во Македонија сѐ уште е силно влијанието на онлајн медиумите од регионот и тие лесно се прелеваат од една во друга јазична сфера, а најчесто од Србија, Хрватска, Бугарија и Албанија“, објаснува универзитетскиот професор Сеад Џигал, комуниколог.

И за нејзиното, како и за ширење на дезинформации при, како што денес е нарекува, странско мешање и манипулрање со информации (СММИ), главна причина се ниските професионални стандарди, ниската медиумска писменост, но и наративот дизајниран да предизвика силни емоции, како и користењето поларизирачки теми, нагласува професорот. Дезинформациите се шират преку кластери медиуми за таблоидни и пропагандни содржини, а лесно се прелеваат регионално поради силното влијание.

„Овие забавни и навидум безопасни дезинформации се доста чести и се јавуваат периодично зависно од контекстот на настаните.  Познати се многу примери, како лажни наградни игри, вести за славните личности, лажни лекови, препораки мотивирани од суеверија, или сензационални вести како на пример бегството на лавот од зоолошката градина во Битола пред неколку години“, вели комуникологот Сеад Џигал, универзитетски професор.

Несомнено, приказната за смедеревката е замислена како безопасна шега и без „малициозна“ намера. Но, дури и како таква, таа добива сензационалистички, па дури и политички „спин“ (извртување) во различни медиуми кои ја пренесуваат.

Овие „извртувања“ се уште понагласени во други првоаприлски шеги во регионот кои, за разлика од „Смедеревката“, добија и политички реакции – токму она што е целта на секоја кампања на мешање и манипулација со информации. Грст такви шеретлаци стасаа дотаму да добијат стотици медиумски објави и несомнено милионска публика.

Првоаприлските шеги како традиција: Кинескиот хеликоптер на Цеца и црногорската економска програма

Првоаприлските шеги некогаш беа редовен ритуал во медиумите во регионот. Денес, подгорички „Вијести“ е еден од ретките кои ја негуваат оваа традиција, а често измамува и сериозни реакции – од јавноста, од политичари, но и од државни органи во Црна Гора, но и во регионот.

Во 2011 година, на пример, во првата година на постоење на интернет-изданието вијести.ме, објавија дека Цеца Ражњатовиќ, против која се водеше судски процес во Србија, бара црногорско државjанство. Медиумот најави дека Цеца од Љубљана со кинески хеликоптер ќе дојде на аеродромот во Тиват. Постот, објавен во два по полноќ на први април, од авторот П. Травањ (травањ=тревен=април) до утрото веќе измами повеќе од 5.000 реакции – од луѓе кои од револт „се селеа“ во странство, политичари кои се закануваа со испис од државјанство, до дописници кои на тиватскиот аеродром се подготвуваа да го пречекаат цециниот лет. Пред „Вијести“ да успее да објави дека текстот е традиционалната првоаприлска шега, српските медиуми зедоа изјава од нивниот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а црногорското МВР со соопштение изрази револт од „исмејувањето“ на властите кои издаваат лични документи, но и на граѓаните.

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd 7 iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстиция
Принтскрин од написот на вјиести за цеца и нејзиното црногорско државјанство

Лани, пак, „Вијести“ ја изведе својата можеби најуспешната првоаприлска шега досега. Објавата дека Србија и Босна и Херцеговина „побарале да ја препишат“ црногорската економска програма „Европа сега“ измами повеќе од 63.000 прегледи на сајтот на подгоричкиот медиум, околу 430 реакции и повеќе од 100 коментари. Но, вистинскиот одѕив беше далеку поголем.

Вториот текст, со кој Вијести објави „априлилили…“ за шегата, имаше речиси 45.000 прегледи само на сајтот на весникот.

Во текстот, „извор кој учествувал во преговорите“ раскажува дека српскиот претседател Александар Вучиќ од министерот за финансии Синиша Мали и од премиерот Милош Вучевиќ побарал „препишувањето“ да остане тајна, а проектот да добие ново име,  за да не асоцира на црногорскиот. Ако сепак се поврзе, мајсторски раскажува текстот, Вучиќ наредил министрите да тврдат дека Црна Гора препишала од нив и дека српската програма е „побрза, подобра и поголема“. Претседателот наредил и Србија да ја спроведе програмата пред да биде усвоена во Босна, за да тврдат дека Босанците препишале од нив. И, додал Вучиќ, српската плата да биде барем за десет евра поголема.

