Охрид е преплавен во дивоградби кои општината не ги урива, локалните власти немаат донесено урбанистички планови за 20 населени места, се дозволила изградба на куќи и на хотели без платени комуналии, Општината не ги заштитила заштитените подрачја од нелегална урбанизација, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36 милиони денари е без Програма и претходно обезбедена согласност од Советот, покажува ревизијата на финансиските извештаи за Општина Охрид за 2024 година, направена од Државниот завод за ревизија.
Во дел од населените места се градат куќи и хотелски комплекс, без одобрение за градба и за кои воопшто не се платени комуналии. Советот на Општината за 11 населени места и села нема донесено урбанистички планови, а за 9 населени места донесени се решенија за одобрување на планска програма за изработка на урбанистички план, но истите се уште не се донесени. Локалните власти не го донеле ниту урбанистичкиот план за крајбрежјето, за појасот со ширина од 50 метри, а за Годишната програма за поставување на урбана опрема за 2024 година, не е обезбедено позитивно мислење и согласност од Управата за заштита на културното наследство.
Општината врие од дивоградби, констатирала ревизијата. За дел од нив, 1.748 се донесени дека треба да се вклопат во урбанистички планови, но во рок од пет години тоа не е направено. Од друга страна, пак, 4.847 дивоградби, меѓу кои некои и во националниот парк „Галичица“ и на крајбрежјето, добиле решенија дека не можат да се легализираат, но не се преземени мерки истите да бидат отстранети.
„Со ова, не е испочитувана обврската предвидена со „Планот за заштита на културно наследство“ за детален инвентар на сите бесправно изградени објекти, проценка на нивното влијание врз исклучителната универзална вредност на општината и отстранување на сите бесправни изградени објекти, особено во Националниот парк „Галичица“, за кои, врз основа на претходно спроведените оценки ќе се утврди дека претставуваат закана за доброто, вклучително и за интегритетот и автентичноста на градот“, велат ревизорите.
Ревизорите констатирале и дека Општина Охрид не си ги побарала парите од надоместокот за одржување на јавна чистота, а ЈП „Охридски Комуналец“ со години не ги уплаќл овие средства во општинскиот буџет. За 2024 година, по овој основ јавното претпријатие прикажало обврски од 22,8 милиони денари, а општината има поднесено тужби за 2021, 2022 и 2023 година во износ од 53,8 милиони денари.
Исто така, Општината не ги побарала ниту парите за комунална такса за паркирање, а јавното претпријатие кое стопанисува со паркинзите на подрачјето на општината ЈП „Билјанини извори” Охрид со години ја нема уплатено комуналната такса, чија што обврска според евиденцијата на претпријатието, изнесува речиси четири милиони денари.
„Без Одлука од Советот на општината, извршен е отпис на побарувања од буџетски корисници во износ од 534.000 денари за фактурирани комунални трошоци во период од 2017-2020 година и отпис на 4,8 милиони денари, претплатни салда за кои нема соодветна поткрепувачка документација, а се однесуваат на повеќе физички и правни лица“, посочува ревизорскиот извештај.
Општинските власти не испраќале навреме решенија за данок на имот, a на тие што доцнеле со плаќање не пресметувале и наплатувале камата. Тие не го усогласиле ниту надоместокот за уредување на градежното земјиште, што влијае на остварените приходи и средствата потребни за уредување на земјиштето.
Во текот на 2024 година, 23 угостителски објекти користеле јавна прометна површина без издадено одобрение за поставување на урбана опрема и уплатена комунална такса за користење на просторот, а издадените одобренија иако се однесуваат за период од 3 месеци, се користат за 12 месеци. Поставената урбана опрема, натстрешници кои се градежно прицврстени на јавната површина со фиксна конструкција, челични столбови, затворен простор со стаклена преграда не претставуваат лесно монтажен-демонтажен елемент и ја нарушува основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот.
ДЗР: Во Охрид има дивоградби и во националниот парк и на крајбрежјето, општината ништо не презема за да се отстранат 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-27 12:08:24 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

