
Предлог-измените на Изборниот законик влегуваат во собраниска процедура со најавена блокада од опозицијата, откако СДСМ соопшти дека нема да дозволи законот да помине во предложената форма поради одредбите за електронско гласање на дијаспората.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека премиерот Христијан Мицкоски бил подготвен да прифати измени во поднесениот предлог за сè освен за гласањето на дијаспората. Токму тој дел, според Филипче, е причината поради која СДСМ го блокира законот и поднесува десетици илјади амандмани.
„Премиерот би прифатил измени во поднесениот предлог за измена на Изборниот законик за сè освен за гласањето на дијаспората. Тој момент премиерот инсистира да остане во законот. Токму овој начин на гласање на дијаспората за нас не е ниту европски ниту демократски. СДСМ не се согласува овој предлог да помине вака“, рече Филипче.
Предложените измени предвидуваат државјаните кои се на привремена работа или престој во странство, наместо во дипломатско-конзуларните претставништва, да гласаат по електронски пат преку систем на Државната изборна комисија. Според текстот на предлог-законот, електронското гласање од странство би се применувало од следните редовни претседателски избори, додека постојниот модел на гласање во дипломатско-конзуларните претставништва би останал за следните парламентарни избори.
Филипче оцени дека ваквото решение отвора можност за злоупотреби и дека земјата не смее да влегува во систем кој, според него, не може доволно да се контролира.
„Се предлага да се гласа по електронски пат, нешто што се обиделе да го имплементираат многу поразвиени земји од нашата, како Франција, па откако увиделе дека тоа не функционира со соодветна контрола, го повлекле. Нашата дијаспора, не знаеме колку илјади луѓе се тоа, и тоа отвора можност за злоупотреба, како на пример еден човек да гласа за повеќе луѓе“, рече Филипче.
Тој праша што ќе се случи доколку системот биде хакиран пред изборниот ден или на денот на гласањето и кој ќе го гарантира легитимитетот на резултатите.
„Како ќе контролираме ако утре, во целосно безбеден систем на електронско гласање како што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, системот ден во очи или на денот на самото гласање биде хакиран? Ќе пропаднат изборите? Кој ќе го гарантира резултатот?“, праша Филипче.
Според него, нема причина да се брза со ваква измена, особено затоа што примената на електронското гласање е предвидена дури за претседателските избори во 2029 година. Филипче предложи спорниот дел да се тргне од законот и за него да се формира посебна експертска работна група.
„Еве нека го тргнат тој дел од законот. И така се предлага тоа да се примени од претседателските избори во 2029 година. Нека се формира експертска работна група да работи на тој предлог, па понатаму можеме да го имплементираме ако се осигураме дека системот е добар“, рече Филипче.
Тој го постави спорот и во поширок политички контекст, оценувајќи дека власта нема кредибилитет да бара доверба за ваков систем, бидејќи, како што рече, станува збор за партија „позната по злоупотреби на изборен процес“. Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не одговара на конкретните прашања за безбедноста, контролата и можните злоупотреби.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, претходно изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила сите барања на помалата опозициска партија Левица во врска со измените на Изборниот законик, вклучително и барањето за финансирање на политичките партии во предизборната кампања. Тој рече дека власта е подготвена да прифати и две од барањата на СДСМ, но не и да се откаже од електронското гласање на дијаспората. Мицкоски повторно се фокусираше на барањата на Левица, а помалку сакаше да зборува за безбедноста на електронкото гласање на дијаспората што е барањето на СДСМ, обидувајќи се да ги стави во ист кош двете опозициски партии кои имаат различни забелешки за Изборниот законик.
„Сè беше договорено, сè беше потврдено, практично сите нивни барања беа вклучени во рамките на самиот Изборен законик, а особено кога станува збор за Левица. Дента кога требаше да се потпише предлогот и да се достави до пратениците, ставот на партијата беше дека тие нема да се потпишат, дека нема да го бојкотираат, но дека нема да се потпишат. Сè што бараа беше прифатено“, рече Мицкоски.
Тој ја обвини Левица за, како што рече, непринципиелно однесување и за политички калкулации на кои потоа се приклучила и СДСМ, со цел преку филибастеринг да се блокира носењето на Изборниот законик.
Мицкоски рече дека власта е подготвена да прифати амандмани од СДСМ за начинот на гласање, односно наместо бројката да се заокружува името на кандидатот, како и за постизборните жалби од набљудувачите и овластените претставници.
„Во ред. Нека поднесат амандман, веднаш ќе им го прифатиме ако тоа е проблемот. Тоа не е наше барање, има таму записници од состаноците, можат да прочитаат чие барање е. Во делот на постизборната жалба од страна на набљудувачите и овластените претставници, еве нека поднесат амандман, уште утре ќе им го прифатиме“, изјави Мицкоски.
