Како што соопшти Обвинителството, јавен обвинител постапува против осомничениот, сопруг на починатата Ивана Јовановски со кого таа била во бракоразводна постапка. Според соопштението, постои основано сомнение дека тој сторил кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.
„Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па сè до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции“, наведува Обвинителството.
Според обвинителството, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, по што починатата се нашла во безизлезна состојба.
„Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, се наведува во соопштението.
Обвинителството соопшти дека на трагичниот настан му претходеле повеќе инциденти истиот ден. Според нивните наоди, осомничениот најпрво се заканувал и ја удирал жртвата во близина на нејзиното работно место.
„На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото“, соопштија од ОЈО.
Според Обвинителството, по овие настани сопружниците заедно со еден од сведоците од училиште ја земале шестгодишната ќерка, по што заминале во домот.
„Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството“, се додава во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Од Обвинителството посочуваат дека истрагата продолжува и дека се прибираат дополнителни докази.
„Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оценува дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката“, се наведува во соопштението.
Трагедијата во Карпош се случи на 2 март, кога мајката Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја починаа по пад од балкон на шестиот кат од зградата во која живееле.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски следниот ден на прес-конференција изјави дека полицијата била на лице место околу два часа пред трагедијата, откако во 12:05 часот била примена пријава за расправија. Полицијата пристигнала во 12:19 часот и разговарала со жената, која тогаш потпишала изјава дека немало физички контакт меѓу неа и сопругот и дека не бара поведување постапка.
Според Тошковски, полицијата поседува и видео запис од истиот ден на кој се гледа како осомничениот ја удира жртвата. Тој информираше дека осомничениот претходно бил пријавуван за семејно насилство и имал историја на тежок криминал со десет кривични пријави за насилство, кражби и трговија со дрога.
По трагедијата, соседи и роднини на починатата јавно укажаа дека со години пријавувале семејно насилство и дека институциите не реагирале соодветно. Братот на починатата на социјалните мрежи напиша дека „после години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата“, обвинувајќи дека системот потфрлил да ги заштити.
И покрај промената на Кривичниот законик во јануари годинава според која МВР треба да постапува по пријави на семејно насилство и покрај тоа што жртвата не покренува постапка, полицијата ваквите новини не ги применува.
Од 2019 година наваму Стојанче постојано ја тепал и ја понижувал Ивана, иако било пријавувано никој ништо не преземал 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-07 11:05:10 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

