• News
  • Investigations
  • Online Store IUSTITIA
  • Real Estate agency
  • Petar Nizamov
  • Fitness & Wellness coach
  • Food Delivery
  • Charcoal retail
  • Firewood Wholesale
  • Charcoal Wholesale
  • Web Development agency
ar العربية dk Dansk de Deutsch gr Ελληνικά en English bg български czech Čeština es Español fr Français il עברית hr Hrvatski hu Magyar it Italiano lt Lietuviškai lv Latviešu valoda mk македонски јазик no Norsk Bokmål nl Nederlands pl Polski pt Português ro Română ru Русский sk Slovenčina si Slovenščina sr Српски језик se Svenska tr Türkçe ua Українська japan 日本語 thai ไทย iran فارسی china 中文 (中国) belarus Беларуская мова osterreich Deutsch Austria schweiz Deutsch Switzerland shqiperia shqiperia usa English USA bih Bosanski
Thursday, October 22, 2026
Лого за веб-страница посветена на истражувачко новинарство и длабински написи на теми од јавен интерес
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
Лого на медиумска организација специјализирана за истражувачко новинарство, која објавува статии, анализи и документарни материјали од јавен интерес
No Result
View All Result

Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на Македонија 2026

Юстиция Иванова by Юстиция Иванова
October 15, 2026
in Без категория
0
Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на македонија 2026

Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на Македонија

Спорови и блокади блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на македонија 2026 blokadite evrointegratsiite ekskluzivna istori makedoni спорови и блокади iustitia. Bg хронолошкиот преглед што следува на актуелните, но и некои подзаборавени политички процеси во европа, вели дека има многу примери на спорови и блокади со кои се справувале – и... Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на македонија 2026 2026-10-15 15:28:12 правда - юстиция спорови и блокади

Хронолошкиот преглед што следува на актуелните, но и некои подзаборавени политички процеси во Европа, вели дека има многу примери на спорови и блокади со кои се справувале – и сè уште се справуваат – земјите кандидатки за членство во ЕУ. Повеќето спорови и блокади се надминати со дипломатски средства, но има и спорови кои претставуваат „замрзнати случаи“, без скорешен видлив напредок, пренесува Вистиномер.

Пишува: Стојан Синадинов

Долгогодишниот политички спор меѓу Северна Македонија и Бугарија – кој се однесува на македонскиот јазик, националниот идентитет, толкувањето на заедничката историја и правата на луѓето што се самоопределуваат како Македонци во Бугарија – влијае врз процесот на пристапување на С. Македонија во Европската Унија.

Во 2017 г. двете држави потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка, со кој се предвидоа соработка и заедничка комисија за историските прашања. Во 2020 г. Бугарија го блокираше напредокот на С. Македонија кон отворање на пристапните преговори поради нерешените прашања поврзани со историјата, јазикот и спроведувањето на Договорот. Во 2022 г. прифатена е рамка за преговори со ЕУ – т.н. француски предлог – според која уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот се услов за преминување кон следната фаза од процесот. Во тековната 2026 г. уставните измени сè уште се клучна пречка за формалното отворање на следната фаза од преговорите, бидејќи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции за понатамошниот тек на процесот.

Ако го споменеме тука и Преспанскиот договор со Република Грција од 2018, со кој по повеќедецениски спор С. Македонија ја отвори вратата за влез во НАТО – значи ли тоа дека ваквите меѓудржавни спорови како пречка за евроинтеграциите се „ексклузивна“ историја на земјава?

Воопшто не!

Хронолошкиот преглед што следува на актуелните, но и некои подзаборавени политички процеси во Европа, вели дека има многу примери на спорови и блокади со кои се справувале земјите кандидатки за членство во ЕУ.

Можните вета за Црна Гора
Оваа недела е значајна за проширувањето на ЕУ, бидејќи Албанија треба да затвори уште едно поглавје од преговорите за пристапување на 13 октомври, а Молдавија и Украина треба да ги отворат преговорите за дури 17 поглавја, со што вкупниот број ќе достигне 24 од вкупно 33, откако претходно беше надмината уште една почетна блокада од страна на Унгарија.

Во контекст на темата, интересен е случајот со Црна Гора, која влегува во клучна фаза од својата амбиција да стане 28-та земја-членка на ЕУ до 2028 година. Меѓутоа, врз нејзината евроинтеграција виси сенката на можното вето од страна на Хрватска заради неколку спорови. Црна Гора на 12 октомври ги затвори преговорите за три поглавја, со што вкупниот број достигна 21 од 33, со надежи дека овој месец ќе се затворат уште четири поглавја.