Единственото прашање од кое власта не отстапува, според премиерот, е можноста дијаспората да гласа електронски од следните претседателски избори. Тој го образложи ова со два аргумента: дека изборот за претседател е поврзан со цензус и дека досегашниот модел со испраќање изборни комисии во дипломатско-конзуларните претставништва е финансиски неисплатлив.
„Нашата цел беше да ги намалиме тие трошоци, да ѝ овозможиме на дијаспората електронски да гласа во ера на вештачка интелигенција кога имаме десетици такви примери во демократските земји во светот“, рече Мицкоски.
Според предлог-измените што беа доставени до Собранието, системот за електронско гласање од странство треба да го воспостави, управува, одржува и надгледува Државната изборна комисија. Предвидено е избирачите од странство претходно да се пријавуваат за електронско гласање и да бидат запишани во посебен електронски извод од Избирачкиот список. Пријавата би се поднесувала електронски, а идентитетот на гласачот би се проверувал преку најмалку два независни механизми за автентификација.
Предлогот предвидува и независна техничка и безбедносна проверка на системот пред негово користење на избори, како и можност за јавна проба, симулација и тестирање со учество на овластени претставници на подносителите на листи, домашни и меѓународни набљудувачи. Во случај на технички или безбедносен инцидент кој може да влијае врз достапноста, тајноста или интегритетот на гласањето, ДИК би можела привремено да го прекине и одложи електронското гласање, најмногу до 72 часа.
Сепак, токму фактот што ДИК треба дополнително, со подзаконски акт, да го уреди начинот на електронското гласање е еден од аргументите на опозицијата. СДСМ смета дека ваквиот систем не треба да се внесува во законот без претходно целосно да се дефинираат заштитните механизми, контролата, проверливоста и одговорноста во случај на инцидент.
Измените на Изборниот законик, освен електронското гласање на дијаспората, предвидуваат и други крупни интервенции. Меѓу нив е и забраната функционерите за време на изборната кампања да ги користат институционалните или своите службени профили на социјалните мрежи за поддршка, промоција или дискредитација на учесници во изборите.
Ова решение доаѓа по повеќегодишни забелешки дека службените и институционалните канали често се користат за политичка промоција. Во анализата за институционална и општинска комуникација на Фејсбук и официјалните страници за време на локалните избори во 2025 година изработена од Фондацијата Метаморфозис, беше нотирано дека речиси 60 проценти од анализираната содржина на официјалните Фејсбук страници имала промотивен карактер, додека само околу 40 проценти биле неутрални информативни објави. Во истиот извештај се наведува дека профилите на високи функционери биле користени главно како платформи за изборна кампања.
Предлог-измените предвидуваат и нов праг за независните листи. За листа на кандидати за пратеници поднесена од група избирачи, како и за независни кандидатури за советници и градоначалници, би биле потребни најмалку 0,8 проценти потписи од запишаните избирачи во изборната единица, односно во општината.
Овој дел од законот беше предмет на критики и од независните иницијативи, кои во претходните денови побараа еднаков третман со политичките партии и вклучување во процесот на одлучување за измените. Левица, пак, најави дека ќе го блокира Изборниот законик доколку во него останат решенија што партијата ги смета за политички дискриминаторски, особено во делот на финансирањето на кампањите, условите за независните кандидати, билбордите и една изборна единица.
Во делот на финансирањето, предлог-законот предвидува средствата за платено политичко рекламирање да не ја надминат сумата од две евра во денарска противвредност по запишан избирач, без ДДВ, а за локални избори дополнително по едно евро за втор круг. Според текстот, најмногу 45 проценти од средствата би можеле да искористат двете најголеми партии од власта, најмногу 45 проценти двете најголеми партии од опозицијата, најмногу седум проценти парламентарните партии што немаат доволно пратеници за пратеничка група, а најмногу три проценти партиите што не се застапени во Собранието или кандидатите.
Со предлогот се уредуваат и лимитите за донации во изборна кампања. Физичко лице би можело да донира најмногу 6.000 евра во денарска противвредност, а правно лице најмногу 50.000 евра. Ако донацијата е поголема од дозволениот износ, разликата би требало да се префрли во Буџетот.
Предлог-законот се носи по скратена постапка, а во образложението се наведува дека измените се дел од реформите во изборното законодавство, од исполнувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и од обврските преземени во рамки на Реформската агенда на земјата. Рокот за носење на законот за исполнување на Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан беше денеска, први јуни, 2026 година.
Изборниот законик заглави кај електронското гласање на дијаспората 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-01 13:04:56 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