Како и приказната за Смедеревката, и текстот за економската програма изобилува со детали, што му дава веродостојност, цитира изјави и наведува институции, што му дава кредибилитет, автентичност и авторитет.

Најважно, објавата  си поигрува со националната гордост – кај едните ја поттикнува, а кај другите ја предизвикува. Токму ова и предизвика најбурни реакции.

Веднаш реагираше Синиша Мали, а српските провладини медиуми речиси истовремено го пренесоа. Во долгиот пост на фејсбук, Мали даде опширен опис за мерките и програмите на српската влада и резултатите со кои, според него, Србија е „далеку пред сите во регионот, заедно“. Речиси како во текстот на „Вијести“.

Но, не сите шеги се успешни. Некои остануваат на полунасмевка, како несмасната шега на српски таблоид со твдењето дека БиХ забранила бурек со сирење. Во Хрватска, пак, владата и ХДЗ му замерија на порталот „Пензија“ (mirovina.hr) за шегата со укинатиот бонус за пензионери. Некои, пак се несолени шеги, како онаа за поставена бомба, испразни три училишта во Бихаќ, Босна и Херцеговина.

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd 8 iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстиция
Принтскрин од напис на српски „ало“ дека босна го забранила бурекот со сирење

Рама на чело на НАТО, шегобиецот на клада

Веројатно ниедна скорешна првоаприлска шега немала толкав ефект како објавата дека Еди Рама ќе биде генерален секретар на НАТО.

Едвај два часа по полноќ, на први април 2022, корисничката Сузана Старкив на „Х“ твитна:

„Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг како генерален секретар на НАТО. Се вели дека САД особено инсистирале следниот генерален секретар да се избере од новите членки на НАТО. Кандидати биле естонската премиерка Катја Калас и албанскиот премиер Еди Рама. Кој ќе биде следен премиер на Албанија?“ (Каја Калас, денес висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, н.з.)

Во следните 24 часа, објавата стана школски пример за манипулација со информации и ги штиклираше сите полиња на списокот: од објава на социјални мрежи, преку „перење“ на веста и градење, односно уривање, кредибилитет на изворот. Твитот беспрекорно и кристално јасно ја покажа непрофесионалноста и пристрастноста на медиумите и нивната, но и поларизацијата на општеството, и локално и во регионот.

„Германската аналитичарка, академик и истражувач Сузана Стариков тврди дека Еди Рама е следниот генерален секретар на НАТО по Јенс Столтенберг“, веќе утрото осамна насловот во неколку тирански медиуми.

„О.К. народе, ова, се разбира, е првоаприлска шега (се разбира!). Ова не би го ни објаснувала, но морам, зашто некои медиуми на албански јазик го објавиле твитот без воопшто да проверат – во своите вести дури ја пренеле и мојата печатна грешка во името на естонската премиерка“, твитна повторно Сузана.

Но, веќе беше предоцна. Веста надалеку ја пренесоа десетици медиуми на албански јазик. Ги мина границите и се прелеа во Косово, но и во Македонија и во Србија. Додека Стариков се обидуваше да ги коригира медиумите на албански јазик, „веста“ почнаа да ја пренесуваат и медиумите на српски јазик од регионот. До крајот на денот, „веста“ ја преземаа и македонски медиуми.

Гледајќи дека Балканот ја однел шегата, несудената шегобијка продолжи да твита дека само се шегувала и дека медиумите не смеат да пренесуваат тврдења без да ги проверат, но попусто. „Веста“ за Едиевото место на чело на НАТО, поддржано од Американците, веќе беше во десетици медиуми на три јазика во регионот, видена неколку стотини илјади пати, со илјадници споделувања и стотици коментари.

Во меѓувреме, некои од читателите на албанските медиуми почнаа да оставаат коментари дека авторката, всушност, е Сузана Скендери, преведувачка од Тирана мажена во Германија.

Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 d0bed0b4 d181d0bcd0b5d0b4d0b5d180d0b5d0b2d0bad0b0d182d0b0 d0bfd180d0b5d0bad183 d180d0b0d0bcd0b0 d0bdd0b0 d187d0b5d0bbd0be d0bdd0b0 d0bd 9 iustitia. Bg кога поголемиот дел од медиумите во македонија објавија дека  смедеревка од балканот од половина евро во франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се... Од смедеревката, преку рама на чело на нато до хеликоптерот на цеца – на балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 2025-12-05 10:59:58 правда - юстиция
Принскрин од напис за еди рама на српски јазик

Додека на Балканот пламтеше огнот од искрата на Сузана, медиумите на албански јазик почнаа различно да го квалификуваат изворот. Уште од почетокот, медиумите на албански јазик се профилираа: опишувајќи го изворот, едните ја користеа фразата „познатата германска аналитичарка, академик и истражувач“, а другите „преведувачка од Германија“. На крајот на денот, пак, кога конечно прифатија дека се шегувала, сите здружно ја нападнаа за ширење лажни вести.

