
Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека се земени мостри и истите се анализирани, но ниедна надлежна институција не открива информации кои се однесуваат на резултатите.
На прес-конференција одржана завчера, само беше соопштено дека добиените резултати се задоволителни.
„Ние земавме мостри од три места во исто време во Гостивар и истите ги предадовме на анализа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Таму се прават анализите, а не во Институтот. Одговори побарајте таму“, ни рече Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Мета за одговори се обрати во АХВ. Оттаму ни рекоа дека не се во можност да ни ги достават резултатите или барем да ни достават информации за наодите. И тие топката ја префрлаат на друга институција. Велат земале примероци од 7 мерни места во присуство на стручни лица од Институтот за јавно здравје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Примероците биле испитани во две различни лаборатории во Скопје, една на Институтот, и една на Водовод. Двете институции, за добиените резултати, ги известиле Агенцијата за храна и ветеринарство и Кризниот штаб. Но, не соопштуваат пред јавноста какви се тие.

„Напоменуваме дека резултатите од лабораториските испитувања може да ги објави единствено странката која е барател на анализите, а странката во случајот е Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар. Оттука, Агенцијата за храна и ветеринарство не е во можност да ги објави или достави резултатите од анализите за кои не се јавува како барател“, пишува во писмениот одговор од АХВ на нашето барање.
Со оглед на тоа дека во АХВ ни беше посочено дека странката е „Комуналец“ од Гостивар, се обративме и таму, но на телефонскиот број беа недостапни, а не одговорија ниту на прашањата испратени на мејл.
Мета беше во Гостивар на 11 август, повеќе од три недели откако беше прогласена епидемија во градот. Гостиварци ни рекоа дека не веруваат на информациите што ги споделуваат институциите, па затоа купуваат флаширана вода за пиење.
Два дена по репортажата на Мета, на 14 август, во Гостивар вода од градска чешма пиеја неколкумина локални и државни функционери. Меѓу нив и Зуди Џелили, координаторот на локалниот кризен штаб и вработен во Општина Гостивар, директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Шаќир Зулбеари, директор на Центарот за јавно здравје Гостивар. Според нив, испитувањата покажале дека водата во Гостивар е безбедна за пиење, односно добиените резултати потврдиле дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна.
Откако е прогласена епидемијата во Гостивар на 19 јули, досега, здравствените власти евидентирале 1.149 заболени лица од ентероколит, односно стомачен вирус. Иако здравствените експерти предупредуваа дека бројките на заразени се 4-5 илјади (голем број од нив не се јавиле на лекар), од ИЈЗ за Мета објаснуваат дека бројката од 1.149 се базира само на пријавите кои ги прават лекарите што дијагностицираат и ги доставуваат до нив.
Според директорот на АХВ, водата во Гостивар е микробиолошки исправна уште од крајот на минатата недела но нивото на хлор било на дозволеното, односно 0,5 милиграми на литар.
2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-08-18 14:33:10 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

