
Поголемо учество на граѓаните во носењето одлуки, поголема транспарентност во работата на институциите, повеќе дигитални услуги и поголема отвореност во областите поврзани со климата и животната средина, се меѓу главните цели на новиот седми по ред нацрт-Национален акциски план за Партнерство за отворена власт (ПОВ) за периодот 2026 – 2028 година. Документот од 2 октомври е објавен на Единствениот национален eлектронски регистар на прописи (ЕНЕР) и ќе биде на јавни консултации до 26 овој месец.
Нацрт-планот содржи 20 заложби што треба да се спроведуваат во следните две години, а тие произлегуваат од процесот на ко-креирање во кој учествуваа институции, граѓански организации и општини.
Осум од заложбите се однесуваат на антикорупција, интегритет, одговорност и отчетност, четири се однесуваат на граѓанското учество во носењето одлуки, шест заложби се посветени на дигиталното управување, а пет на климата и на животната средина.
Граѓаните да знаат како се трошат јавните пари
Во делот кој се однесува на антикорупцијата, новиот план го продолжува пристапот од претходните акциски планови, а тоа е јавноста да има што повеќе информации за тоа како институциите ги носат одлуките и како се трошат јавните средства. ПОВ веќе придонесе кон воспоставување механизми како Отворен трезор, преку кој граѓаните можат да ги следат буџетските трошења, како и Регистарот на вистински сопственици, а новиот циклус треба да продолжи со механизми за поголема отчетност, како и со подобро поврзување на информациите што веќе ги објавуваат институциите.
Една од четирите приоритетни области е токму партиципативното носење одлуки и граѓанското учество, бидејќи целта е тие и граѓанските организации да учествуваат во креирањето политики уште во фазата кога тие се подготвуваат, а не само откако институциите веќе ќе ги донесат. Како што е наведено, ова е посебно важно за на локално ниво. Уште во јавниот повик за подготовка на планот институциите нагласија дека во процесот треба соодветно да се застапат ставовите и потребите на локално ниво, а самото креирање на НАП 7 беше организирано токму по принципот на ко-креирање, преку тематски работни групи во кои учествуваа институции и граѓански организации.
Шест заложби за дигиталното управување
Во делот кој се однесува на дигиталното управување, наведени се шест заложби на кои треба да се работи во предвидениот период. Треба да се воспостави регистар за лица со попреченост, потоа, национален регистар за отворени здравствени податоци, а потребна е стандардизација и отворање на податоците за инспекцискиот надзор. Освен тоа, новините вклучуваат и еднакви, пристапни и транспарентни дигитални услуги во општините, како и објавување методологија за утврдување на надоместоци за пристап и повторна употреба на податоци од јавниот сектор. Предвидено е и унапредување на дигиталниот систем за транспарентно финансиско известување и јавен надзор на финансирањето на политичките партии.
За потсетување, претходните акциски планови придонесоа за развојот на платформата data.gov.mk, дигитални механизми за консултации и други алатки за поголема транспарентност. Во текот на досегашното спроведување на ПОВ, пример за отворени податоци е и иницијативата во која целта била 30 општини да објават најмалку пет збирки податоци, цел која според податоците презентирани при почетокот на новиот циклус, била надмината со вклучување на 61 општина и повеќе од 300 збирки податоци.
Новиот план, според тоа, ја поместува темата од самото „објавување податоци“ кон пошироко дигитално управување и користење на технологијата за полесен пристап на граѓаните до институциите.
Понатаму, пет од заложбите предвидени во новиот План се однесуваат на климата и на животната средина. Фокусот не е само на самите еколошки политики, туку и на тоа како тие се носат и колку се достапни информациите за јавноста.
Прашањата поврзани со животната средина директно ги засегаат граѓаните, од квалитетот на воздухот и управувањето со отпадот, до инфраструктурни и енергетски проекти. Затоа, една од целите на ПОВ е информациите и процесите поврзани со овие политики да бидат подостапни и поотворени за јавноста.
Ова е и област во која досегашното спроведување на заложбите има проблеми. Анализите објавени во септември покажуваат дека дел од институциите што работат на прашања од животната средина и климатските промени сè уште немаат доволно ниво на транспарентност во процесите на донесување одлуки.
Отворена Влада, Собрание и судство во една рамка
Една од најзначајните системски промени во НАП7 е начинот на кој е поставен самиот акциски циклус. С. Македонија е членка на ПОВ од 2011 година и досега има спроведено шест национални акциски планови. Со седмиот циклус, Владата, Собранието и судството се поврзуваат во една заедничка национална рамка. Тоа, како што е наведено, не значи мешање на надлежностите, туку заеднички пристап кон принципите на транспарентност, отчетност и учество со почитување на автономијата на трите власти. Тоа ќе значи дека отвореноста веќе нема да се гледа само како обврска на извршната власт, туку во процесот ќе бидат вклучени и Собранието и судството со свои заложби и институционални одговорности.
Откако ќе заврши процесит на консултации кон крајот на месецот, Министерството за јавна администрација и Советот за ПОВ треба да ги разгледаат доставените предлози и да го финализираат документот. Предвидено е финалниот акциски план да биде утврден во текот на октомври, а неговото усвојување од Владата е предвидено до декември годинава.
Текстот е подготвен во рамките на проектот „Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на имплементација и дизајнирање на иднината“, финансиран од Секретаријатот за Партнерство за отворена власт.
Новиот план за отворена власт објавен на ЕНЕР, предвидува 20 заложби до 2028 година 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-06 09:21:24
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
