
Ова интервју е дел од серијалот текстови посветени на работата на дел од добитниците на грантови во рамки на програмата „Digital Spark“, која се спроведува во рамки на проектот „Регионален механизам за поддршка на Источна Европа и Централна Азија (EECA)“. Проектот го спроведуваат Фондација Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Иницијативата за дигитална демократија (DDI), која ги опфаќа земјите од глобалниот Југ. Интервјуто се објавува на „Глобал Војсес“ врз основа на договор за споделување содржини.
Во руралните делови на Албанија, младите ретко се мобилизираат за да помогнат во решавањето на локалните проблеми со животната средина како и други проблеми во своите заедници, иако и самите се засегнати од нив. Таков беше случајот и во источниот регион Корча, кој во ноември 2025 година беше погоден од обилни врнежи од дожд, по кои следуваа разорни поплави.
Во општина Малиќ, една од погодените области, состојбата дополнително се влошила поради неправилното фрлање отпад, кој ги затнал одводните канали, вклучително и коритото на реката Девол. Незаконското фрлање отпад ја попречило нормалната функција на речната инфраструктура и придонело за широко распространетите поплави. И покрај напорите на властите да го подобрат управувањето со отпадот и да го исчистат речното корито, состојбата и понатаму е многу лоша.

Насобран отпад кај мостот на реката Девол во Малиќ, Албанија. Фотографија од 21 ноември 2025 година: Qendra KAZUS. Објавена со дозвола.
Во 2026 година, локалната невладина организација (НВО) Qendra KAZUS вклучи и обучи млади од локалната заедница за да помогнат во решавањето на овој долгогодишен проблем, поттикнувајќи ги да се залагаат за заштита на животната средина. Глобал Војсесз спроведе интервју по електронска пошта со Дорјела Чуле, извршна директорка на организацијата, за да дознае како Qendra KAZUS спровела проект што ги обединил младите, дигиталната демократија, еколошките предизвици и застапувањето. Интервјуто е уредено заради поголема јасност и концизност.
Глобал војсес (ГВ): Кажете ни нешто повеќе за вашата организација и зошто решивте да се вклучите во проектот Digital Sparks
Дорјела Чуле (ДЧ): Qendra KAZUS е основана во 2024 година и се фокусира на активизмот и ангажманот на младите. Нашиот тим обединува новинари, фоторепортери и стручни лица од областа на образованието, со долгогодишно искуство во медиумите, правото и менторската работа.
Нашата мисија е да ги зајакнеме демократијата и владеењето на правото преку застапување на интересите на младите, како и да ја подигнеме свеста за зачувувањето на културното наследство, заштитата на животната средина и јакнењето на капацитетите во областа на ИКТ и медиумите. Како млада организација, досега главно спроведувавме помали активности и проекти.
Digital Sparks ни овозможи да му дадеме приоритет на дигиталното застапување. Во тоа видовме можност да им обезбедиме на младите од руралните и урбаните средини алатки што ги користат секојдневно – мобилните телефони и социјалните мрежи – и да им помогнеме да ги претворат во средства за граѓанско учество и повикување на одговорност.
ГВ: Кој проблем или предизвик во вашата заедница ве поттикна да го започнете овој проект?
ДЧ: Реката Девол во источниот дел на регионот Корча се соочува со сериозен еколошки проблем. На нејзините брегови се натрупува пластичен отпад, инертен отпад, отпад од земјоделски активности и разни други материјали. При зимските поплави, надојдените води го откриваат и го разнесуваат овој отпад, ги затнуваат одводните канали, а водата се излева од речното корито врз земјоделските површини и во населените места. Притоа се нарушуваат квалитетот на почвата, егзистенцијата на локалното население и природната рамнотежа на локалниот екосистем.
Во селата Ложан и Појан, количините отпад се значителни, а се чини дека локалните власти се немоќни пред овој проблем.
Она што најмногу нè загрижуваше беше тоа што младите од руралните средини, чии семејства зависат од земјоделството и се непосредно засегнати од проблемот, беа исклучени од барањето решенија. Имаа телефони и јасно изразени ставови, но немаа начин да ги преточат во јавен притисок.
Сакавме да покажеме дека правото на здрава животна средина е право за кое младите можат да се залагаат, поткрепувајќи ги своите барања со докази и настапувајќи со заеднички глас.

Отпад на бреговите на реката Девол во Појан, мај 2026 година. Фотографија: Qendra KAZUS. Објавена со дозвола.
ГВ: Кои се главните промени и активности што ги спроведе вашата организација за време на учеството во проектот?
ДЧ: Проектот го спроведовме во три фази. Најпрво, регрутиравме и обучивме 44 млади лица од општина Малиќ за мобилно новинарство (MoJo), со цел раскажувањето приказни преку мобилен телефон, монтажата на видеа за објави во форматот Reels и графичкиот дизајн во Canva да ги претвориме во моќна алатка за застапување.
Во втората фаза организиравме два дигитални пикника покрај реката Девол и на погоденото земјоделско земјиште. Активностите ги спроведовме на две локации, во селата Појан и Ложан, каде што учесниците снимаа видеа и правеа фотографии од натрупаниот отпад, создавајќи „визуелна мапа на загадувањето“. Младите изработија 30 материјали, кои ги објавивме на социјалните мрежи со цел да ја подигнеме јавната свест.
На крајот, покренавме онлајн петиција со која ќе побараме од општина Малиќ да ги интензивира активностите за чистење, со заедничка заложба на општината и локалната заедница, како и едукација и подигнување на свеста кај населението.
Петицијата ја објавивме на платформата Change.org за да допре до поширока публика. Досега се собрани 506 потписи, со што ја надминавме поставената цел.

