
На тендер се бара фирма што ќе го дочисти остатокот од линдан во малата депонија во ОХИС. Се работи за дел од третиот, како и четвртиот и петтиот базен на депонијата, во кои се уште стои опасниот отпад. Тендерот следува откако минатата година во декември Владата најави дека ќе обезбеди 12 милиони евра за чистење на историскиот отпад, што повеќе од четири децении му се заканува на Скопје. Парите ќе се распределат во три години за целосно расчистување и ремедијација на една од трите депонии од некогашната хемиска фабрика.
Досега, од почетокот на проектот во 2021 година, од малата депонија се ископани и уништени 1.969 тони линдан и 586 тони контаминирана почва. За целосна санација на локацијата преостануваат приближно 916 тони ХЦХ отпад, 2.191 тон контаминирана почва, 1.121 тон контаминиран бетон, како и околу 70 тони почва контаминирана со жива.
Од Министерството за животна средина информираат дека на средината на мај Канцеларијата на ОН, УНОПС објави меѓународен тендер за избор на изведувач за финалната фаза од санацијата делта ХЦХ депонијата во ОХИС.
„Рокот за доставување на понуди е 7 јули, по што ќе следи нивна евалуација согласно процедурите и критериумите на УНОПС. По завршување на тендерската постапка и потпишување на договорот, ќе започнат подготвителните активности на терен, а според тековната временска рамка, почетокот на санацијата се очекува во септември“, информираат од Министерството.
Од таму посочуваат дека компанијата која ќе биде избрана да ја дочисти депонијата со Планот за санација и важечките национални и меѓународни стандарди за управување со опасен отпад ќе треба да го дефинира и третманот за конечно отстранување на живата, која беше откриена во базените со линдан и е дел од некогашното работење на хемискиот капацитет. Во моментот, велат од Министерството, таа е безбедно спакувана и привремено складирана во еден од веќе исчистените базени на малата депонија, каде ќе остане додека не се донесе конечната одлука за нејзиниот понатамошен третман и конечно отстранување.
Во дворот на ОХИС, веднаш покрај малата се наоѓа и големата депонија со линдан, за која се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан. Покрај овие две, закопан линдан има и во месноста Пеленица кај Драчево каде лежат околу 40.000 тони чист HCH и уште 6.500 тони мешан, заедно со отпад од фабрика за стакло. Од Министерството велат дека во рамки на проектот „Национален фонд за животна средина“, кој го спроведува УНОПС во соработка со Генералниот секретаријат на Владата, предвидено е спроведување детални теренски истражувања на големата депонија контаминирана со алфа и бета ХЦХ отпад.
„Целта на овие истражувања е да се добијат прецизни податоци за количините на HCH отпад и контаминирана почва што се наоѓаат на оваа локација. Добиените резултати ќе претставуваат основа за подготовка и планирање на идните активности за целосна санација на големата депонија“, велат од Министерството.
Депониите со опасен отпад се резултат на работењето на погонот за линдан, што во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани и кои до денес се опасност за контаминација на воздухот, водите и почвата во Скопје. Во ОХИС до неодамна беа складирани и 64 тони на десетици други опасни хемикалии, кои за две години, во вкупно седум извози на хемиски отпад, беа извезени на уништување во повеќе држави.
Влијанието на линданот и неговите изомери врз животната средина и здравјето на луѓето е огромно. Линданот од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.
Тој е перзистентна хемикалија која долг временски период не се распаѓа во животната средина. Бидејќи е испарлива супстанца, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ-честичките.
Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан. Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.
Линданот е вклучен во Стокхолмската конвенција во 2009 година кога е класифициран во група А, супстанца која мора да се елиминира и да престане да се произведува. Македонија конвенцијата ја потпиша на 23 мај 2001 година, а на 19 март 2004 година таа беше ратификувана во Собранието на Република Македонија.
На тендер се бара фирма што ќе го дочисти линданот од малата депонија во ОХИС 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-05 08:41:55 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


