
Македонија падна за уште три места подолу на Индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), и годинава се најде на 45-то место. Минатата година, државата исто така забележа пад од 36-то на 42-то место. Севкупно земено, за две години државата се најде девет места подолу на овој индекс и премина од „задоволителна“ во „проблематична“ во однос на слободата на печатот. Како една од главните причини што ги посочуваат од РСФ, е ширењето дезинформации и ниското ниво на профеисонализам, како и влијанието од властите.
„Иако новинарите не работат во непријателска средина, широкораспространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесува во намалувањето на општествената доверба во медиумите, што ги прави независните медиуми ранливи на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат слаби и понижувачки ставови кон новинарите“, пишува во објавата на Репортери без граници.
Оттаму додаваат дека иако телевизијата е доминантниот извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога, но како што велат „мора да се направи разлика меѓу професионалните онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинални содржини и индивидуални портали кој плагијализираат и копираат содржини. Исто така, постои голема разлика меѓу користењето и довербата: најгледаните ТВ станици – Алсат, Сител, МТВ1, Канал 5 – имаат низок индекс на доверливост“.
Во продолжение се посочува дека севкупното опкружување останува наклонето кон слобода на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе изложено на напади.
„Поради силни политички поделби, медиумите можат да бидат под притисок од властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи преку кои го насочуваат своето политичко и економско влијание. Јавниот сервис има недостаток од уредувачка и финансиска независност“, објави РСФ.
Во однос на правната рамка, оттаму посочуват дека додека уставот ја гарантира слободата на говор ја забранува зензурата, земјата бавно го усогласува законодавството со стандардите на Европската Унија, каде има намера да се придружи.

„Стратешките тужби против јавно учество (СЛАПП) служат како инструменти на заплашување и притисок врз независните медиуми. Повторното воведување на законската можност националните и локалните власти да се рекламираат во приватни медиуми поттикнува загрижност за можното поврзано политичко влијание“, велат од РСФ.
Што се однесува до економскиот контекст, се вели дека иако одреден вид на медиумска концентрација е забранета со закон, уредништвото на некои од големите ТВ канали е изложено на економски притисок од страна на сопствениците.
„Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донатори. Проектно-базираните странски грантови едвај придонесуваат кон нивниот опстанок, но не и кон нивниот развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиуми се цел на влијание и мешање од страна на маркетинг агенциите“, велат од РСФ.
И во однос на социолошко-културниот контекст од Репортери без граници повторно го нагласуваат проблемот со ширење дезинформации, потенцирајќи дека „иако не постојат јасни ограничувања во општественото и културното опкружување, социјалните мрежи и дигиталната сфера генерално го овозможуваат ширењето на дезинформации и сајбер закани“.
Како што додаваат, ова во комбинација со ниските професионални стандарди, придонесува за пад на јавната доверба во медиумите и го трасира патот кон напади на новинарите врз база на пол, етничка припадност или религија.
„Неколку инциденти го намалија чувството на безбедност кај новинарите, вклучувајќи напади на нивниот имот и случаи на полициско вознемирување. Од една страна, специјален обвинител беше назначен да ги води случаите со напади против новинарите во главниот град, додека се размислува за отворање на слични канцеларии во другите градови во државата. Од друга страна, новинарите кои го покриваат обвинителите се соочуваат со значителен притисок“, заклучуваат од РСФ.
За две години Македонија падна 9 места на Индексот на слобода на медиумите – една од главните причини е ширењето дезинформации 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-30 10:39:15 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


