
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за Бугарскиот Еуроњуз порача дека ќе му биде жал и за земјата и за граѓаните на Македонија, ако Владата не ја искористи можноста што е создадена сега околу приклучувањетѕо во ЕУ. Тој притоа истакна дека проблем не е само вклучувањето на Бугарите во Уставот туку и неостварената рефорсма агенда, со оценка дека во моментов не гледа никаков напредок и никакви реформи во земјата. Дела е изгубена цела година.
Вајц и овојпаст повтори дека уставните измени сепак се условот без кој преговорите навистина не можат да продолжат.
„Точно така. Но, гледаме некои позитивни чекори. Постои Акционен план за прашањата на малцинствата, така што има одреден развој, но владата мора да ги спроведе реформите. Во спротивно, не можеме да се вклучиме во вистински преговори’, порача кратко Вајц.
Околу дилемата дали Македонија може да биде земја сигурен партнер на ЕУ бидејќи постојано ги критикува соседите, па и Европската унија, Вајц одговори одоколу:
„Меѓусебното почитување меѓу нашите земји е основа на нашата соработка во Европската Унија. Ова важи за сите земјите во Европската Унија, но и за сите кандидати кои сакаат да станат членки на ЕУ. Разбирањето е дека само заедно, особено во oвие геополитички времиња, само заедно како европски народи сме способни да го браниме нашиот европски начин на живот, нашите европски вредности. И ова важи за сите влади, како и за владата на Северна Македонија. A, во последната година во Северна Макеоднија нема никаков напредок, нема реформи и не станува збор само за почетокот на преговори, туку и за реформската агенда, за Планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47 милиони евра нема да отидат кај неа, туку кај соседните земји“, рече Вајц.
Зборувајќи за најважните реформи за пристапување кон Европската Унија и за самата земја, Вајц ги наброја реформите во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, обезбедувањето независно судство кое обезбедува правда за граѓаните, но и за бизнисите, како и за развојот на земјата. „Без Европската Унија, ако немате соодветен статус на владеење на правото, нема да привлечете странски инвеститори. Значи, ова е клучно прашање. И да, корупцијата е рак во нашите општества, а исто така и во Европската Унија. И во мојата земја сè уште се бориме со корупција. Прашањето е дали имаме институции, дали имаме законодавство, дали имаме власти кои се способни и спремни и имаат политички простор да дејствуваат за борба против корупцијата или не. И сè уште треба да видиме подобрување во оваа насока од страна на Северна Македонија и Владата на Северна Македонија. Ова е јасно наведено и во извештајот“, посочи Вајц.
Запрашан за барањето одново да се преговара Преговарачката рамка, Вајц отфрли таква можност.
„Заштитата на малцинствата и правото на самоопределување, како и културното изразување. се дел од главните европски вредности. Ова е предуслов. Ова се Копенхашките критериуми. Секоја земја што аплицира за пристапување мора да ги исполни овие барања и ова нема да се промени. Значи, не само од моја гледна точка, прашањето не е предмет на преговори, туку го слушам ова и од Советот и од Комисијата. Ова е нешто што земјата треба да го направи. Да внесе дополнителни малцинства во уставот и да го гарантира правото на самоопределување и културно изразување. Ова е барање на Европската Унија. Ова е предуслов и мора да се исполни. Во спротивно, без уставен амандман, нема да започнеме преговори’, беше категоричен Вајц.
На прашањето колку е голем ризикот Северна Македонија трајно да остане изолирана, ако политичката елита продолжи да се потпира на националистичка реторика наместо на реформи, Вајц рече дека она што го гледа како позитивно е дека постои изјава дека нема да има избори следната година и најава дека владата на Северна Македонија е подготвена да ги забрза своите напори во однос на реформите.
„Разликата меѓу Македонија и Албанија го следи принципот на заслуги. Албанија напредува многу брзо, особено кога станува збор за законодавството. Во однос на неговото спроведување во пракса, сè уште треба да видиме повеќе на терен. Не треба да ја запреме едната страна затоа што другата не напредува. Исто така, се надевам дека пристапувањето на Албанија или големите шанси за Албанија да се приклучи, исто така, ќе дадат поттик на политичката сцена во Северна Македонија. Го гледам ова кај луѓето. Откако започна разграничувањето, поддршката за Европската Унија во Северна Македонија расте и се надевам дека владата ќе ги слушне своите граѓани. Тоа е тоа што луѓетого сакаат, а не го сакаат толку многу поради еден политички или идеолошки аргумент, туку главно поради владеењето на правото, безбедноста, како и економскиот развој, прашања од секојдневниот живот“, рече Вајц.
Тој не верува дека ова оддложување на процесот ќе не втурне кон евроскептицизам или кон Русија и србија.
„Гледам разбирање кај владата дека Европската Унија беше на нивна страна вчера, дека ги поддржува сега и е подготвена да ги поддржи и утре. Постои прозорец на можности за сите земји од Западен Балкан во однос на пристапување, бидејќи геополитичката ситуација многу јасно покажува дека само ако ги обединиме нашите сили, сите можеме да бидеме безбедни. И ова создава значителен импулс, како за земјите од Западен Балкан, така и овде во Европската Унија. Не гледам ниту една земја, ниту една земја-членка која е остро против проширувањето. Сите земји-членки во принцип се за проширување, и ова е навистина можност. И ако владата во Северна Македонија не ја искористи оваа можност, се плашам дека тоа ќе разочара голем дел од нејзиното население.Можам само да ја повикам владата да разбере дека ситуацијата во моментов е многу поволна во однос на пристапувањето. Ако не ја искористат оваа можност, многу ми е жал за земјата и за нејзиното население“, рече Вајц.
Гледајќи напред, беше следното прашање, кога реално Северна Македонија може да се приклучи на Европската Унија?
„Доколку Северна Македонија е сериозно посветена на реформите и имајќи предвид дека земјата е кандидат повеќе од 25 години, таа веќе направила некои чекори што другите земји сè уште не ги направиле, како што се Босна или Србија. Значи, ако навистина се посвети на сериозни реформи, сепак би имала некаква шанса да се приклучи на клубот на Албанија и Црна Гора за да се приклучат во овој мандат на Европскиот парламент. За жал, досега не гледам дека се преземаат потребните реформи. Во овој момент, не гледам политичка волја од страна на владата сериозно да се посвети, особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството. Цела година е изгубена. Но, јас сум таму за да поддржам. Јас сум тука да помогнам регионот да се движи напред. Затоа нема да се откажам“.
Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-27 08:34:05 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