И Македонија одвреме-навреме сведочи за дезинформации кои потекнале од социјалните мрежи и добиле одѕив во медиумите. Во февруари 2022 година во Битола се појави шега дека лав избегал од зоолошката градина. Неколку дена беше главна тема меѓу битолчани, додека состојбата не ја разјаснија полицијата и локалните власти.

Ловење на емоционални „јадици“

Што им е заедничко на сиве овие приказни и зошто станале вирални? Прво е темата, која треба да предизвика изненадување и интерес, но и да биде поларизирачка, односно да има емоционални „јадици“ на кои ќе се „закачи“ читателот – да задира во националната гордост, културата, традицијата или друга вредност блиска до публиката на која и е наменета. Најчесто, на истите „јадици“ се закачуваат и наголем дел од медиумите кои потоа „бесплатно“ ја пренесуваат уште пошороко – втор елемент во механизмот на ширење. Покрај спонтано „закачените“ медиуми, дезинформацијата, со сопствен агол, понатаму ја шират кластери политички, економски или идеолошки блиски медиуми, кои се трет елемент во низата, и четвртиот, корисниците на социјалните мрежи. Петти елемент во приказната се читателите, особено оние со ниска култура на информаирање, или „медиумска писменост“, кои и гладно ја „лапаат“ приказната, и сесрдно ја споделуваат.

Дезинформациите се едноставни, емоционални и често користат стилски фигури за нагласување на пораката. Содржат „емоционална јадица“ која „лови“ на етнички, политички, историски или културни чувства, нагласува анализата „Странско мешање и манипулирање со информации“. Често се пласираат од еден центар (Белград, Тирана), и се прелеваат во регионот-локалните медиуми ги преземаат без проверка, поради ограничени ресурси и капацитети. Најголем извор на дезинформации и СММИ се онлајн медиумите и социјалните мрежи, засилени со т.н. „ботови“ и координирани активности за искористување на алгоритамот. Многу онлајн медиуми се анонимни и сензационалистички, а политичката пристрасност, поларизацијата и ниската медиумска писменост во општеството ја зголемува ранливоста и овозможува ширење на СММИ. Граѓаните мислат дека знаат да препознаат медиумски невистини, но многу мал дел проверуваат. Први на удар се локалните заедници, поради етнички, политички и културни разлики. Македонскиот медиумски систем подложен на економски и политички влијанија, без силни регулаторни механизми, а недовербата во институциите и политичка поларизација ја зголемуваат подложност на влијание.

„Дезинформациите се формулирани на едноставен и емотивен начин, што ги прави подостапни и влијателни за широката јавност. Тие артикулираат емоции, будат емпатија, атакуваат вредности, подриваат доверба, често се стилски добро обликувани со хиперболи, несоодветни компарации, занемаруваат клучни моменти што може да му дадат поинаков тек на нивниот аргумент-теза и нагласуваат проблематични аспекти што им служат на нивните цели“, нагласува студијата.

Но, имаат и уште еден, суштински елемент – т.н. емоционална „јадица“: „Дури и кога нема директна врска, имплицираат на етнички прашања, политички разочарувања и историски проблематични теми“ се вели во анализата.

И оваа анализа го нагласува силното меѓусебно влијание на земјите во регионот и прелевањето дезинформации.

Од дваесетина консултирани студии од регионот, кои го истражуваат проблемот на дезинформациите, една го објаснува особено кусо и прецизно – аналитичкиот извештај за  Центарот за информации, демократија и граѓанство на Американскиот универзитет во Бугарија Работна група за дезинформации во Албанија. Иако е фокусиран на состојбата во Албанија, елементите, техниките и механизмите кои ги опишува се универзални за регионот.

Групата идентификува низа елементи во пренесувањето дезинформации. Јазичните обрасци („лингвистички патерни“) ги претставуваат работите преку двополарни спротивставености (биполарна опозиција), која го слика светот во јасни спротивставени двојности: добри-лоши, наши-нивни, патриоти-предавници, демократи-антидемократи, Исток-Запад. Овој реторички уред треба да ги поларизира и поедностави сложените теми, не оставајќи место за сомнеж.

