
Изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска дадена за медиумите на 29.04.2026 г е спин по два основа – и околу тоа дека на среден рок „големи европски земји, десетици, ќе банкротираат“ и дека „нашите луѓе што живеат во Европа гледаат каква е ситуацијата“, недоречено од министерката, но со контекст дека поради тоа се враќаат во земјата, пренесува Вистиномер.
Пишува: Теофил Блажевски
Гордана Димитриеска – Кочоска, министерка за финансии, пред неколку дена даде изјава во чиј дел може да се детектира спин:
Спин: „Населението старее низ цела Европа. Ова е општ проблем со демографијата. Она што го кажувате вие, го кажуваме и ние таму. Колку што се сеќавам во изминатиот период, во Владата, премиерот имаше средби со иселеници кои се враќаат. Дури и на Запад ситуацијата не е како што беше порано. Гледате што се случува. Има некои проекции што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години, големи европски земји, десетици, ќе банкротираат. Ова значи дека нашите луѓе што живеат во Европа гледаат каква е ситуацијата, што не можеме да го кажеме за нас, напротив, добивме пофалби од ММФ и Светска банка во врска со консолидацијата на буџетот.
[Извори: СДК.мк; Инфомакс.мк – Г.Д. Кочовска/изјава; – датум, 29.04.2026]

Контраспин: Изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска за медиумите од 29.04.2026 г што е цитирана погоре е спин по два основа – и околу тоа дека на среден рок „големи европски земји, десетици, ќе банкротираат“ и дека „нашите луѓе што живеат во Европа гледаат каква е ситуацијата“, недоречено од министерката, но со контекст дека поради тоа се враќаат во земјата.
Првиот спин министерката Димитриеска – Кочоска го кажа со појаснување дека „има некои проекции што ги имаат меѓународните финансиски институции“, кои укажуваат на банкротот на десетици големи европски земји. Министерката кога изнесува во јавноста ваква изјава, во најмала рака би требало да посочи две-три меѓународни финансиски институции за изјавата да има кредибилност, во спротивно може да се најде во проблематичната категорија или полувистина или невистина или извртена вистина т.е. спин.
Пред оваа реченица министерката појаснуваше дека во работната посета на САД каде што заедно со други претставници на Владата учествувала на меѓународен собир каде што биле разгледувани податоците на Светска Банка(СБ) и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), разгледувале последен развој на настаните поврзан со економските импликации и по глобалната и по локалните или регионалните импакти од сè уште незавршена голема војна на територијата на Евроазија помеѓу Русија и Украина, како и заканите што произлегуваат од Иранската војна на којашто сè уште не ѝ се гледа крајот, без оглед на моменталното кршливо примирје и преговорите помеѓу Техеран и Вашингтон со помош на посредници, пред сè Пакистан (види целосна изјава од владиниот јутјуб канал од после 19.мин во видеото).
Имајќи го предвид тоа, може да се претпостави дека министерката, споменувајќи ги проекциите на меѓународните финансиски институции за банкротот би требало да ги подразбира и ММФ и СБ. Како што добро забележаа дел од медиумите по изјавата:
ММФ прогнозира дека забавување на реалниот раст на 3,1 процент во 2026 година и инфлација од околу 4,5 проценти, под притисок на повисоките глобални цени на енергенсите. Институцијата предупредува и дека подолг конфликт на Блискиот Исток, послаба економија во ЕУ, фискални пролизгувања, ад хок зголемувања на плати и пензии и повисоки инфраструктурни трошоци можат да ја одложат фискалната консолидација.
Светска банка, пак, според истиот медиум оценува дека:
Растот во Македонија се засилил во 2025 година, но истовремено предупредува на приходни потфрлања, растечки долг и потреба од навремена фискална консолидација.
За дел од документите на ММФ и СБ
На пример уште во октомври 2025 година на прес брифинг по повод последниот финансиски мониторинг на ММФ, меѓу другото беше речено:
Многу големи економии имаат јавен долг поголем или се предвидува дека ќе порасне над 100% од БДП. Меѓу Г-20, тоа се Канада, Кина, Франција, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД. Овие земји обично имаат длабоки и ликвидни пазари на суверени обврзници (берза од каде долгорочно се финансираат јавни и приватни фондови -н.з) и честопати широк избор на политики, што резултира со умерени (жолта) или ниски (зелена) оценки за фискален ризик“, објасни Гаспар (Витор Гаспар, директор на Одделот за фискални прашања на ММФ-н.з.).