Нерасчистените билатерални прашања со Хрватска се однесуваат на транспортната политика – правото на транспортна компанија од една земја на ЕУ да обезбедува услуги во друга – поради стравувањата дека поевтините црногорски камионџии ќе им ја загрозат работата на хрватските конкуренти, односно загриженоста за начинот на кој работи црногорската поморска агенција. Но, тука се и историските прашања, кои спаѓаат во Поглавјето 31 фокусирано на надворешната политика.

Разговорите на Црна Гора за затворање на Поглавјето 31 сè уште не се ни започнати бидејќи хрватските барања вклучуваат расчистување на прашања кои произлегуваат од војните во 1990-тите години. Тие се однесуваат на базенот во црногорскиот град Котор кој го носи името „Зоран Гопчевиќ“. Хрватска бара преименување на објектот, бидејќи Гопчевиќ за време на воените конфликти во деведесеттите бил чувар во логорот Морињ, во кој стотици хрватски затвореници биле подложени на тортура.

Потоа, спорно е чиј е едреникот „Јадран“, изграден во 1933 година, кој најдолго бил стациониран во хрватскиот приморски град Сплит, но во 1991 година се наоѓал во Црна Гора и таму останал до ден денешен. Сега Хрватска бара да ѝ биде вратен, а Црна Гора смета дека присуството на бродот на нејзина територија во моментот на распадот на Југославија ѝ дава право на законска сопственост.

Останати спорови
Спорот меѓу Словенија и Хрватска за границата во Пиранскиот Залив траел релативно кратко: Словенија ја блокирала Хрватска 10 месеци, од декември 2008 до септември 2009. По распадот на СФРЈ, Словенија и Хрватска спореле околу разграничувањето во Пиранскиот Залив. Словенија како членка на ЕУ од 2004 се обидуваше да обезбеди директен коридор до меѓународните води, и во декември 2008 година го искористи правото на вето за да го блокира отворањето и затворањето на повеќе преговарачки поглавја за Хрватска, со што ефективно го замрзна напредокот на Хрватска во процесот на пристапување.

Блокадата заврши откако двете земји го потпишаа Договорот од Блед, обврзувајќи се дека спорот за границата ќе го упатат пред меѓународен арбитражен трибунал. Овој договор ѝ овозможи на Хрватска успешно да се приклучи кон Европската Унија во 2013 година.

Претходно Италија ја блокираше Словенија како прва постјугословенска република што се приклучи кон ЕУ заради спорот за имотните права на „езулите“ кој траеше околу 2 години, од 1994 до1996. По прекројувањето на границите по Втората светска војна, илјадници етнички Италијанци (познати како „езули“ или прогонети) избегаа или беа протерани од полуостровот Истра и од Далмација, а нивниот имот беше конфискуван. Во раните 90-ти години, Италија побара од независна Словенија да ги измени својот Устав и законите за имот, со цел да им се овозможи на овие италијански прогонети лица повторно да го откупат својот поранешен недвижен имот.

Во 1994 година, Италија во периодот на првата влада на премиерот Силвио Берлускони го искористи ветото за да го блокира потпишувањето на Спогодбата за асоцијација меѓу Словенија и ЕУ, со што ефективно го замрзна почетокот на процесот на интеграција. Спорот беше решен во 1996 година преку таканаречениот „Шпански компромис“ (постигнат со посредство на Шпанија за време на нејзиното претседавање со ЕУ). Словенија се согласи постепено да го отвори својот пазар на недвижности за сите граѓани на ЕУ – вклучително и за италијанските прогонети лица – со што се овозможи повлекување на ветото. Словенија конечно се приклучи кон ЕУ во 2004 година.

Блокадата на Грција против Албанија во случајот „Белери“ траеше од крајот на 2023 до средината на 2024 година. Овој случај не е класичен територијален спор, туку судир околу правосудството, изборната демократија, правата на малцинствата и влијанието на билатералните односи врз европската интеграција.

Во 2023 година, Фреди Белери, албански политичар од редовите на етничките Грци, беше избран за градоначалник на крајбрежниот град Химара, но истовремено беше уапсен и затворен од албанските власти под обвинение за купување гласови. Атина го сметаше затворањето за политички мотивирано и како кршење на владеењето на правото и на правата на етничките малцинства. Грција изнесе официјални забелешки пред Комитетот на постојани претставници на ЕУ, со што ефективно го блокираше отворањето на првиот кластер од поглавјата за пристапување на Албанија во ЕУ.

Откако Белери беше избран за пратеник во Европскиот парламент како претставник на Грција во јуни 2024 година, неколку месеци подоцна, во септември 2024 година, беше пуштен од затвор на условна слобода.

