
Пишува: Матеј Тројачанец
Милијардерот и филантропот Џорџ Сорос е непресушен извор на инспирација на многу теоретичари на заговор, вклучително и во С. Македонија. Вистиномер има рецензирано многу објави за него и неговата организација Фондација отворено општество (ФОО) во последнава деценија, во коишто тој се претставува како некој куклар што ги влече конците на разните влади низ светот каде што делува ФОО. И, да не заборавиме на „десоросоизација“ што ја туркаше поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од експремиерот Никола Груевски.
По сите овие години, Сорос и неговата фондација сега повторно се мета на гласини што циркулираат на интернет. Според објавите, 47 вооружени агенти, со дванаесет оклопни возила и хеликоптер го опколиле имотот на Сорос во Њујорк, па затоа сега е наводно присилен на домашен притвор. А, неговиот син кој е претседател на Фондацијата побегнал со приватен авион во Дубаи, бидејќи Обединетите Арапски Емирати немаат договор за екстрадиција со САД. Причината? Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал извршна наредба во којашто има дел насловен: „Замрзнување на средствата на лицата вклучени во транснационални криминални организации насочени кон американскиот суверенитет“.
Сите овие изнесени тврдења се целосно неточни. Ниту еден кредибилен медиум ја нема пренесено веста дека Сорос бил задржан во домашен притвор, а официјалниот одговор на ФОО е дека ги демантираат овие дезинформации. Бројот на извршната наредба што се цитира нема никаква врска со замрзнување на средствата на криминални организации.
Како што може да се види, објавата содржи повеќе спорни елементи. Прво, не може да се најдат кредибилни медиумски куќи што ја пренесуваат веста, но има неколку портали што ја имаат проверено оваа вирална дезинформација – MSN, ТN, MEAWW, Hindustan Times, и оценето како неточна.
Во објавата, исто така, се споменува дека ставањето на Сорос во домашен притвор е последица на извршната наредба бр. 14291, што Трамп ја потпишал на 14 февруари оваа година.
Според Федералниот регистар, извршната наредба 14291 американскиот претседател ја потпишал на 01.05.2025 и се работи за основање на комисијата за верски слободи. А, доколку се погледне официјалниот документ на оваа извршна наредба, може да се види дека истата содржи само 3 страници, наместо 47 како што се тврди во објавата.
Ниту на веб-страницата на американското Министерство за правда, ниту на веб-страницата на Белата куќа може да се најдат некакви информации за наводната истрага на Сорос и неговата фондација, ниту, пак, има некакви коментари во врска со овие случувања на страницата на ФОО.
Во објавата се споменува и дека Сорос изминатите години ги поддржувал политичките кампањи на одредени обвинители низ САД и притоа се вели:
Тие не беа обвинители. Тие беа оперативци. Платени од милијардер роден во странство за да ја демонтираат американската правда одвнатре.
Неспорно е дека Сорос поддржувал вакви кампањи, но тој не е единствениот милијардер што е роден надвор од САД што поддржува разни политички кампањи во Америка. Пример пар екселанс за ова е Илон Маск, кој е роден во Преторија, Јужноафриканска Република, еден од главните поддржувачи и донатори на кампањата на Трамп и општо на Републиканската партија. Според страници кои водат евиденција за донациите на политичките кампањи, во изборниот циклус во 2024 г. Маск донирал околу 300 милиони долари.
Не само тоа, објавата се обидува да направи конекција меѓу Сорос и Епстин и тврди дека тие наводно ги користеле истите банки. Но, доколку тие навистина ги делеле истите мрежи за перење пари, банки и адвокати, за тоа не се изнесуваат никакви докази, документи, ниту извори, макар анонимни, или имиња на банките, за да може да се контактираат за официјален одговор. Така што, нема како да се провери веродостојноста на наведеното.
Што ги поттикна овие дезинформации?
Нужно се налага прашањето зошто баш сега се шират нови дезинформации. Последен пат кога имаше превирања меѓу Сорос и администрацијата на Трамп беше во септември 2025 г., кога американскиот претседател им наредил на обвинителите во Министерството за правда да започнат планови како би можеле да го истражат филантропот.
Поточно, според Њујорк Тајмс, од министерството истражувале групи кои се поврзани со Сорос, кој е и воедно еден од главните донатори на ривалската Демократска партија. Како што пишуваше тогаш Њујорк Тајмс (25.09.2025), висок функционер на Министерството за правда им наложи на повеќе од шест канцеларии на американски обвинители да изготват планови за истрага на организации финансирани од Сорос, за кого претседателот Трамп побара да биде „фрлен во затвор“.
Зборувајќи за оваа операција, тогаш од Министерството за правда го соопштија ставот:
Ова Министерството за правда, заедно со нашите вредни и посветени американски обвинители, секогаш ќе дава приоритет на јавната безбедност и ќе истражува организации кои заговараат да извршат акти на насилство или други прекршувања на федералниот закон, пренесе Еј Би Си Њуз.
Како одговор на ваквиот став на Министерството за правда, од ФОО реплицираа со:
Фондациите Отворено Општество недвосмислено го осудуваат тероризмот и не финансираат тероризам. Нашите активности се мирни и законски, а од нашите добитници на грантови се очекува да се придржуваат на принципите на човековите права и да го почитуваат законот, изјави портпаролот на ФОО за Еј Би Си Њуз.
Нешто подоцна, конгресменот Бади Картер од Џорџија, го повика Министерството за правда да ја испита улогата на Сорос во левичарското насилство, неосновано поврзувајќи го ова со атентатот на десничарскиот коментатор Чарли Кирк.
По овие настани не можат да се најдат дополнителни информации за каков било напредок во истрагата или дали истата довела до било каква завршница.
На крајот на минатата година, во прегледот на сите настани околу истрагата на Сорос, во Ролинг Стоун магазинот пишува дека десничарскиот аналитички центар (или тинк-тенк) „Капитал рисрч центар“ продуцирал штотуку објавен извештај каде се тврди дека Сорос, преку своите фондации поддржува терористички организации. Темелено на овој извештај, Министерството за правда ги упати обвинителите да отворат истраги против Сорос.
Но, како што пишува Ролинг Стоун, проблемот е што обвиненијата во извештајот на „Капитал рисрч центар“ се преувеличени или целосно погрешни. Неправилно се наведени датумите на кои биле исплатени грантовите од ФОО, погрешно било наведено на кои организации биле доделени грантовите се однесувале на групи коишто воопшто не добиле пари од Фондација отворено општество (ФОО).
Меѓу организациите што се обвинети во извештајот за „директно помагање на домашниот тероризам“ се младински групи за застапување за климата како, „Sunrise Movement“, „Movement for Black Lives“ и „Dream Defenders“ – непрофитна организација основана по убиството на Трејвон Мартин. Конкретно, во извештајот се напаѓа „Sunrise Movement“ поради изразувањето поддршка за „Стоп Коп Сити“, движење кое протестираше против срамнувањето на дел од шума во Атланта за да се изгради огромен објект за обука на полицајци.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Сорос не е ставен во домашен притвор, Министерството за правда на САД не го истражува за поддржување на тероризам 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-10 14:10:37 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


