
Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) вклучувајќи пропусти во управувањето со имот и возен парк, како и при давање угостителски услуги во владините ресторани и бифеа, каде што храната се продава со маржа до 50 отсто, а сметките се средуваат дури на крајот од годината.
Финансиските извештаи се одговорност на Пеце Мирчевски, кој бил директор во периодот од 06.06.2017 до 13.06.2024 година и Ивица Томовски кој на позицијата е назначен од 28.06.2024 година.
„Во одредени периоди од годината се забележува низок износ на уплатен дневен пазар, а износот на уплатени средства до јуни 2024 година е значително помал во однос на останатите месеци од годината. Од страна на надлежните лица во Службата дадено е образложение дека поради прекин во одржувањето на фискалната апаратура, за месец јуни не се издавани ниту фискални сметки, ниту парагон блокови за остварен промет во готово. Наведената состојба не е во согласност со член 12 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, во кој уредено е дека во случаите кога е потребен ремонт или поправка на фискалната апаратура, а обврзникот не е должен да поседува резервен фискален систем на опрема, даночниот обврзник е должен за извршениот промет на добра и услуги да издава парагон блок и да води итна сметководствена книга заверени од Управата за јавни приходи“, пишува во извештајот.
Ревизорите утврдиле дека Службата управува со значителен државен имот и ресурси, но без целосна и ажурна евиденција, без регистар на недвижности и со различни сметководствени практики за исти трансакции.
Во финансиските книги на Службата се води земјиште вредно речиси 20 милиони денари, иако дел од него, според ревизијата, одамна е продадено или на него се изградени објекти на приватни субјекти. И покрај тоа, имотот сè уште фигурира како државен, а не постојат јасни податоци ниту за користењето на земјиштето во повеќе градови низ државата.
Во извештајот пишува дека Службата располага со 45 службени возила преку лизинг, но без анализи за реалните потреби и без јасни процедури за нивно планирање и користење.
Ревизорите утврдиле и дека значаен дел од работните задачи ги извршуваат лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања. Само во една година, 21 лице примило над 3,2 милиони денари, иако работеле редовни, систематизирани работни задачи.
Посебно загрижувачки се наодите за угостителските услуги што ги нотирале ревизорите. Работата на владините ресторани и бифеа се уредува со Упатство од 2010 година, а цените се утврдуваат со ценовник според кој храната и пијалоците првично се зголемуваат за 15 отсто, а од август 2024, за дури 50 отсто.
На крајот на 2024 година, залихите на храна и пијалаци се проценети на 2,3 милиони денари, но ревизијата покажува дека евиденцијата се води неуредно – дел од приемите се евидентираат веднаш, дел само еднаш годишно, а издавањето од некои објекти се бележи редовно.
Разликата меѓу набавната и продажната цена на храната и пијалаците, заедно со пресметаниот ДДВ, во 2024 година достигнала повеќе од 10 милиони денари, пишуваат ревизорите во извештајот.
„Наместо да се прикаже како приход, овој износ бил неосновано евидентиран како извор на капитал и ревалоризациона резерва“, пишува во извештајот.
Ревизорите утврдиле и дека Службата користи застарен сметковен план, со што трансакциите за храна и пијалаци се водат како „материјали“, спротивно на важечките правила за буџетски корисници.
Ревизорите препорачуваат итни мерки за воспоставување јасни регистри, усогласување на сметководството со законите и зголемување на контролата врз трошењето на јавните пари.
<
p data-start=”712″ data-end=”822″> Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-02-05 14:11:26 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

