
Тоа што Сајкоски се повикува на негрижата и неработењето на претходното раководство на Општина Кичево е само алиби за непреземањето навремени превентивни мерки против поплавите од страна на новото раководство, предводено од градоначалникот Александар Јовановски, пренесува Вистиномер.
Поплавите што изминативе денови ја зафатија С. Македонија посебно го погодија Кичево. Поројните дождови доведоа до повторно излевање на Зајаска Река, па повеќе од 60 семејства по вторпат изминатиов месец мораат да бидат евакуирани. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), околу 250 луѓе од 63 домаќинства се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“, чекајќи да бидат санирани штетите.
Ѓорѓија Сајкоски, пратеник во актуелниот состав на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен генерален секретар на оваа партија, во објава на неговиот Фејсбук профил и лиферуваното партиско соопштение, вели дека актуелниот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, и институциите во Кичево покажале одговорност на терен.
Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави по обилните врнежи од дожд. Прелевањето на речното корито предизвика значителна материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните.
За разлика од минатото, денес институциите покажаа одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник, Д-р Александар Јовановски заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегоа на терен и активно се вклучија во санирање на последиците. Со координирана и пожртвувана работа, во исклучително краток рок беше спречено понатамошно ширење на штетите и започна расчистувањето на погодените подрачја.
Оваа заедничка акција е јасен показател дека кога постои волја, одговорност и вистинско лидерство, предизвиците можат да се надминат. И покрај тешката ситуација, се враќа надежта дека секојдневието на кичевчани постепено ќе се нормализира и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.
Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, будно ја следат состојбата и продолжуваат со работа сè додека целосно не се отстранат последиците. Приоритет останува безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, со јасна порака дека Кичево повеќе нема да биде оставено само во моменти на криза.
[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Сајковски: За разлика од минатото, денес д-р Александар Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен – Соопштение – датум 15.02.2026]
Образложение:
Тврдењето на Ѓорѓија Сајкоски, долгогодишен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и, патем речено, кичевчанец, дека „денес институциите покажаа одговорност и подготвеност“, за разлика од „долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство“, е недоследно, бидејќи и новиот градоначалник и раководството на општината, избрани на локалните избори одржани на 19 октомври и 2 ноември 2025 година, можеле и морале да преземат навремени превентивни мерки за да се спречат вакви катастрофи.
Впрочем, во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Јовановски за локалните избори насловена „Вистинскиот избор“, во делот „Зелена, чиста и енергетски ефикасна општина“, на страница 23 е запишано:
Изработка на инфраструктурен проект за регулација на речното корито на реката Зајашка од населба Пашино до спортската сала „Јанчица“ и негово просторно уредување.
За волја на вистината, иако актуелните катастрофални поплави, според Сајкоски, се резултат на „долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки“, нивното спречување не нашло место во приоритетните проекти на општината (стр. 11) од предизборната програма.

Новото општинско раководство, без разлика што е оперативно само три месеци, морало да преземе некакви превентивни мерки против можното излевање на Зајашка Река, знаејќи дека есенските и зимските временски услови носат обилни и поројни дождови, а претходното раководство не се грижело, не работело и не преземало навремени превентивни мерки. Токму заради цитираната негрижа, неработа и непреземање навремени мерки претходната гарнитура на чело на општината ја изгубила довербата на гласачите на локалните избори, а ја добиле ВМРО-ДПМНЕ и новиот градоначалник д-р Александар Јовановски.
Токму непреземањето навремени превентивни мерки против поплавите предизвикани од излевањето на Зајашка Река доведе до евакуација на стотици граѓани на Кичево во несоодветни услови. Како што известуваат медиумите, и два дена по изјавата на Сајкоски дека сега, за разлика од порано, „постои волја, одговорност и вистинско лидерство“, санацијата на штетите оди бавно:
Условите за престој во салата засега не овозможуваат соодветно одржување на лична хигиена бидејќи евакуираните немаат пристап до тушеви и до основни санитарни услови. Градоначалникот Александар Јовановски соопшти дека до крајот на денот ќе биде најдено решение за подобрување на условите, со посебен акцент на хигиенските потреби на сместените луѓе. Сè уште не се знае колку долго погодените граѓани ќе мора да останат во привременото сместување. При претходниот бран поплави тие таму поминале околу една недела, но овој пат надлежните проценуваат дека престојот може да се продолжи и до две недели поради обемот на штетите – пишува „Слободен печат“.
Весникот известува и дека жителите на Кичево сами се обидуваат да ја исфрлат водата од домовите, а екипите на надлежните институции интервенираат на терен со целата расположлива механизација.
Оттаму, тоа што Сајкоски се повикува на негрижата и неработењето на претходното раководство на Општина Кичево е само алиби за непреземањето навремени превентивни мерки против поплавите од страна на новото раководство, предводено од градоначалникот Александар Јовановски. Тоа може јасно да се види и преку реакциите на граѓаните искажани во коментарите под постот на Сајкоски на Фејсбук.
Извори:
- (15.02.2026 ) ВМРО-ДПМНЕ Сајковски: За разлика од минатото, денес д-р Александар Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен – Соопштение – [Проверено на 17.02.2026]
- (17.02.2026) Тајм.мк Вести поврзни со поплавите – [Проверено на 17.02.2026]
- (19.10.2025) ВМРО-ДПМНЕ Програма Вистинскиот избор – Општина Кичево – [Проверено на 17.02.2026]
- (17.02.2026) Слободен печат Потоп во Кичево: 250 луѓе се згрижени во градската спортска сала, граѓаните сами ја исфрлаат водата од домовите – [Проверено на 17.02.2026]
Оценил: Стојан Синадинов
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Сајкоски со алиби за поплавите во Кичево: Виновно е претходното општинско раководство! 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-18 13:31:08 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