Друг елемент е будењето емоции (емоционален тригеринг). Меѓу техниките е постојано, повторено заплашување, но и „рамки за разгневување“, односно наводи наменети да предизвикаат бес кон одредени групи – политичари, етнички групи, мигранти, странци…

Ефикасни техники се и персонализација, кога се наведуваат измислени сведоштва, како и анегдотски „докази“, наместо научни или статистички податоци. За да добијат интимност, или уште погоема персонализација , приказните се плетат околу обичниот граѓанин.

На крај, се применува заговорничка логика и неповрзани настани се поврзуваат во уверливи ама неточни приказни , најчесто за скриени, моќни структури кои ги контролираат нештата.

Буквално секој од овие елементи, секако, од други побуди, е присутен во приказната за Смедеревката. Од спротивставеноста меѓу Западот и Балканот, преку гневот поради економската експлоатација на вино од половина евро кое го продаваат за 250, личи сведоштва од газда Ѓоко-обичниот граѓанин и енологот, до докази со истрага на Европол.

Последна, но не помалку важна карактеристика на дезинформациите е високата прилагодливот на приказната и нејзината еволуција во текот на „прераскажувањето“, пат кој го мина и „Смедеревката“.

„Дезинформациските актери брзо го прилагодуваат јазикот и наративот на актуелните настани“, се наведува во анализата, „а јазикот се прилагодува да се вклопи во стилските норми на секоја од платформите на кои што мигрира приказната“ – од мемиња на ТикТок, преку долги дебати на Фејсбук, псевдо-академски дискурси на Телеграм…

Последен елемент е локализацијата, кога глобалните дезинформациски мотици систематски се прилагодуваат за одредено поднебје преку неговите специфични културни кодови, лингвистички референци и историски аналогии.

Покрај содржините, се копираат и техниките

Сите овие елементи и тактики, како и целиот механизам за ширење на дезинформации речиси редовно се забележуваат во пријавените случаи на дезинформации во регионот.

Во Албанија, организациите „Фактоје“  (Faktoje) и „СЕЕ Чек“ (SEE Check) во 2024 година забележаа повеќе од илјада случаи на лажни или манипулативни визуелни објави на Instagram, меѓу кои и вирални видеа што лажно тврдеа дека Европската Унија ги забранила албанските производи. Овие содржини ја користат истата емоционална реторика како и претходните – се повикуваат на национална гордост и обесправеност, без основна проверка на фактите. Механизмот и техиките одлично ги опишува Работната група за дезинформации во Албанија, која заклучува и дека централизацијата на медиуми во Тирана остава вакуум во остатокот на земјата, идеолошката сопственост на групи медиуми овозмоќува непречено ширење пристрасни и наведувачки содржини, а медиумите, генерално, служат како засилувачи на пораките на политичките партии или за ширење „кликбејт“ содржини. Платформата „Тик-ток“ се наведува како „критичен вектор“ за ширење дезинформации, особено меѓу младите, но владината кампања да го укине се оценува како недемократска. Важна улога, според Групата, играат и инлуенсерите, забавувачите, псевдо-експертите, но и Фејсбук групите и апликациите за пораки. Меѓу постојните теми за дезинформации, пак, се теориите на заговор за Ковид-19 и здравствени теми, теории поврзани со Сорос, војната во Украина, интеграцијата во Европската унија…

Во Босна и Херцеговина, платформата „Раскринкавање“ (Raskrinkavanje)  анализираше повеќе од 3.700 вести и утврди дека голем дел од етнонационалистичките дезинформации започнуваат како шеги или мемиња, кои потоа се претвораат во „вистински“ вести на локални онлајн медиуми. „Раскринкавање“ има и посебна рубрика за сатира, и обработува дезинформации кои се „на работ на умот“, како приказната за човекот кој се идентификувал како елен, па го застрелале ловџии. Платформата им посвeтува особено внимание на социјалните мрежи. „Раскринкавање“ досега анализирал повеќе од 3.900 објави на Фејсбук, а „Тик-ток“ е идентификуван како нова и особено брза алатка за дистрибуција на такви содржини, што покажува колку брзо еден хумористичен контекст може да се претвори во политички наратив.