Ниту пребарувањето на последните извештаи за глобалните и регионалните перспективи или импликации врз светската или регионалните економии издадени од Светска банка не укажуваат на банкрот на десетици европски големи земји во следните 10 до 15 години.Тоа може да се види од документите под наслов Глобални економски перспективи (од 2026 г.) или од потесно фокусираната публикација за Перспектива на стоковите пазари (април 2026 г.) иако се набројани ризиците и проекциите и генерално и регионално и локално.
Според тоа, иако не може да се исклучи дека во некој документ од други меѓународни институции министерката прочитала за можноста за банкрот на десетици големи европски земји, на пример, Германија, Франција Италија, Велика Британија, Полска, итн., во двете најголеми и најчесто цитирани институции СБ и ММФ, не постои таква проекција. Оттука, првиот дел од изјавата на Димитриеска-Кочоска што ја рецензираме, би можел да се оцени како извртена вистина или спин.
БРОЈОТ НА РЕГИСТРИРАНИ ЛИЦА СО ПОТЕКЛО ОД С. МАКЕДОНИЈА
ВО СР ГЕРМАНИЈА РАСТЕ (2021-25)
Година |
Регистрирани лица со потекло од С. Македонија |
Извор на податокот |
2021 |
114,800 |
Конечна бројка заклучно со 31.12.2021 (*Destatis). |
2022 |
132,425 |
Го рефлектира значителниот раст после пандемијата (*Destatis). |
2023 |
143,625 |
2023 Migration Report објавен на почетокот од 2025. |
2024 |
146,380 |
Официјална конечна бројка заклучно со 31.12.2024 (*Destatis извештај од 2025). |
2025 |
~150,000 (проц.) |
Прелиминарни проценки од 2026 *Destatis. |
* Федерално статистистичко биро на Сојузна Република Германија – Genesis-Online база на податоци (https://www-genesis.destatis.de/datenbank/online)
Макстат не укажува на тренд, а особено не на големи бројки
Таа изјава пак е наменски кажана за да се поврзе вториот дел од изјавата на министерката, дека нашите што живеат таму го гледаат тоа, а контекстот на кажаното најмногу наликува и упатува дека нашинците во странство го гледале и го знаат овој податок (за потенцијалниот банкрот), па затоа почнале да се враќаат во татковината.
Иако звучи како прекрасна вест за јавноста, за жал и оваа изјава на Димитриеска – Кочоска е без поголема емпириска поткрепа. Станува збор за компарација на бројот на заминувања – отселувања, привремени и трајни и доселувања за истиот период. Такви податоци треба да ги водат институциите на државата, пред сè базите на податоци што ги има МВР, Фондот за здравство и други, а кои се сливаат и во Државниот завод за статистика, не можат да укажуваат на потраен процес кој би ја свртел демографската позиција во која се наоѓа земјата, а која сè уште е многу неповолна.
Последните такви официјални податоци ги води ДЗС. На нивниот веб-сајт во базата податоци Макстат има бројки до 2024 година. Од овие бројки произлегува дека годишно се иселуваат по околу 2 илјади лица, при што граѓани на РСМ се околу 1.900 за 2022 г, околу 2.000 за 2023 година и околу 1.700 за 2024 година. (извор тука).
За истиот период во земјата се доселиле од други држави околу 3.000 за 2022 г. и 2023 г. и има скок од околу 7.400 за 2024г., од кои граѓани на РСМ се околу 400 за 2022 г., околу 500 за 2023 г. и околу 500 за 2024 година.(извор тука).
Овие бројки сè уште кажуваат за многу поголемо отселување отколку доселување на граѓани на државата, со ислучок на 2024 г, но на вкупниот број доселени, додека граѓани на РСМ се доселиле по околу 500 за последните три години.
Но, проблемот е што и ова треба да се земе со резерва, посебно кај иселувањето, зашто и покрај задолжителната обврска граѓаните тоа да го пријават во МВР при заминувањето, огромно мнозинство тоа не го прави.
Оттука, можеби министерката знае некои други бројки, на пример за 2025 г. но ги нема официјално, а Димитриеска-Кочоска не се повика на такви податоци.
Имајќи предвид погоре кажаното и вториот дел од изјавата на министерката дека нашинците гледале дека во Европа се живее полошо и имајќи предвид дека десетици европски земји ќе банкротирале за 10 до 15 години, па консеквентно, иселениците се или ќе се враќаат дома, како што се имплицира во изјавата – и овој дел може да се нарече извртување на вистината или спин. Бројките на Макстат не го покажуваат тоа, зашто иселувањето е сè уште поголемо од доселувањето кога зборуваме за категоријата граѓани на државата или државјани на РМ, како што се водат во базата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Контраспин: Oптимизмот за квалитетот на живот и прогрес во МКД, наспроти мрачните прогнози за Европа 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-06 07:46:39 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


