
Од околу 77.000 граѓани кои изразиле интерес за вакцинација против сезонски грип, досега се вакцинирани околу 21.000, односно нешто повеќе од една четвртина. Истовремено, граѓаните кои сакаат да купат вакцина на сопствен трошок немаат таква можност бидејќи, како што велат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), годинава немало заинтересирани добавувачи на тендерите за набавка на комерцијални вакцини.
Како што информираат за Мета од Министерството за здравство, во бројката од 21.000 вакцинирани граѓани се вклучени и оние кои се пријавиле преку платформата vakcinacija.mk и Мој термин, како и лицата опфатени со теренската вакцинација во домовите за стари лица, центрите за дијализа и други установи. Тоа значи дека околу 56.000 граѓани кои изразиле интерес сè уште не се вакцинирани.
„Во земјава досега се пристигнати 30.000 вакцини, кои се користат за тековната имунизација. Се очекува да пристигнат дополнителни 26.000 дози денес или во понеделник, а потоа уште 30.000, со што вкупната количина ќе достигне 86.000 вакцини“, велат од министерството.
Иако бројот на планирани дози е поголем од бројот на досега заинтересирани граѓани, вакцинацијата се одвива во зависност од расположливите количини. Во министерството објаснуваат дека нови термини за вакцинација се отвораат согласно бројот на вакцини што се физички достапни во моментот.
Годинава прв пат има невообичаено доцнење во процесот на вакцинација против сезонски грип и во други европски земји. Како што објави Европската агенција за лекови (ЕМА), причина за доцнењето е тоа што биле променети сите соеви на вирусот на грип вклучени во вакцините за оваа сезона.
„Истовремено доцни глобалната испорака на реагенси, координирана од Светската здравствена организација (СЗО). Четири од седум добавувачи на европскиот пазар потврдија дека очекуваат доцнење во испораките, а останатите три не очекувале значителни доцнења“, пишува во документот.
Проблем е и недостапноста на комерцијални вакцини против сезонски грип, кои граѓаните би можеле да ги купат на сопствен трошок. Во министерството потврдуваат дека такви вакцини во моментов нема бидејќи на распишаната тендерска постапка не се пријавил ниту еден заинтересиран добавувач.
Муамет Демири, директор на Центарот за јавно здравје за Мета објаснува дека набавката на комерцијалните вакцини се спроведува заеднички за сите центри за јавно здравје, преку Центарот за јавно здравје во Битола. Според него, претходните години редовно имало заинтересирани компании, но годинава ситуацијата е поинаква.
„Секоја година се јавуваа на тендерите, освен оваа. Втор тендер е објавен пред две-три недели. Можеби немале интерес, не можеме да ги знаеме причините. Наше е да ја објавиме постапката“, вели Демири.
Тој посочува дека центрите за јавно здравје редовно ги добиваат вакцините наменети за граѓаните кои се пријавиле преку платформата vakcinacija.mk и дека вакцинацијата се одвива согласно насоките на Министерството за здравство. Засега останува неизвесно кога ќе бидат достапни комерцијалните вакцини додека десетици илјади граѓани кои изразиле интерес за бесплатна имунизација сè уште чекаат да бидат вакцинирани.
Минатата недела Институтот за јавно здравје евидентирал речиси двојно повеќе заболени од грип во споредба со една недела претходно. Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија за само една недела се зголемил за 90,2 отсто. Иако вакцинацијата започна на 21 октомври, некои од граѓаните кои се пријавиле за вакцина, сè уште чекаат термин. Во периодот од 26 октомври до 1 ноември годинава во Македонија се регистрирани 116 случаи на грип и заболувања слични на грип, наспроти 61 случај во претходната недела.
Вакцина против грип за еден од четири пријавени, приватно не може да се купи 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-13 02:24:50
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