Косово е бојно поле за дезинформации  од српските, и од медиумите на албански јазик. Меѓу наративите, според Извештајот на „Метаморфозис“ за мапирање на дезинформациите и граѓанското општество, се и тие дека формирањето заедница на српски општини значи дека Косово и се предало на Србија, или дека САД не ги штити муслиманите, која се шири со дезинформациите за конфликтот во Газа. Низата продолжува со обвинувања за „мафијашка држава“ и пренесени руски наративи од српска страна, или објавите за наводно распоредување на српската армија на границата со Косово за време на изборите во Србија во 2022 година, нотирани во анализата „Геополитички перспективи на дезинформациите на Западен Балкан“. По инцидентот во Бањска (2023), пак, била забележана голема навала на дезинформации кои се појавувале во српски групи на Facebook, а потоа за само неколку часа биле превземани и пренесувани на албански јазик од локални косовски портали. Овој механизам на брзо прелевање и препакување на содржината е идентичен со оној кај приказната за Смедеревката.
Во Црна Гора, подгоричкиот весник „Вијести“ одамна е познат по своите првоаприлски шеги, меѓу кои и онаа за „ЕУ која наводно ќе воведе данок на ракија“. Оваа објава, иако замислена како хумор, беше препечатена од неколку регионални медиуми и претворена во „вест“ дека Брисел се меша во традициите на Балканот — ист тип на сатирично-политичка ескалација што ја гледаме и кај Смедеревката. Но, шегата на страна, црногорскиот Центар за дигитална форензика лани анализирал повеќе од 62.000 национални и регионални медиумски објави и заклучил дека 22 отсто содржат некаква форма на манипулација.

Дезинформациите се пренесуваат преку групи медиуми блиски политички, економски или идеолошки, кои си преземаат содржини. Со умножување на вестите, пак, се обидуваат да го преплават информативниот простор и да ги „хакираат“ алгоритмите на агрегаторите и на социјалните мрежи.

„Низа истражувања потврдуваат дека постојат кластери на медиуми кои креираат вакви содржини и се дел од пошироките глобални превирања и настани. На пример, горе-долу познати и мапирани се главните регионални медиуми кои за војната во Украина пренесуваат проруски и антизападни содржини, кластери од медиуми кои само позитивно и некритички известуваат за Кина, потем мрежи кои се сметаат за конзервативни и антилиберални, медиуми со изразена либерална или левичарска идеологија и редица други“, објаснува Џигал, кој наведува дека има  потврдени сознанија за руско и кинеско влијание во медиумите, како и прозападни медиуми кои често некритички и поларизирачки известуваат. Постојат и регионални групи кои шират дезинформации на идеолошка и верска основа, а медиумите во регионот се многу подложни на СММИ операции и манипулации, лесно поткупливи и со слаби стандарди во делот на професионалното и етичкото новинарство.

Ширењето посредно, но сесрдно го помагаат „конвенционалните“ медиуми, кои во трансформацијата во интернет-ерата го изгубија редакцискиот систем и дотогаш воспоставените пракси за филтрирање на информациите.

Лажат странци, ама лажат и наши

Улогата на домашните лажговци во операциите за „мешање и манипулација со информации“ е нагласена и во мониторингот на кампањи за влијание и дезинформации во Западен Балкан, на берлинскиот Институт за стратегиски дијалог. Институтот од 23 декември 2023 до јуни 2024 година спровел набљудување во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово во кое анализирал 31.048 Телеграм пораки, 27.644 постови на Фејсбук, 478 Јутјуб видеа, и 62 дневни медиуми, со нивните страници на Фејсбук и Инстаграм, со повеќе од 7,2 милиони следачи

„И покрај разликите меѓу четирите балкански земји анализирани во овој извештај, истражувањето на ИСД покажува дека дезинформациите во регионот првенствено се поттикнати од водечките политичари, партиите и медиумите, далеку повеќе отколку од странски државни и недржавни актери. Иако извесен број такви актери имаат отворени или имплицитни врски со Русија, медиумските сајтови и гласови поврзани со Кремљ имаа ограничен успех во споредба со домашните актери, кои ги користеа платформите на социјалните мрежи за да промовираат палета погрешнонаведувачки или очигледно лажни тврдења, како и поларизирачки содржини, заклучува извештајот од мониторингот.

Најголеми дезинформатори, според истражувањето за ефектот на дезинформациите и странските влијанија, се домашните политичари, одговориле 89 отсто испитаници, а дезинформациите најмногу се шират преку медиумите (85 отсто), социјалните мрежи и интернет-порталите (82 отсто)

Вкупно 83 отсто од граѓаните сметаат дека дезинформациите се сериозен проблем, а секој втор изјавил дека барем еднаш неделно забележал целосно измислена сторија за нечии политички цели или агенди.