Учесници на пикникот DigiAction во Појан, Албанија. Фотографија: Qendra KAZUS. Објавена со дозвола.
ГВ: Како вашето учество во проектот влијаеше врз корисниците на вашата организација и заедницата на која ѝ служите? Наведете конкретни примери.
ДЧ: За младите учесници, проектот ги претвори социјалните мрежи од алатка за забава во алатка за дејствување. Четириесет и четири млади лица научија како да ги документираат еколошките проблеми и јавно да ја пренесуваат пораката за нив.
„Никогаш порано не гледав на социјалните мрежи од оваа перспектива. Сега имам поинаков пристап кон објавите што можам да ги споделувам“, вели Игли, еден од младите што учествуваа во обуката и теренските активности.
За локалната заедница, дигиталните пикници придонесоа загадувањето да стане видливо: сите имаа можност преку видеата и објавите да видат колку отпад се натрупал покрај реката, а стотици луѓе се вклучија во интеракција со нашите содржини на интернет.
Петицијата им овозможи на жителите и на другите поддржувачи на едноставен начин јавно да го искажат својот став, а 506 лица ја потпишаа онлајн. Создадените материјали сега претставуваат јавна архива на докази што заедницата може да ги користи во идните разговори со локалните власти.
ГВ: Како се променија вашите знаења, свесноста и искуството во областа на дигиталната демократија и граѓанскиот простор благодарение на вашето учество во проектот?
ДЧ: Преку проектот Digital Sparks, стекнавме пошироко разбирање за дигиталната демократија: како технологијата може да се користи за документирање на фактите, мобилизирање на луѓето и барање отчетност од институциите.
Научивме дека доказите, без разлика дали станува збор за видео, постер или потпис, им даваат поголем кредибилитет на граѓаните кога се обраќаат до јавните институции.
Стекнавме и практично искуство во планирање кампањи, креирање стратегии за содржини, модерирање коментари на интернет, користење аналитички алатки на Instagram и TikTok, како и во областа на дигиталната безбедност и етиката, вклучително и заштитата на младите учесници и личните податоци.
Како тим, преку овој проект научивме како стекнатите знаења да ги преточиме во дигитални граѓански иницијативи предводени од младите.
ГВ: Кои се највредните лекции и искуства што ги носите со себе од овој проект?
ДЧ: Една од највредните лекции е дека во дигиталната ера на младите им е потребна малку техничка опрема, но многу повеќе менторство и насоки за да станат одговорни граѓани кои знаат да ги искажат своите барања, да преземаат конкретни активности и да се вклучуваат во процесите на одлучување. Нивните мобилни телефони и креативноста се сосема доволни кога имаат јасна цел и соодветни насоки.
Втората лекција е дека неформалниот и забавен формат, како дигиталниот пикник, ги отстранува пречките за учество и привлекува млади луѓе, вклучително и девојки, млади од маргинализираните групи и од семејства со ниски приходи.
Фотографиите и фактите имаат поголема моќ да ги убедат институциите отколку поплаките, но ова искуство нè научи и дека флексибилноста е од суштинско значење. Одлуката да ја користиме платформата Change.org наместо Google Forms за петицијата нè научи дека алатките треба да се приспособуваат кон публиката до која сакаме да допреме.
На крај, промените во институциите и нивното активно вклучување бараат време, а следењето на преземените активности е подеднакво важно како и мобилизирањето на луѓето.
ГВ: Што следува? Како ќе ги примените стекнатите знаења и дигитални вештини во вашата идна работа и во заедницата?
ДЧ: Qendra KAZUS започна со спроведување на друг проект, во кој веќе применуваме дел од стекнатите знаења. Овојпат, користењето на социјалните мрежи од страна на младите како моќна алатка за да го кренат својот глас и да бараат поголема ангажираност и одговорност од институциите е насочено кон културното наследство.
За нас и понатаму е особено важно да најдеме сосема поинаков пристап кон младите, преку каналите и платформите на кои поминуваат значителен дел од времето и преку кои најмногу комуницираат.
Вреди да се нагласи дека особено е важно да најдеме заеднички јазик со младите, користејќи методи што им се интересни. Успеавме да ги вклучиме покажувајќи им дека социјалните мрежи можат да се користат и како корисна алатка преку која нивните барања можат да дадат конкретни резултати.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-16 00:47:49
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

