
Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) работи со сериозни системски слабости како недостиг на ИТ кадар и нефункционални информатички решенија, неефикасно следење на лекувањето во странство и недоволна контрола врз евиденцијата на имотот, покажува конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Фондот во 2024 година.
Ревизијата констатира дека дел од истите слабости се повторуваат со години, и покрај препораките што ДЗР континуирано ги дава во претходните извештаи.
Ревизорите нагласуваат дека ненавремената уплата на средства по основ на придонеси од надлежните институции влијае врз ликвидноста на Фондот, со што е отежнато навременото сервисирање на обврските на здравствените установи во рамки на договорените надоместоци.
Исто така, поради недоволно обезбедени буџетски средства, неисплатените средства од Министерството за здравство по основ на придонес за не осигурените лица на крајот на 2024 година изнесува 2.136.300 илјади денари (приближно 35 милиони евра).
Друг проблем кој го посочуваат ревизорите е функционирањето на информатичкиот систем на ФЗОМ, преку кој се обработуваат податоците за осигурениците, здравствените установи и правата од здравственото осигурување.
Според извештајот, во Секторот за информатика во текот на 2024 година работеле само 17 лица, иако систематизацијата предвидува 42 работни места. Поради недостигот на кадар, одржувањето и развојот на системот во најголем дел ги вршат надворешни ИТ компании, иако Фондот располага со изворниот код на сопствениот информациски систем.
Ревизорите утврдиле и дека Фондот сè уште нема усвоено ИТ стратегија за развој и план за континуитет на работењето во случај на катастрофи, додека политиките за информациска безбедност не се ажурирани уште од 2014 година и не се усогласени со актуелната инфраструктура.
„Не се донесени ИТ стратегии за развој на информацискиот систем и обезбедување континуитет во работењето во услови на евентуални катастрофи, согласно стандардите за информациска безбедност. Постоечките ИТ политики и процедури за безбедност, донесени во 2014 година, не се ажурирани и не се усогласени со тековната состојба на ИТ системот, вклучително и користењето на облак инфраструктура“ стои во извештајот.
Дополнително, дел од веќе набавените софтверски решенија не се користат или се користат само делумно. Меѓу нив е модулот за лекување во странство.
„Иако во рамките на ИТ системот на Фондот е воспоставен модул за евидентирање и следење на постапките за лекување во странство, истиот, поради незавршени функционални прилагодувања, не се користи во текот на постапката. Податоците се внесуваат дополнително, односно по нејзино завршување, при што не се комплетни и не содржат финансиски информации. Поради тоа, постапката се спроведува преку хартиени
предмети, што го отежнува и забавува процесот на одлучување и оневозможува следливост, системско поврзување на предметите и изготвување збирни прегледи,“ наведуваат ревизорите.
Ревизијата утврдила дека заклучно со крајот на 2024 година ФЗОМ во деловните книги евидентирал побарувања од странски здравствени установи во износ од 296 милиони денари, по основ на авансно исплатени средства за лекување на осигуреници во странство.
„Истакнуваме дека ревизијата повеќе години наназад известува за овие состојби и можните ризици од отсуството на контрола и следење во процесот на лекување во странство, за чие надминување не се преземени ефикасни мерки од страна на Фондот, што довело до континуирано зголемување на побарувањата за дадени аванси,“ велат ревизорите.
Според ревизијата, Фондот не воспоставил ефикасен механизам за контрола на медицинската документација и фактурите по завршување на лекувањето.
Иако Фондот со години испраќа дописи до странските болници за доставување фактури или враќање на средствата, ревизорите констатираат дека овие активности не дале резултат, а износот на отворените аванси постојано расте.
Освен финансискиот дел, ревизијата утврдила и слабости во постапката за лекување во странство.
Во текот на 2024 година биле поднесени 362 барања, а позитивно биле решени 301. Сепак, кај 39 предмети бил надминат законскиот рок од 45 дена за одлучување. Дел од решенијата биле донесени дури по повеќе од 100 дена од поднесувањето на барањето.
Ревизорите утврдиле дека модулот за електронско следење на овие предмети практично не се користи во текот на постапката, туку податоците се внесуваат дури по нејзиното завршување. Поради тоа, целиот процес се води преку хартиена документација. Дополнително, Фондот не располага со анализа за успешноста на лекувањето во странство, ниту со листа на странски здравствени установи според резултатите од лекувањето, што според ревизијата,може да влијае врз изборот на болница и врз еднаквиот третман на пациентите.
„Не е воспоставен соодветен систем на следење и анализа на ефектите и успешноста на лекувањето во странство. Имено, не се применуваат одредбите од членовите 31 и 32 од Правилникот, согласно кои осигуреното лице најдоцна во рок од 7 дена по завршување на лекувањето треба да достави писмен извештај со потребната и друга документација, лекарот – координатор да изготви медицински извештај за успешноста на лекувањето, а овластени лица во Фондот да ги разгледуваат, анализираат и следат овие извештаи,“ пишува во извештајот.
ДЗР констатира дека Фондот нема целосна евиденција за сопствениот недвижен имот, ниту за имотот стекнат во стечајни постапки.
Во моментот се водат 194 активни стечајни постапки со пријавени побарувања од над 619 милиони денари. Од признаените побарувања, наплатени се само околу 10 милиони денари. Истовремено, за недвижниот и движниот имот стекнат во овие постапки не е извршена проценка, ниту е обезбедено целосно сметководствено евидентирање. Ревизорите предупредуваат дека Фондот нема целосни информации за статусот на овој имот, а дел од објектите ги користат други физички и правни лица.
„Имајќи го предвид начинот на спроведување на стечајните постапки, при кои како косопственици се јавуваат повеќе субјекти, постои ризик од отуѓување или противправно користење на стекнатиот имот и влијае на тоа Фондот да не располага со целосни и точни информации за неговиот статус и користење. Наведеното влијае врз реалноста на искажаните информации во финансиските извештаи и не е во согласност со одредбите на членовите 2 и 4 од Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници и членовите 6 и 12 од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, со кои е уредено точно и вистинито евидентирање на средствата и поединечно искажување на билансните позиции врз основа на веродостојни и вистинити сметководствени документи,“ велат ревизорите.
ДЗР исто така алармира дека постојниот модел на финансирање на јавните здравствени установи не обезбедува целосна примена на принципот на плаќање според извршените здравствени услуги.
„Имено, Фондот, наместо да ги надоместува реално извршените здравствени услуги, има законска обврска да обезбеди средства за целосно функционирање на сите јавни здравствени установи, при што поголемиот дел од нив имаат реализирано значајно помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок,“ пишува во ревизијата.
Дополнително, ревизијата ја нагласува неизвесноста во однос на исходот од започнатите судски постапки во кои Фондот се јавува како тужена страна, како и потребата од ажурирање на референтните цени за здравствените услуги, кои во најголем дел се утврдени пред повеќе од 10 години и не ги одразуваат реалните трошоци.
Ревизија: Министерството за здравство му должи 35 милиони евра на Фондот за здравство 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-30 10:29:25 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