Три четвртини од испитаниците сметаат дека Владата треба да преземе мерки против дезинформациите, а по најмалку две третини сметаат дека е важна професионалноста на новинарите, постојано да се известува за штетноста на дезинформациите, да се зголеми свеста за дезинформации, да се донесе закон за заштита од дезинформации, да се промовира медиумска писменост, независна организација да ги проверува информациите и граѓаните сами да си ги проверуваат информациите.

Законска регулатива за спречување и сузбивање дезинформации е препорака и на аналитичкиот извештај за странско мешање и манипулирање со информации, кој, меѓу другото, препорачува и едукативни кампањи, регионален дијалог и поддршка од Европската унија.

Клучни елемент во борбата со дезинформации се сеопфатниот пристап на целото општество, координирана акција со соодветен, сразмерен буџет, паметно и стратешко делување и заеднички, регионален стратегиски пристап, во чии рамки и заедничка регионална страгегија, предвидува Патоказот за заштита на демократијата од информациски закани на Мрежата против дезинформации за Балканот.

Неопходноста од системски пристап е нагласена и во препораките за градење општествена отпорност, а законската превентива и санкционирање на дезинформациите и во Извештајот за мапирање на дезинформациите и граѓанското општество, кој предлага и поддршка за медиумска писменост и регулирање на онлајн-платформите.

Најдобар начин за да се спречат дезинформации, според професорот Џигал, е информациите едноставно да се проверат:

„Во трката за брзи и атрактивни вести кои треба да привлечат внимание, ова клучно правило често се прескокнува и затоа се јавуваат многу вакви случаи. Професионална и етичка должност на новинарот е да ја провери веста, да ги пронајде изворите на информациите и да се потпише на објавена вест за која тој ќе ја гарантира вистинитоста и професионалноста. Новинарите треба да бидат професионални комуникатори кои ќе помогнат овие стандарди да бидат општоприфатени како нужен услов да веруваме на секој кој објавува содржини за информирање на јавноста“, вели професорот Џигал.

Пишува: Игор К. Илиевски

Hubmk

Од Смедеревката, преку Рама на чело на НАТО до хеликоптерот на Цеца – на Балканот ѓаволот ја однел шегата 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-05 10:59:58 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media
Facebook X LinkedIn Reddit Telegram WhatsApp Email Print
Previous Post

Врховниот суд го расчистува патот за гласачките мапи во Тексас, кои се пријателски настроени кон републиканците 2025

Next Post

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина 2025

Next Post
Балкански рис со младенче снимен на шар планина 2025

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина 2025

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

  • Rating

Search / Търси в сайта

No Result
View All Result
гугъл новини, гоогле новини, гугъл нюз, гъгъл нюз, google news, news google, google.bg, news.google.bg, Юстиция, новини, последното, най-важното, видео, телевизия, радио, Новини, петър низамов