„Замрзнати“ спорови
Принципот на едногласно одобрување во процесот на проширување на ЕУ е широко применувано и надвор од Западен Балкан, што доведе до неколку познати историски, но и тековни блокади низ Западна Европа, Централна Европа и Источниот Медитеран. Меѓу најзначајните случаи во кои земја членка ја искористила својата позиција за да го блокира или значително да го одложи пристапувањето на некој сосед е ветото на Кипар (членка на ЕУ од 2004) против Турција од 2006 до денес.

Во декември 2006 година, на иницијатива на Кипар, Советот на ЕУ формално ги суспендираше осумте клучни преговарачки поглавја за Турција. Во текот на наредните години, Кипар еднострано блокираше уште неколку поглавја и практично оттогаш преговарачкиот процес на Турција за пристап во ЕУ е замрзнат.

Пристапниот процес на Турција во ЕУ бележи најдолг застој во европската историја. Турција официјално не ја признава Република Кипар, има воени контингенти во отцепениот северен (турски) дел на островот и одбива да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за грчко-кипарските бродови, што е кршење на Дополнителниот протокол кон Договорот од Анкара. Спорот е обременет и со сериозни и тековни спорови во врска со ексклузивните економски зони и истражувањето на гас во Источниот Медитеран.

Франција го блокирала членството на Обединетото Кралство во ЕУ 10 години (1963–1973). Францускиот претседател Шарл де Гол сметаше дека Обединетото Кралство е суштински некомпатибилно со европската интеграција, односно дека британската економија е премногу силно поврзана со Комонвелтот, дека нејзиниот земјоделски систем е во спротивност со интересите на француските земјоделци и дека Обединетото Кралство ќе дејствува како „тројански коњ“ за американското влијание во Европа.

Де Гол еднострано стави вето за пристапување на Обединетото Кралство кон заедничкиот европски пазар во два наврати – во 1963 година и во 1967 година. Блокадата престана дури откако Де Гол поднесе оставка во 1969 година, а неговиот наследник, Жорж Помпиду, овозможи конечно да продолжат преговорите, па Обединетото Кралство се приклучи кон тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ) како претходница на ЕУ во 1973 година.

Како што може да се потврди од овие неколку примери, трнливиот процедурален преговарачки пат на С. Македонија кон ЕУ не е осамен пример во историјата на проширувањето на Унијата. Повеќето спорови и блокади се надминати со дипломатски средства, но има и спорови кои претставуваат „замрзнати случаи“, без скорешен видлив напредок.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на Македонија 2026

IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-15 15:28:12

Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

IUSTITIA

Previous Post

2026

Next Post

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон пред да биде застрелан 2026

Next Post

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон пред да биде застрелан 2026

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

  • Rating

Search / Търси в сайта

No Result
View All Result
гугъл новини, гоогле новини, гугъл нюз, гъгъл нюз, google news, news google, google.bg, news.google.bg, Юстиция, новини, последното, най-важното, видео, телевизия, радио, Новини, петър низамов

