
Цените на дел од овошјето и зеленчукот во Грција, во пикот на глобалната борба со инфлацијата, се исти или дури и пониски од оние во Македонија. Килограм домати се продаваат по 140 денари, а килограм јаболка чини 110 денари, исто како и кај нас, пишува Порталб. Во пресрет на годинешната летна сезона цените во рестораните во соседна Грција главно остануваат на исто ланско ниво, но во продавниците се забележува поскапување
Цени во ресторани, храна, бензин
Цените на чоколадите, маслото за јадење, дел од кондиторски производи за готвење во грчките маркети во туристичките места кои се географски блиску и најпосетувани од нашите граѓани, се речиси исти или дури и пониски од оние во државава. Официјалната статистика на Грција измери мартовски пораст на цените, највисок за околу 3 отсто кај млечните производи и тестенините.
„Секој ден коригираме по некоја цена, трошоците за работа се зголемени, но не можеме одеднаш да ги зголемиме цените. Поскапувањата веќе се одразуваат во продажбата, луѓето селектираат што ќе купат и колку ќе купат“, вели сопственик на маркет во едно од туристичките гратчиња кое веќе ги прими првите туристи од Македонија, Србија, па дури од Германија.
Какви се цените на основните прехранбени производи во маркетите и во пекарите? Чоколада од 100 грама се продава по цена од 50 денари па нагоре, во зависност од брендот. Во споредба со нашите домашни цени, грчките се повисоки кај тестенините, едно пакување макарони чини околу 102 денари, но најниската цена за растителното масло за јадење може да биде и 128 денари за литар, што е скоро на исто ниво како и на нашиот пазар. Дел од кондиторските производи се со скоро исти па дури и пониски цени во споредба со нашите, па така 500 грама доматно пире чини 80 денари. Пред почетокот на оваа летна сезона во однос на ланската, според трговците со кои разговараме, нема значајни разлики во цените на овошјето и зеленчукот. Но, голема разлика нема и во однос на цените кај нас. Еден килограм домат, во зависност од сортата, се продава од 140 денари до 182 денари. Килограм кромид чини 50,4 денари, јаболките се продаваат по цена од 110 до 153 денари.
Споредбата со цените кај нас покажува дека во Грција, средствата за лична хигиена се речиси со исти па дури и за одредени производи, со пониски цени. Така на пример бренд купка за бањање од 750 милилитри се продава за 2,39 евра или за само 147 денари, а поголемо пакување на хигиенски влошки чини 163 денари, што е цена пониска или иста со онаа на нашиот домашен пазар.
Во пекарите и во таверните има нагорна корекција на дел од производите, па така познатото гиро веќе чини 5 евра или повеќе, во зависност од туристичкото место. Во пекарите, цената на крофните се движи од 73 денари па нагоре додека цената на ѓевречето изнесува од 43 и 45 денари.
Засега рестораните ги задржаа цените на храната и на пијалаците, иако во дел од кафетериите покрај море, цената на грчкото фрапе достигна 5 евра и повеќе. Во таверните газиран сок чини 2,5 евра или 154 денари, а 1 литар вода 3,5 евра или 215 денари.
Во рестораните, порција морска храна чини од 14 до 16 евра, а цените на салатите, како што се грчка и цезар салата, се движат од 8,5 до 11,5 евра.
Изминатиот период најголем ценовен притисок беше регистриран кај горивата, па така литар дизел гориво во средината на овој месец се продаваше за 138,5 денари додека цената на бензините се движи од 2,06 евра до 2,17 евра или од 127,4 до 134,2 евра.
Во пресрет на летото, заминувањето во соседна Грција веќе е проблематично за нашите граѓани поради новиот ЕЕС систем за задолжително фотографирање и отпечаток од прст при влез и излез. Од јуни на сила е и обврска за носење на дополнителна опрема за прва помош, а во најава се и повисоки казни за прекршоци во сообраќајот.
Репортажа: Цените на овошјето и зеленчукот во Грција исти или пониски од кај нас 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-28 09:30:03 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