Recent Posts

  • Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор 2026
  • Новиот акциски план за отворена власт предвидува поголема транспарентност, дигитални услуги и контрола на институциите 2026
  • Новиот акциски план за отворена власт предвидува поголема транспарентност, дигитални услуги и контрола на институциите 2026
  • Организациите против насилство врз жени побараа насилникот од Охрид да добие притвор 2026
  • Битолчанецот осомничен за семејно насилство кој избега од станицата низ прозорец денес се предаде на полицијата 2026
  • Таличниот Том и Гашо продолжуваат да живеат во нови стрип-албуми 2026
  • Во Албанија, младите од руралните средини се залагаат за решавање на локалните еколошки проблеми 2026
  • Кривична пријава против насилникот што ја претепа девојката во Охрид, уапсен е и нејзиниот татко заради закани 2026
  • Кривична пријава против насилникот што ја претепа девојката во Охрид, уапсен е и нејзиниот татко заради закани 2026
  • Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство 2026
  • Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември 2026
  • Бесент смета дека „Енвидија“ мора да побара нов извршен директор надвор од компанијата, Хуанг размислува да се врати 2026
  • Иран ја нападна американската воена база во Бахреин 2026
  • Италија ја казни Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии на корисниците без согласност 2026
  • 67. Меѓународен филмски фестивал во Солун: Банализација на злото од Хана Арент до Андреј Звјагинцев 2026
  • Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес 2026
  • АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва 2026
  • По речиси 24 часа, Мајкрософт ги врати во функција „Аутлук“ и „Копилот“ 2026
  • ЕК: Говорот на омраза се шири на социјалните мрежи, институциите немаат доволно капацитет за да се борат против него 2026
  • Полицајците добиваат боди-камери со ВИ, МВР склучило договор со американската компанија „Аксон“ 2026
  • За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи 2026
  • За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи 2026
  • Мајкрософт велат дека напредуваат со напорите за опоравување на нивните сервиси по глобалниот прекин 2026
  • Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години 2026
  • Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години 2026
  • Мајкрософт велат дека напредуваат со напорите за опоравување на нивните сервиси по глобалниот прекин 2026
  • Мицкоски: Парното ќе поскапи, но не колку што бараат компаниите 2026
  • Мицкоски: Парното ќе поскапи, но не колку што бараат компаниите 2026
  • Вакцина против грип за еден од четири пријавени, приватно не може да се купи 2026
  • Буџет 2027: Сумата за пензии ќе надмине 2 милијарди евра, расходите на ФЗО се доближија до 1 милијарда евра 2026
  • Поранешниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, повикан да сведочи пред Конгресот во САД во врска со аферата со кинеска шпионка 2026
  • Алта банка ја отвора експозитурата во Прилеп 2026
  • НАСА објави јавен повик за астронаути кои би оделе на Месечината 2026
  • Гугл го претстави „Џемини 4 Хидроген“, новиот модел што го заменува „Џемини 3.8 Флеш“ 2026
  • Виткоф и Кушнер се сретнаа со Зеленски по разговорите со Путин, на следната средба ќе има и претставник од Европа 2026
  • Финансиската директорка Колет Крес е привремен извршен директор на Енвидија 2026
  • Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите 2026
  • Најмалку осум лица го загубија животот и десетици се повредени по уривање на зграда во Бруклин 2026
  • Леб, туна и кромид за студентите, повластени цени за пратениците 2026
  • Зеленски: Ограничувањата на Старшилд им помагаат на Русите да убиваат повеќе Украинци 2026
  • Делегацијата на ЕУ по јавната дискусија за „Стив Наумов“: Проблемите треба да се пријават, а информациите да се проверуваат 2026
  • Н1: Српската тајна служба вршела надзор над студенти, новинари, активисти? 2026
  • Во израелски напад врз болница во јужниот дел на Газа загинаа шест лица 2026
  • Како платформа за граѓанска технологија им помага на жените во Србија безбедно да стигнат дома 2026
  • Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници 2026
  • Бордот на „Енвидиа“ ќе одлучува за судбината на директорот Џенсен Хуанг по скандалот со шпионската афера 2026
  • Кушнер и Виткоф пристигнаа на преговори со Путин, Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади 2026
  • Во САД татко осомничен дека си го закопал детето живо 2026
  • Во САД татко осомничен дека си го закопал детето живо 2026
  • Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски 2026
  • Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски 2026
  • Филипче: Мицкоски лаже, СДСМ не донела одлука за влез на Алта банка 2026
  • Филипче: Мицкоски лаже, СДСМ не донела одлука за влез на Алта банка 2026
  • Украина и Русија договорија размена на заробеници, но не и прекин на огнот 2026
  • Украина и Русија договорија размена на заробеници, но не и прекин на огнот 2026
  • Алта банка нема да банкротира, рече Мицкоски на надзорната расправа во Собрание 2026
  • Алта банка нема да банкротира, рече Мицкоски на надзорната расправа во Собрание 2026
  • Граѓанските организации бараат 16 дена институционална одговорност, наместо протоколарни настани 2026
  • Проверка на факти: Какви онлајн дезинформации се проширија по пукањето во Краков 2026
  • Американски војник уапсен во Британија под сомнение за шпионажа поврзана со Русија 2026
  • Активирани борбени авиони на НАТО откако беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на балтичките земји 2026
  • Украински напади го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за 30 отсто 2026
  • Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата 2026
  • Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата 2026
  • Рубио: Преговорите за крај на војната во Украина се многу продуктивни 2026
  • Рубио: Преговорите за крај на војната во Украина се многу продуктивни 2026
  • Пит Хегсет е под големи притисоци поради војната во Иран и се бара негово разрешување, но Трамп не се откажува од него 2026
  • Пит Хегсет е под големи притисоци поради војната во Иран и се бара негово разрешување, но Трамп не се откажува од него 2026
  • До февруари „Безбеден град“ ќе функционира низ целата држава 2026
  • До февруари „Безбеден град“ ќе функционира низ целата држава 2026
  • Кристи Мекормик e предложена од Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија 2026
  • Кристи Мекормик e предложена од Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија 2026
  • Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен во истрага за трговија со луѓе 2026
  • Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен во истрага за трговија со луѓе 2026
  • Русија изврши нови смртоносни напади во Украина неколку часа пред почетокот на преговорите во Абу Даби 2026
  • Првата годишнина на играта „Where Winds Meet“ ќе се одржи на 13 ноември 2026
  • Индустријата на ЕУ би можела да се откаже од обидите да им конкурира на кинеските компании 2026
  • Франција тврди дека Иран стои зад сајбер-нападот врз замрзнувачите во француските супермаркети 2026
  • Започнаа разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби за ставање крај на војната 2026
  • Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат 2026
  • Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ 2026
  • По повеќе од 30 години независно истражувачко новинарство, Рускиот весник „Новаја газета“ ги затвора вратите под притисок на властите 2026
  • ЕУ ќе ги тужи „IBM“ и две европски фирми поради проблематичниот систем за влез и излез на границите 2026
  • Непристојно е да се навредуваат професори, Мицкоски со одговор на коментарите на Ходаи 2026
  • Американскиот бизон се враќа и повторно ги обликува прериите 2026
  • Која е Алис Хуанг, кинеската директорка обвинета за шпионирање на извршниот директор на „Енвидија“? 2026
  • Алта банка и Давор Мацура: Истрага, притвор и демантирани наводи за милионски трансфери во Македонија 2026
  • Мицкоски: Алта банка ќе добие нов сопственик и ќе биде спасена 2026
  • ССНМ ја осуди изјавата на Богојески за новинарката Теодора Цветковска 2026
  • Во Македонија 49 од 80 општини немаат локални медиуми, а пет немаат никаква медиумска покриеност  2026
  • Почина осомничениот за пукањето во Краков, во кое беа убиени шест лица 2026
  • Во Скопје ќе се одржи 24-часовен маратон за цртање стрип 2026
  • „World of Warcraft: Forever“ официјално собори рекорди за 22-годишната ММО игра 2026
  • Полските обвинители отворија истрага за тероризам за пукањето во Краков 2026
  • „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот 2026
  • Зградата на нафтениот гигант „Сауди Арамко“ во Ријад е оштетена од паѓање на остатоци по обид за напад 2026
  • Кремљ го поддржува Вучиќ и покрај изборниот пораз, студентската победа ја загрижува Москва 2026
  • Зеленски: Украина е подготвена да ја прошири соработката со Србија 2026
  • Полицијата уапси 15-годишник за пукањето во близина на стадионот во Флорида во кое беа повредени 12 лица 2026
  • Студентите пријавуваат неправилности на испити, лоши услови во домовите и доцнење на стипендиите 2026

