
Додека граѓаните од Полошкиот регион и Западна Македонија се соочуваат со зголемување на цените на меѓуградскиот автобуски превоз, враќањето на функција на железничката линија Скопје–Тетово–Гостивар и понатаму кон Кичево и Струга и натаму останува без конкретен рок. Од Европската Унија велат дека ја поддржуваат подготовката на техничката документација за оваа линија, а очекувањата се потребната документација да се заврши до 2027–2028 година, пишува Порталб.мк.
Железничката линија што го поврзуваше Скопје со Тетово, Гостивар и Кичево веќе извесно време не функционира, а граѓаните во моментов главно зависат од автобускиот превоз. Изминатите денови имаше бројни реакции од страна на граѓаните и студентите по поскапувањето на билетите за меѓуградските линии кон Скопје. Во меѓувреме, властите продолжуваат да го најавуваат враќањето на железничката линија, но без да прецизираат точно кога возовите повторно ќе можат да сообраќаат.
Од кабинетот на заменик-министерката за транспорт, Каљтрина Зеколи Шаќири, велат дека што се однесува до железничката линија Скопје–Тетово, таа е дел од пошироките планови за развој на железничкото поврзување на западната делница од Коридорот 8.
„Во моментов заедно со Европската Унија интензивно се работи на документацијата за железничката линија Скопје–Тетово–Гостивар како прва фаза, која потоа е предвидена да продолжи кон Кичево, Охрид, Струга и границата со Албанија“, изјавија од кабинетот на заменик-министерката.
За овој проект Порталб.мк разговараше и со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, од каде што велат дека Коридорот 8 е високо на агендата на ЕУ, при што поврзувањето на регионот и неговото поврзување со ЕУ е еден од приоритетите.
„Во моментов грант-средствата од ЕУ преку техничката помош на WBIF – Инструментот за инвестиции за Западен Балкан, обезбедуваат поддршка за подготовка на техничката документација за реконструкција и рехабилитација на постојната делница Скопје–Гостивар и понатаму до Кичево, во вредност од 1,7 милиони евра“, рекоа од Делегацијата на ЕУ за Порталб.мк.
За делницата Кичево–Струга до границата со Албанија техничката документација е подготвена со грант од ЕУ преку ИПА 1 во 2018 година. Сепак, од Делегацијата на ЕУ појаснуваат дека имајќи го предвид изминатото време, била потребна дополнување на анализата за ревизија на оваа документација. За оваа намена, преку инструментот CONNECTA обезбедени се 0,6 милиони евра во форма на грант, а инженерските експерти-консултанти веќе ја започнаа работата за оваа
анализа.
Покрај ова, за делницата од Струга до новиот железнички граничен премин со Албанија од грант-фондовите на WBIF издвоени се 0,8 милиони евра за подготовка на пакетот на техничката документација, за која се очекува да биде готова до 2028 година за спроведување на тендерската постапка. Паралелно, националните власти во Албанија преземаат слични подготвителни
активности за техничката документација од границата со Северна Македонија до точката на поврзување со пристаништето на Јонското море.
„Очекувањата се дека до крајот на 2027–2028 година ќе се издготви целата потребна техничка документација и, во координација со железничките власти на Албанија, ќе започнат работите и надзорот за целата траса до граничната точка“, изјавија од Делегацијата на ЕУ за Порталб.мк.
Инаку, пред неколку дена беше пуштена во употреба првата градска возна линија што го поврзува Зелениково со Скопје, а возовите на оваа линија се очекува да сообраќаат осум пати во текот на денот.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-28 09:08:43
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
