
Агенцијата за национална безбедност денеска соопшти дека заедно со Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство презема активности против пропагандна мрежа во земјава која има „деструктивна и малициозна агенда“ и влијае врз јавниот дискурс во корист на странски, поточно Руски интереси.
Според АНБ, пред две седмици, на 18 септември годинава биле преземени истражни дејствија против македонски државјанин кој бил „надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор“. АНБ не го соопштува неговиот идентитет.
Во неговиот дом бил извршен претрес и биле одземени предмети кои се вештачат. Според Агенцијата, постои основано сомнение за три кривични дела: „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ од член 319, „Одавање службена тајна“ од член 360 и „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од член 394-г од Кривичниот законик.
Во соопштението од Агенцијата се тврди дека „вистинските актери“ зад мрежата се прикриваат преку клонирани псевдопортали регистрирани со македонски интернет-домени и дека целата операција е „во функција на руските интереси“.
„Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“, соопшти АНБ.
Како што додаваат оттаму, овие активности се продолжение на „претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем по член 394-г од КЗ“.
Агенцијата во соопштението потенцира дека во рамки на нивните надлежности ќе продолжат да преземаат активности за „детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава“.
Македонските медиуими (360 степени, Фокус) и претходно пишуваа за случаи за ширење пропаганда под странско влијание во кои главна улова имаше бугарската Фондација Македонија и нејзиниот претседател Виктор Стојанов, кој сега е персона нон-грата во земјава.
Од Фондацијата подоцна не криеја дека финансиски поддржуваат медиуми во Македонија. Во соопштение објавено на букарската агенција bta.bg во јули годинава, Стојанов реагираше на информациите дека македонските институции истражуваат околу дваесет онлајн медиуми и комуникациски канали.
Според него, станува збор за „лажни истраги насочени против независните граѓански медиуми во Северна Македонија, чија цел е да ѝ овозможат на владата незаконски да ги апси и кривично да ги гони нивните уредници и новинари“.
„Целта на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е да поттикне говор на омраза против Бугарија и да ги разгори тензиите меѓу двете општества преку насилно затворање на единствените слободни, граѓански медиуми во земјата“, се додава во тоа соопштение на Стојанов.
Во август годинава, неделникот Фокус објави дека АНБ и МВР истражуваат мрежа од дваесетина медиуми и комуникациски канали, меѓу кои покрај онлајн-медиуми, има и јутјуб-канали, фејсбук групи и инстаграм-профили каде што преовладуваат пробугарски и антимакедонски содржини. Во написот на Фокус се вели дека Стојанов и јавно говорел и за собирање средства за финансирање медиуми во Македонија и за политичко организирање на Бугарите во земјава.
Претходно, на 4 март годинава, АНБ соопшти дека открила „субверзивно-пропагандни активности“ на домашни и странски недржавни актери и поднела кривична пријава заедно со МВР и ОЈО. Според тогашното соопштение на Агенцијата, „лицата опфатени во кривичната пријава преку печатење и дистрибуција на пропаганден материјал планирале да поттикнат омраза кон македонската држава и идентитет и предизвикување на тензии, а преку социјалната мрежа Facebook, на страната „Историски податоци за Македонија“ споделувале содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација“.
АНБ тогаш тврдеше дека активностите биле координирани и насочувани од бугарски државјанин кој користел и „бот мрежа на информативни портали“ за поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство меѓу македонските и бугарските граѓани.
Според АНБ, тој дејствувал од позиција на недржавен прокси актер во функција на хибридно поткопување на стратешките евро-интегративни процеси на Македонија и загрозување на европската безбедност.
Името на овој граѓанин ниту тогаш не беше официјално соопштено, но повеќе медиуми неофицијално го посочија токму Стојанов иако тоа никогаш не беше потврдено од страна на Обвинителството.
Она што е карактеристично е што Агенцијата за национална безбедност за прв пат зборува за активности кои се „во функција на руските интереси“, како и за портали „надоврзани на регионални проруски политички структури“.
Но, јавно не се соопштени детали дали постои и каква е врската меѓу Фондацијата Македонија и руската држава.
И покрај тоа, постоењето на директна руска дигитална пропагандна инфраструктура насочена кон Македонија е добро документирано.
Станува збор за мрежата „Правда“, позната и како „Портал Комбат“, која според француската служба Вигинум, е голема координирана мрежа од веб-страници што масовно преземаат и преведуваат содржини од руски државни медиуми, проруски телеграм-канали и други извори.
Истражување објавено од „Вистиномер“ и Antidisinfo.net утврди дека мрежата има посебна инфраструктура за Северна Македонија, вклучително и поддоменот north-macedonia.news-pravda.com и телеграм-каналот t.me/pravdamkcom.
Истражувањето на Фондацијата Метаморфозис за ефектот на дезинформациите и странските влијанија покажува дека перцепцијата за присуството на извори и ентитети што промовираат руски интереси во земјава значително пораснала: од 17 отсто од испитаниците во 2023 на 29 отсто во 2025 година.
АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-01 08:44:33
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

