
Кои компании од млечната индустрија ги довеле во заблуда потрошувачите со лажни неточни тврдења за составот на декларации на нивни производи? Јавноста останува покуса за одговор на ова прашање, иако истото е оправдано по објавата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за измама на потрошувачите во врска со млечни производи на пазарот. Мета побара, но не доби имиња на производителите, увозниците и конкретните испитувани производи, а без таа информација, потрошувачите не можат да знаат кои производи биле спорни и не можат да направат информиран избор при купување.
Како што информираше АХВ вчера, во пресрет на денешниот Светски ден на млекото, 1 јуни, од земени и анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, дури кај 10 компании утврдено е дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно, со тестирањата констатирано е дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното. Кај една компанија од која се земени 22 килограми ситно сирење како мостри, било утврдено дека наместо 20 проценти, како што е декларирано, во сирењето имало само 1 процент млечна маст. За ова на фирмата ѝ била изречена парична казна од 3.500 евра. На осум други компании, меѓу кои и увозници и производители, за слична измама на потрошувачите, односно помал процент на млечна маст од декларираното, им биле изречени казни од по 1.050 евра. На уште една млекара која наместо млечна маст користела палмина маст АХВ ѝ изрекла казна од 1.300 евра. Од оваа млекара биле одземени половина тон (500 килограми) „млечен производ“ и безбедно биле уништени на депонија.
Директорот на АХВ вели не ги обелоденува фирмите бидејќи биле заштитени со закон
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прашањето кои компании и нивни конкретни производи се „спорни“, тој одговори:
„Согласно Законот за лични податоци и согласно Законот за потрошувачите и согласно Законот за информации поврзани со храната, не можам да кажам до овој момент за кои фирми станува збор“.
Во врска со прашањето за тоа дали АХВ ќе иницира зголемување на казните за вакви случаи, Миланов информира дека во финална фаза биле измени на Законот за прекршоци во кој казните ќе биле поголеми.
Проф. д-р Соња Србиновска: Ова е измама
Објавените резултати од вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека кај дел од млечните производи постои несоодветност меѓу декларираниот и реалниот состав, што според експертите е сериозен проблем за заштитата на потрошувачите.
Проф. д-р Соња Србиновска од Институтот за анимална биотехнологија при Факултетот за земјоделски науки и храна на УКИМ, вели дека правилата во оваа област не се нови и дека уште од 2011 година постои јасна регулатива според која производ во кој млечната маст е заменета со палмина маст не смее да го носи називот „сирење“.
„Очигледно е дека правилникот не се почитува. Ова е измама и компаниите ова го прават за да заработат. Казните што им се изрекуваат се премали и мора да бидат многу поригорозни“, вели Србиновска.
Таа оценува дека е позитивно што Агенцијата за храна и ветеринарство почнала позасилено да го контролира квалитетот на производите на пазарот, но предупредува дека ваквите активности не смеат да бидат исклучок, туку правило.
„Ние како потрошувачи сме измамени од аспект на квалитетот. Затоа мора многу посериозно и поригорозно да се работи на редовни контроли. Не е доволно тие да бидат повремени“, нагласува Србиновска.
Според неа, проблемот не е во самото користење палмина маст, туку во недоволното или неточното информирање на потрошувачите.
„Ако производителот ја декларира палмината маст, тогаш мој избор како потрошувач е дали ќе го купам тој производ или не. Никаде не е забрането да се користи, но мора јасно да биде наведена на декларацијата“, посочува таа.
Србиновска додава дека потрошувачите очекуваат континуиран и еднаков квалитет од производите што ги купуваат.
„Не може денес да купам квалитетно сирење, а следниот пат од истата компанија да купам производ кој го нема истиот квалитет. Еден производ денес може да биде безбеден, а утре да не биде. Токму затоа инспекциските контроли мора да бидат редовни и чести, а казните за непочитување на правилата значително повисоки“, додава таа.
Палмината маст придонесува за запушување на крвните садови
Осврнувајќи се на здравствениот аспект, Србиновска посочува дека палмината маст е значително повеќе застапена во одредени млечни производи отколку во други прехранбени производи.
„Во чоколадото, на пример, палмината маст е застапена со околу еден процент, а во сирењето може да достигне и околу 20 проценти. Докажано е дека палмината маст придонесува за запушување на крвните садови. Таа е цврста маст и токму тука е проблемот. Слично е и со маргаринот“, предупредува Србиновска.
Една студија за која пишуваше „Гардијан“, откри дека една масна киселина што се наоѓа во палминото масло може да го поттикне ширењето на ракот.
Студијата, спроведена на глувци, покажала дека палмитинската киселина (palmitic acid) го поттикнува процесот на метастазирање (ширење на ракот во други делови од телото) кај рак на усната празнина и рак на кожата. Истражувачите тогаш предупредуваа дека пациентите не треба сами да започнуваат специјални диети сè додека не се спроведат клинички испитувања кај луѓе.
„Постои нешто многу посебно кај палмитинската киселина што ја прави исклучително моќен поттикнувач на метастазите“, изјавил Салвадр Азнар Бенита, од Институтот за истражувања во биомедицината во Барселона.
И проф. д-р Драган Даниловски е на став дека треба да се забрани употребата на палмино масло.
„Најлошо од сите масла е палминото, кое го има во мноштво производи – различни супи, наполитанки, кремови, грицки, чоколади, чипсови, бисквити. А адитивите, појачувачите на вкус, вештачките бои се посебна тема“, вели проф. Даниловски.
Можни здравствени последици од прекумерна консумација на палмина маст се покачување на ЛДЛ „лошиот“ холестерол во крвта, посебно ако се консумира во големи количини, потоа, зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања како што се атеросклероза (таложење масни наслаги во артериите), срцев удар и мозочен удар.
Алчноста му ја исцица маста на млекото 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-01 12:13:03 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