Recent Posts

  • Путин се согласи да ги обнови тристраните мировни преговори со Украина и САД 2026
  • Русија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард по повеќе од четири години 2026
  • Словачка започнува економски разговори со Русија за прв пат по инвазијата на Украина 2026
  • Администрацијата на Трамп поништила над 300.000 визи 2026
  • Светот мора да го намали загадувањето за 18 отсто во следните четири години, предупредуваат ОН 2026
  • Воен авион се урна во североисточна Франција, загина еден пилот а вториот се води како исчезнат 2026
  • Играчот познат како „Warlockguy“ победи на турнир во „World of Warcraft: Forever Open Beta“ вреден 100.000 долари 2026
  • САД повторно почнаа да споделуваат разузнавачки информации со Украина, по средбата на Зеленски и Виткоф 2026
  • Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија 2026
  • На ФДУ промовирани „Девет комедии“ од Русомир Богдановски 2026
  • Кристијан Аманпур си заминува од Си-Ен-Ен следниот јуни 2026
  • Повеќе услуги се погодени по прекинот на „Револут“, илјадници корисници пријавуваат проблеми со апликациите 2026
  • Ревизорите открија неправилности во коцкарници во кои Државната лотарија поседува 51 отсто 2026
  • Обвинителите бараат Уставниот суд да ја оцени уставноста на намалувањето на нивните плати 2026
  • Трамп побара Ново Мексико да си го промени името во „Нова Америка“ 2026
  • Трамп вели дека Зеленски треба да најде некој друг да преговара во име на Украина за крај на војната со Русија 2026
  • Франција воведе делумни полициски часови во неколку градови, вклучително и во делови од Париз 2026
  • Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат 2026
  • Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето 2026
  • Фирмата за вештачка интелигенција „Антропик“ ќе издвои пет отсто од акциите за финансирање на „јавното добро“ 2026
  • Романски борбени авиони Ф-16 соборија два дрона над своите води 2026
  • Македонската земјоделка Вангелина Пармачка избрана меѓу 100 жени херои на ФАО 2026
  • Во уличните судири со молотиви коктели и солзавци во Тирана во шест дена има 295 повредени 2026
  • Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница 2026
  • САД суспендира дел од санкциите против Русија, Трамп вели дека тоа е гаранција за да продолжат мировните преговори 2026
  • 73-годишен маж од Крива Паланка осомничен за силување 75-годишна жена 2026
  • 2026
  • ДИК ги измеша бројките за Брвеница, ја признаа грешката по реакциите на „Порталб“ 2026
  • Рубио: Трамп ќе има рок до 60 дена да одлучи за санкциите против Русија 2026
  • Расте бројот на пациенти со психички последици од семејно насилство, за седум месеци евидентиран 101 случај 2026
  • Судири и солзавец и на четвртиот ден од протестите во Тирана 2026
  • Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност 2026
  • Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника 2026
  • Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“ 2026
  • Според Трамп срамни се обновените украински напади врз руски рафинерии 2026
  • Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра 2026
  • Онлајн рекламите се користат за тајно инсталирање шпионски софтвер без клик од корисниците 2026
  • Еко свест: Без законот за почви има правна празнина во управувањето со жешките точки 2026
  • Материјални штети, судири и десетици повредени во протестите во Тирана 2026
  • Пленковиќ: Две држави ѝ одземаа на Македонија 21 година од приближувањето до ЕУ 2026
  • Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција 2026
  • Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп 2026
  • Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон пред да биде застрелан 2026
  • Блокадите во евроинтеграциите не се „ексклузивна“ историја на Македонија 2026
  • 2026
  • Гренланд контра Трамп, истражувањата на нафта, гас и минерали се далеку од масовни 2026
  • Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија 2026
  • Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција 2026
  • ДЗР: Кичево со ненаплатени долгови и проблеми со капиталните проекти 2026
  • Најмалку 33 ученици и наставник загинаа при уривање на покрив на училиште во Пакистан 2026
  • БСЖ вакцините се очекуваат за неколку дена, на ТБЦ се лекуваат 95 пациенти 2026
  • Хоџа: Нема ризик да пропадне грантот за Југохром, но парите не се за расчистување на депонијата, туку за студија 2026
  • Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег 2026
  • Украина ги обвинува САД дека ѝ помагаат на Русија со тоа што не даваат предупредувања за напади врз Киев 2026
  • Енергетската транзиција треба да го подобри секојдневниот живот на граѓаните 2026
  • Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници 2026
  • Играта „Terra Scape“ е бесплатна на „Epic Games“ уште денес 2026
  • Зеленски вели дека се чувствува предаден од Трамп бидејќи САД го ограничи пристапот на Украина до Старлинк 2026
  • 2026
  • ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски 2026
  • Грчката амбасадорка на САД, Кимберли Гилфојл поднесе оставка по обвинувањата за несоодветно однесување 2026
  • Европската федерација на новинари преземањето на порталот Нова.рс го оцени како нова репресија против медиумите во Србија 2026
  • Жешките точки остануваат во законот за животна средина, пратениците не ги прифатија амандманите од екологистите 2026
  • Бројот на важечки лични карти во Србија за 4 месеци се зголемил за 236.000 2026
  • Папата Лав XIV успешно опериран од рак на белите дробови 2026
  • Русија уапси јапонски новинар под обвинение за шпионажа 2026
  • Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно 2026
  • Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за коментарите на Фејсбук од работникот од Шри Ланка 2026
  • Украина не добила предупредување од сојузниците за руските напади, Трамп вели размената на разузнавачки информации не е прекината 2026
  • Трамп најави интензивни истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд 2026
  • „Антропик“ предупредува дека моделите со вештачка интелигенција наскоро би можеле да се самореплицираат 2026
  • Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата 2026
  • Граѓаните сè уште не можат да се пријават онлајн за вакцина против грип 2026
  • Може да пропадне грант од половина милион евра за Југохром, се чека потпис од министерот за животна средина, Хоџа 2026
  • Остануваат истите цени за литар бензин и дизел 2026
  • Нон-пејпер на Австрија, Чешка и Словачка: Билатерални спорови да се решаваат меѓу земјите, без да се кочи пристапот кон ЕУ 2026
  • Груби денеска излегува од куќен притвор, се чека одлука за враќање на пасошот 2026
  • Норвешка светски лидер, бројот на електрични возила во ЕУ во пораст, а во Македонија под 1 отсто 2026
  • АНАЛИЗА: Се заострија условите за кредитирање, покус рок на отплата, повисока рата, задолженоста во банките над 9,6 милијарди евра 2026
  • Нови амандмани за законот за животна средина, екологистите бараат заштитата да не остане на хартија 2026
  • Лишен од слобода дрвокрадец во тетовско, без возачка дозвола управувал возило и превезувал огревно дрво без документација 2026
  • Нов напад на бродови во Црното море, Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор на разговор 2026
  • Хакери ги одмрзнаа фрижидерите во маркети во Франција, храна вредна илјадници евра заврши на депонија 2026
  • Трамп: Кина и Русија имаат многу што да изгубат доколку му помагаат на Иран 2026
  • Суспендирани шест полициски службеници за употреба на прекумерна сила во случајот за насилство врз двете момчиња 2026
  • Лишено од слобода лице од Босна и Херцеговина кој возел 164 километри на час на место каде дозволената брзина е 80 2026
  • Трамп предлага новото име на Атлантскиот или Тихиот океан да биде „Океан на Америка“ 2026
  • Трамп вели дека на Украина ѝ е потребен нов лидер по договорот за дизел со Русија 2026
  • Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот 2026
  • Целиот отпад кој ќе се собира од Куманово привремено ќе биде депониран на депонијата Дрисла 2026
  • Девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во масовно пукање во Пенсилванија 2026
  • Системот „Безбеден град“ од утре се вклучува на регионот во Охрид, Струга, Кичево и Дебар 2026
  • Во новиот напад на Хутите врз аеродромот во Саудиска Арабија загинаа 12 лица и повеќе од 300 се повредени 2026
  • Украина погодена од смртоносни руски напади како „благодарност“ за договорот со Трамп за дизел, изјави Зеленски 2026
  • Португалија го суспендираше Кристијано Роналдо откако се откажа од репрезентацијата 2026
  • 2026
  • Про-кремлинскиот ориентиран руски воен блогер Михаил Звинчук е уапсен во Црна Гора 2026
  • Доналд Трамп се пожали дека не ја добил Нобеловата награда за мир за 2026 година 2026
  • Кина се согласи на огромен извоз на хибридни автомобили во ЕУ во значаен договор 2026
  • Трамп објави договор за руски дизел, Зеленски го нарече подарок за Путин 2026

