Примероци од депонијата со фосфорен гипс на некогашната фабрика за вештачки ѓубрива ХИВ Велес, кај селото Згрополци се испитуваат во рамки на проект на Градежниот Институт Македонија – ГИМ и европски лаборатории и научни институции. Целта, како што информираат од Министерството за животна средина, е да се анализира составот на историскиот отпад за да може да се искористи искуството на европските земји во решавањето на ваков тип на депонии, но и за да се истражи потенцијалот за пренамена и повторна употреба на фосфогипсниот отпад. Идејата е да се развијат методи за употреба на отпадот за производство на суровини за индустриите за хартија, цемент, батерии, ѓубрива и детергенти.
Примероците од отпадот се испитувани во лаборатории кај нас и во Канада, Белгија и други земји, а извршена е хемиска, минералошка и радиолошка карактеризација.
„Истражувачите користеа широк спектар на научни методи за да го проучат отпадниот материјал. На примероците земени од депонијата на фосфогипс во Згрополци извршени беа радиолошка анализа со користење на гама спектрометрија и радиохемиски техники, минералошка и хемиска анализа за идентификување на минералите, составот на елементите и концентрациите на ретки земни елементи, мониторинг на животната средина, испитувања на радон во воздухот и прашина од PM-10 честички кои беа измерени на локации околу депонијата, вклучувајќи ги и местата на културно наследство. Заедно, овие методи даваат целосна слика и за материјалот и за неговото влијание врз животната средина“, велат од ГИМ.
Резултатите покажуваат дека материјалот содржи ретки земни елементи, што го прави потенцијално вреден, но потребно е внимателно управување со истиот. Минатата година се спроведени и испитувања на радиоактивноста на отпадот од страна на белгиски институт, кои покажуваат дека фосфогипсот содржи зголемени нивоа на природна радиоактивност, особено од ураниум, радиум, олово и бизмут, со алфа и бета активност кои се значително повисоки во споредба со природна почва.
Сепак, од ГИМ посочуваат дека надворешната доза на зрачење за луѓе кои престојуваат во близина на локацијата останува ниска и е под меѓународно утврдените безбедносни граници што значи дека фосфогипсниот отпад не претставува непосредна опасност од зрачење за жителите на околните населени места. Нивоата на надворешна изложеност остануваат ниски, а повремените посети на локацијата нема да доведат до штетни дози на зрачење. Но, од друга страна, испитувањата утврдиле дека фосфогипсот не е безбеден за употреба како градежен материјал во затворени простории, бидејќи радиоактивноста може да се акумулира во затворен простор.
„Во однос на потенцијалната употреба на отпадот во нови производи и можниот ризик за радиоактивност, во тек се дополнителни лабораториски испитувања, а конечната оценка за усогласеноста со европските стандарди ќе се донесе по добивање и тестирање на финалните производи“, велат од ГИМ.
Испитувањата покажале и дека депонијата се наоѓа во тектонски активна област, а подлогата е пропустлива, што создава ризик од инфилтрација во почвата или подземните води, а ветровите во Вардарската долина можат да разнесуваат честички и фина прашина од гипс, кои се детектирани на неколку километри оддалеченост, вклучително и кај археолошкиот локалитет Стоби.
„Проектот FIC-Fighters почна во јуни 2024 година и ќе трае 4 години. Финансиран е од Европската комисија во склоп на програмата HORIZON и во него учествуваат 26 партнери од цела Европа, кои опфаќаат истражувачки институции, приватни компании и непрофитни организации, се дел од проектот. Шестте студии на случај се лоцирани во Бареиро (Португалија), Кутина (Хрватска), Прахово (Србија), Турну Магуреле (Романија), Велес (Северна Македонија) и Картахена (Шпанија). Градежниот Институт Македонија е еден од 26-те партнери кои работат на демонстрирање на потенцијалот за пренамена и повторна употреба на фосфогипсниот отпад лоциран во Згрополци – дел од депонија настаната како резултат на работењето на фабриката Хемиска Индустрија- Велес“, велат од ГИМ.
Посочуваат дека целта на проектот е да демонстрира циркуларни и системски решенија за ремедијација на фосфогипсните депонии во Европа. Во октомври ќе биде пуштен во употреба и бесплатен онлајн портал посветен на депониите на фосфогипс низ Европа и пошироко меѓу кои и таа во Згрополци на кој ќе има податоци за количините и карактеризацијата на отпадниот материјал, потенцијалните еколошки проблеми, нивоата на радиоактивност и други информации.
Депонијата, која е дел од листата на жешките еколошки точки во земјава, се простира на површина од 70.000 квадратни метри и содржи 3,7 милиони тони фосфогипс кој е отпаден производ од индустријата за вештачки ѓубрива. Фосфогипсот, кој е со бела боја, на локацијата е депониран во периодот од 1979 до 2003 година, кога престала фабриката да работи, а оваа локација да се употребува за депонирање на отпад.
Од Министерството за животна средина велат дека очекуваат проектот да даде одговор колку би чинело чистењето на локацијата.
„Во рамки на проектот се земени примероци од околу 500 килограми фосфорен гипс од Велес, а нивната анализа, идентификација и валидација ќе ни помогне да го искористиме искуството на европските земји во решавањето на вакви проблеми и би било корисно за решавање на фосфорниот гипс во Велес“, велат од Министерстовото.
По објавата на „Мета.мк“, инспектори појдоа на депонијата со отпаден гипс кај Згрополци
Сепак, од таму нагласуваат дека депонијата, која со децении стои на отворено и незаштитена, и понатаму не е оградена, а нема ниту план да се оградува и покрај предупредувањата на експерти дека радијацијата од овој историски отпад е на границата на максималната вредност. Тоа, според професорот од Институтот за хемија на ПМФ, Трајче Стафилов, не е проблем за минувачи, но е опасно доколку некој поминува подолго време секој ден на таа локација. Испитувањата на радиоактивноста на отпадниот фосфорен гипс се направени минатата година.
„Добро е што во околината никој не живее. Радијација од околу 500 бекерели на килограм, што е на горната дозволена граница не е проблем за некој што кратко време би поминал таму, но за подолг период постои ризик. На пример, доколку работници се ангажираат за чистење на депонијата, ќе мора да бидат преземени мерки за заштита“, вели Стафилов.
Мета.мк повеќепати пишуваше за оваа еколошка жешка точка, за која се уште не е најдено решение. Во 2022 година, Државниот испекторат за животна средина констатираше дека на локацијата на депонијата нема табла со известување за опасност, не е поставена ограда околу депонијата, нема присуство на луѓе во околината, но има пристапен земјен пат до рамниот дел од депонијата и забележани се траги од стока на пристапниот пат до депонијата.
Пред повеќе од една ипол деценија постоела иницијатива за извоз на отпадниот гипс во Словенија за негова преработка, но тој проект не се реализирал. Обврската за решавање на ова прашање останува на државата, односно Министерството за животна средина, со оглед на тоа дека некогашниот индустриски капацитет кој го создал отпадот фабриката за вештачки ѓубрива ХИВ, била во државна сопственост.
Со европски проект се испитува дали отпадот од депонијата со фосфорен гипс во велешко може да се реупотреби 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-25 10:05:39 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

