
Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран, кое се одржа од 8 до 15 јули, со прогласување на победниците го заврши петтото издание. Најдобар филм во избор на жирито составено од продуцентот Мирослав Митиќ (Србија), сценаристката и режисерка Елеонора Венинова (Македонија) и фестивалската програмерка Емили Ришел (Франција) е „Држи се за мене“ на режисерката Мирсини Аристиду од Кипар. Во нејзината „coming of age“ сторија за комплицираниот однос меѓу долго отсутниот татко и ќерката-тинејџерка, со впечатливите ролји на актерите Марија Петрова и Христос Пасалис, жирито препозна најзаокруженото остварување во овогодишната официјална конкуренција заради емоционалната искреност, наративната зрелост и уметничката кохерентност. Младата актерка Петрова беше наградена со почесно признание заради нејзината извонредна емоционална искреност, природност и автентичност во „Држи се за мене“, што го комплетираше триумфот на филмот на Аристиду.
Жирито ги препозна најдобрите креативци од сите сегменти на филмската уметност во натпреварувачките програми за долгометражни и краткометражни филмови. Наградата за најдобрата кинематографија му припадна на Душан Кардалевски за домашниот филм „Кома“, во режија на Агим Абдула, заради внимателно компонираните кадри, суптилното визуелно раскажување и исклучителното чувство за атмосфера; за најдобра филмска музика на Ѓорѓе Миљеновиќ (познат и како хип-хоперот Скај Виклер) за српскиот филм „Кармадона“ на Александар Радивоевиќ, кој ја доби наградата за најдобра режија. Музиката на Миљеновиќ е препознаена како суштинска драматична сила што ја обликува атмосферата, психолошката тензија и емоционалниот идентитет на филмот, додека, пак, режијата на Радивојевиќ во „Кармадона“ е оценета како бестрашна и оригинална режисерска визија која го комбинира жанровскиот филм со филозофска рефлексија.
Наградата за режија добија и Хелен Катет и Бруно Форцани за белгискиот филм „Одразот во мртвиот дијамант“ кој ја трансформира сликата, ритамот, звукот и меморијата во уникатно визуелно искуство, а Јаник Рение од истиот филм за најдобар актер бидејќи неговата изведба демонстрира извонредна прецизност, воздржаност и уметничка сигурност.
Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Пламена Гетова од бугарскиот филм „Месо“ на Димитар Стојанович, заради нејзиниот портрет на комплетно човечко суштество чија интелигенција, ранливост и мирна сила остануваат присутни во секој момент.
Иранскиот филм „Коцкарот“ доби почесно признание за исклучително креативно достигнување вонредни продукциски околности, издржливост и посветеност на филмското совршенство, а краткиот филм „Чекајќи го возот“ (Словенија) во режија на Армин Чулиќ доби специјално признание поради неговата извонредна уметничка сензибилност, суптилното раскажување и склучителната емоционална автентичност.

Домашниот документарец „Антигона“ на Ибер Деари и Мирсад Абази беше прогласен за најдобар во конкуренцијата на кратки филмови заради прецизното раскажување, сигурната режија и емоционалната јасност кои ја спојуваат едноставноста со длабочината. Менторoт на работилницата за развој на дипломски и дебитантски краток филм, Дејан Милошевски, и директорот на фестивалот Јани Бојаџи го соопшија овогодинешниот добитник на грант за развој и продукција на дебитантски краток филм – станува збор за филмот на Горан Трифуновски, чие сценариот ќе добие можност да се снима.
Во преходниот извештај се осврнавме на 4 филмови од главната конкуренција – „Држи се за мене“, „Коцкарот“, „Кома“ и „Одразот во мртвиот дијамант“, па целосната фестивалска слика ја комплетираме овде со краток поглед на „Месо“ и „Кармадона“.
Стојанович во „Месо“ вешто ја комбинира семејната драма со филозофски есеј за животот и смртта во духот на нему омилената јапонска филозофија. Всушност, личната нота на авторот, кој неодамна ја загубил мајката, е преточена во сентиментална посвета за смртта лишена од патетика.
И Радивоевиќ во „Кармадона“ стилизира посвета на мајката како поим, но на каков начин? Замислете десетици филмски наслови кои го облекувале трендот на жанровската кинематографија во последниве 3-4 децении – на пример „Умри машки“ на Џон МекТирнен и „Убиј го Бил“ на Квентин Тарантино во прв ред, но не само тие – дополнете ги со трендовските теории на заговор и ставете ги на „стероиди“. Радивоевиќ во приказната за трудницата (извонредната актерка Јелена Ѓокиќ) и нејзиното неверојатно 12-часовно ноќно патешествие низ „Содома и Гомора“ на денешното општество од првата од последната секунда гради ретко видено визуелно остварување во френетичен ритам кој се гледа во еден здив. Секако, ова важи само за оние што немаат слаб желудник.
Од друга страна, вреди напорот да се одгледа двочасовниот филм „Кармадона“ таков каков што е – инвазивен, со многу крв буквално од првиот до последниот кадар – бидејќи тој е пребогат лексикон на жанровскиот филм, безмалку негова мини-енциклопедија. Секако, уредена според стилот и вкусот на авторот. Суштината на сторијата на македонскиот филм „Кома“ ја опишавме употребувајќи ја Фројдовската максима за „детето како татко на човекот“. „Кармадона“, пак, може да се опише како „мајка на жанрот“.
Во секој случај, возбудлив завршеток на петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филкм „Преку езерото“.
Пишува: Стојан Синадинов
Филмски фестивал „Преку езерото“: Жанрот е мајката на филмот 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-18 19:08:22 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


