
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, биле пронајдени при контрола на автобус кој е стопиран во внатрешноста на државата од страна на мобилен царински тим и тим од службата за скенирање при Одделението за оперативни работи во рамки на Секторот за контрола и истраги. Станува збор за автобус во сопственост на туристичка агенција од Косово, кој сообраќал на релација Турција – Косово, во кој при детална контрола се пронајдени вкупно 623 вијали Prolutex (за хормонска терапија и за поддршка на бременост), 15 илјади таблети Jardiance (за лекување дијабет), како и 428 парчиња раствори за инјекции што се користат за визуелизација при магнетна резонанца – 61 вијала Clariscan, 355 вијали Gadovist и 12 вијали Genburto. Дел од нив, 428 вијали, се откриени при првична контрола во црна најлонска ќеса скриена позади седиштата, по што автобусот е спроведен до царински терминал за детална контрола, по што во фабричките шуплини на вентилацијата се пронајдени преостанатите 15.623 парчиња лекови. Против двајца осомничени од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, а лековите се трајно одземени.
Турски државјанин преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз. Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.
Минатата неделан на Меѓународен Аеродром Скопје бил откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција. Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација Кипар. Непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка.
Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. Имено при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.
На Богородица царинските службеници, спречија и обид за криумчарење на златен накит со вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари. Златниот накит е запленет, а против сторителот на кривичното дело од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
Спречени обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, забни импланти, опрема за тетовирање и златен накит 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-06 12:00:36 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