    Контактирајте нè

    За што си заинтересиран?





    • За Нас – агенция за разследваща журналистика ЮСТИЦИЯ – Бургас, България
    • Рекламирайте с ЮСТИЦИЯ
    • Прозрачно управление
    • Докладване на проблем
    • Условия за ползване
    • Защита на данните
    • Правила на форума
    • Политика за бисквитките
    • Екип
    • Помощ
    • Карта на сайта
    • Статистика
    • Реклама
    • Контакти
    • Етичен кодекс на българските медии
    • RSS емисия
    • Често задавани въпроси (FAQ)
    • Задайте въпрос във форума
    • Вестник “ЮСТИЦИЯ”
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski

    © 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

    No Result
    View All Result
    • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
    • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
    • Рекламирајте се кај нас
    • Вестник “ПРАВДА”
    • Вести за 2025 година
    • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
    • Новости из Болгарии
    • Світові новини
    • Політика
    • Истраги
    • Анализи
    • Развој на веб-страници
    • SEO Оптимизација за пребарувачи
    • Веб дизајн
    • Фитнес и велнес
    • Прашања
    • македонски јазик
      • العربية
      • Dansk
      • Deutsch
      • Ελληνικά
      • English
      • български
      • Čeština
      • Español
      • Français
      • עברית
      • Hrvatski
      • Magyar
      • Italiano
      • Lietuviškai
      • Latviešu valoda
      • македонски јазик
      • Norsk Bokmål
      • Nederlands
      • Polski
      • Português
      • Română
      • Русский
      • Slovenčina
      • Slovenščina
      • Српски језик
      • Svenska
      • Türkçe
      • Українська
      • 日本語
      • ไทย
      • فارسی
      • 中文 (中国)
      • Беларуская мова
      • Deutsch Austria
      • Deutsch Switzerland
      • shqiperia
      • English USA
      • Bosanski

    © 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

    Оваа веб-страница користи колачиња. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате со користењето на колачиња. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност и колачиња.