Над 6,5 милиони евра годишно ќе заштедат скопските јавни претпријатија само од платите кои нема да ги исплатуваат на вработените кои не доаѓаа на работа и на кои им се прекинати договорите. Како и најголемиот дел од овие институции во другите општини, така и скопските се загубари со големи минуси на сметките. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека во претпријатијата имало многу недомаќинско работење, но и сериозни девијантни појави и криминал.
Најголемиот скопски загубар, „Водовод и канализација“ толерирал злоупотреба на водата за пиење, поставување на двојни водомери и нерегулирање на состојбата со потрошена вода. Ова јавно претпријатие 2024 година ја завршил со загуба од 4,2 милиони евра, а лани имаше и највисоки краткорочни обврски, кои изнесуваа дури 53,3 милиони евра. „Водовод“ има големи обврски и за исплата на изградбата на пречистителната станица, проект кој долго време беше закочен. Една од главните причини за минусот на „Водовод“, според Ѓорѓиевски, е и многу ниската наплата на сметките за вода.
„Комунална хигиена“, пак, која лани имала минус од 8 милиони евра на сметката, Ѓорѓиевски вели дека месечно губи 1,5 милиони евра, бидејќи на многу граѓани и фирми не им пресметува правилно ѓубрарина, а над 130.000 квадратни метри простор воопшто не биле вклучени во сметките.
„Некој направил проценка во минатото дека во една индустриска зона на пет објекти треба да им се пресмета целата квадратура како основа за сметката, а на некои други помалку или воопшто. Затоа сега ќе воведеме електронска база со точни податоци кои ќе се вкрстат со податоците од Катастар“, вели Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски вели дека за два месеци успеале да намалат над 32 милиони евра од долговите на градските јавни претпријатија. Најмногу се исплаќале долговите на шампионот „Водовод и канализација“, 1,3 милијарди денари или над 21,1 милиони евра. Од долговите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од скоро 17 милиони евра се исплатени 427 милиони денари или околу 6,9 милиони евра, додека пак, од долговите на „Комунална хигиена“ од 8 милиони евра, се исплатени околу 2,1 милиони евра.
Намалени се и обврските на „Паркови и зеленило“ за 1,3 милиони евра, на „Градски паркинг“ за 676.000 евра и на „Дрисла“ за околу 235.000 евра.
Ѓорѓиевски вели дека во иднина тој и директорите нема да дозволуваат застарување на долгови кои граѓаните и фирмите ги имаат кон Градот Скопје и јавните претпријатија, бидејќи тоа ќе значи колапс на институциите.
„Апелираме одговорните граѓани да платат заостанати сметки за данок на имот од 2022 до 2025 година, заради тоа што на тој начин и ние ќе можеме да ги сервисираме обврските на градската власт. Нема да се зголеми данокот на имот, бидејќи ниту градот не е онаков како што граѓаните заслужуваат да биде, но ќе ја зголемиме наплатата“, вели Ѓорѓиевски.
Најави дека ќе се наплатува и комуналната такса која е обврска на сопствениците на приватните паркиралишта на трговските центри, моловите или компаниите, кои во минатото, иако заработувале од граѓаните, на Градот Скопје не му исплатувале ниту денар. Ќе се менува и практиката за повластена цена за паркирање која важи за вработените во државните институции и во Градот Скопје на одредени паркиралишта, а за кои во иднина ќе важи цената како и за сите граѓани.
„Водовод“ е најголем загубар, ама толерирал неплаќање и двојни водомери 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-02-05 13:20:02 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