[contact-form-7 id=”45ced39″ title=”Contact form 1″]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

  • За Нас – агенция за разследваща журналистика ЮСТИЦИЯ – Бургас, България
  • Рекламирайте с ЮСТИЦИЯ
  • Прозрачно управление
  • Докладване на проблем
  • Условия за ползване
  • Защита на данните
  • Правила на форума
  • Политика за бисквитките
  • Екип
  • Помощ
  • Карта на сайта
  • Статистика
  • Реклама
  • Контакти
  • Етичен кодекс на българските медии
  • RSS емисия
  • Често задавани въпроси (FAQ)
  • Задайте въпрос във форума
  • Вестник “ЮСТИЦИЯ”
  • العربية
  • Dansk
  • Deutsch
  • Ελληνικά
  • English
  • български
  • Čeština
  • Español
  • Français
  • עברית
  • Hrvatski
  • Magyar
  • Italiano
  • Lietuviškai
  • Latviešu valoda
  • македонски јазик
  • Norsk Bokmål
  • Nederlands
  • Polski
  • Português
  • Română
  • Русский
  • Slovenčina
  • Slovenščina
  • Српски језик
  • Svenska
  • Türkçe
  • Українська
  • 日本語
  • ไทย
  • فارسی
  • 中文 (中国)
  • Беларуская мова
  • Deutsch Austria
  • Deutsch Switzerland
  • shqiperia
  • English USA
  • Bosanski

© 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski

© 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

Оваа веб-страница користи колачиња. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате со користењето на колачиња. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност и колачиња.