
Турнирот за 100.000 долари во бета верзијата на „World of Warcraft Forever“ е најскорешен настан кој предизвика масовни реакции кај гејмерите ширум светот.
Играчот „Warlockguy“ победи на турнирот со тоа што освои 50.000 долари, а останатата половина од сумата е распределена помеѓу другите играчи. На турнирот учествуваа и долгогодишни стримери активни во играта World of Warcraft (WoW) со децении кои за чудо беа лесно поразени од обични непознати играчи кои просто играа подобро, во продолжение можете да го изгледате целиот турнир на дуели во Класичната најнова верзија на World of Warcraft.
„World of Warcraft Forever“ е верзија на играта што би требало да го врати првичниот драж на основната World of Warcraft на играчите поради носталгија со многу опционални новитети, Додека општо за самата игра како франшиза имаме повеќе написи овде.
Турнирот на светско ниво во бета верзија бидејќи World of Warcraft: Forever излегува на 7 ноември, беше одлична шанса да се одговори на прашањато што гејмерите си го поставуваа околу тоа дали ќе се доживее повторно уникатното искуство на играње World of Warcraft до левел 60 во најкласична форма.
Класата „Warlock“ односно „Вештер“ („Демонолог“) тотално доминираше на натпреварот поради употребата на магијата Fear („Страв“) што предизвикува противникот да бега од вас додека му се прави „Drain Life“ со што си го враќате здравјето и може да го пукате со магии -а претходно фрлените проклетства полека им прават штeта уште од почетокот на дуелите. Победникот на „турнирот за еден на еден“ ја игра токму Warlock класата и не изгуби ниту еден дуел иако најниско што беше симнат беше 14% здравје.
Кастерите и сите ликови што се борат од далеку ги доминираа ликовите што се борат од блиску. Нукирањата од страна на Mage класата беа чести, но и имаше играчи што целовремено кајтаа („Кајтање“ е да му бегате на противникот целовремено додека го удирате од далеку со магии или стрели) класи како Warrior и Rogue кои маваат со сечива од блиску, единствено Паладините се покажаа како најуспешни од овој тип борци, поради магии за лечење, „станови“ и да не се заборави неранливоста од 10 секунди во „Bubble“(„Меурче“) -„света бариера“ која визуелно го опкружува ликот, а да не спомнуваме дека може и да се лечи и по малку или пак целосно со магијата Lay on Hands.
Додека Warrior класата статистички беше тотално домнирана од страна на класата Shaman со контиунирани победи. Warrior или Воин класата е една од најомилените класи на играчите не само ради естетиката на агресивен Херој Варварин и ефикасноста во битка, туку и поради способноста да ги носи сите видови оклопи и оружја од секаков тип и повеќето „End Game“ легендарни оружја одговараат на оваа класа -иако во класична форма немаше начини за самолечење и се потпира често на Priest лекувачите, а воедно Warrior е и најдобра класа за Тенк во дружина од почетокот на играта до ден денешен.
Иако Близард официјално при стартот на бетата објави дека Rogue класата ќе биде најдобра за Single Target односно борба против еден противник, на турнирот класата тотално пропадна на најдолните нивоа, ова е статистиката за целиот турнир според вебсајтот Timesaver.gg

Rogue класата во првата верзија на World of Warcraft беше доста фаворизирана дека беше најтешка за левелирање, дека лесно се загинуваше. Но со трпение и решителност и неоткажување играчите што во 2005 година играа Rogue како главен карактер се здобиваа со моќта од стелт и со нож да можат да егзекутираат било кој противник со само еден удар наречен „BackStab“-карактеристика што е тргната во World of Warcraft Forever. А и може да прават бројни „станови“ како Cheap Shot и Kidney Shot и да оневозможуваат противници да удрат назад воопшто и да неможат да реагираат укочени од брзи удари и така „Rogue-овите“ по кратка постапка сè уште можат да елиминираат противник многу брзо и експедитивно за неколку десетици секунди.
И за потсетување на играчите на Rogue-ови повеќето животно спасувачки магии за ликот како познатото исчезнување со димна бомба способност наречена „Vanish“ е недостапна, дека ја има само на повисоки нивоа во WoW Retail верзијата но не во класичните верзии на играта. Односно тековната главна верзија на играта со експанзијата „Миднајт“, за која за жал интересот драстично опаѓа, заради лошо составените најнови приказни во таа верзија од играта. Додека интересот за WoW Forever е сега сосема во подем и официјално излегува на 7 ноември, а за да учествувате треба месечна претплата и има опција да се купи расата Skyelf во пакет.
Кога сме кај прашањето „да се плати за да се учестува“- многу лош пристап за игра што ја има WoW како „сопствена традиција“ на гореспоменатиот турнир за дуели можеа да учествуваат грото само играчите што платиле за ран пристап во играта за да ја играат бета верзијата сега пред време. Додека бројот на вешти играчи што не учестуваа ширум светот е многу, многу поголем. Тоа ќе се покаже во понатамошниот развој на WoW Forever, која на шега по турниров беше наречена „Warlock Fearever“ во вид на најново „Меме“. -Дека Вештерите (Warlock) тотално се истакнаа како најсигурни борци победници во дуелите, а најголема предност им беше Fear („Страв“) магијата. На второ место општо е секако класата Паладин, иако и Шаманите високо котираат. Но ова не значи дека доколку би ја играле играта, дека овие класи се најдобар избор -можеби за PvP да, но поентата е да играте вас што ви се игра како класа и стил на играње, а не она што е најдобро според тековна „мета“ на играта.
Ако имавте потешкотии да ја разберете дел од гејмерската терминологија во овој напис на следниот линк има водич за гејмерски фрази што може да го прочитате, каде сите употребени називи се детално објаснети на македонски јазик.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-21 07:29:49
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

