Карпатските рисови се најдобри кандидати да ја зајакнат генетиката на балканскиот рис, кој заради малата популација веќе се размножува во сродство. Единки од овие рисови ќе треба да бидат донесени во земјава бидејќи се меѓу најсличните со балканскиот, живеат во слични планински услови, а веќе биле успешно користени за зајакнување и на други популации.
Балканскиот рис е една од најретките мачки во светот, денес живеат помалку од 50 возрасни единки, ограничени на планините во Северна Македонија, Албанија и Косово. Тие, во изминатите децении се соочуваат со многу закани, како што се губењето на живеалиштата и криволовот, а во поново време и со сопствените гени.
Македонското еколошко друштво, преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис од 2006 година работи на закрепнување на критично загрозениот балкански рис. Експертите утврдија дека поради малата популација и изолираноста, кај балканскиот рис не постои доволна генетска разновидност, а блиското сродство меѓу единките претставува сериозна закана на која треба да ѝ се придава особено внимание во заштитарските програми.
„Ниската генетска разновидност може да резултира со намален репродуктивен успех, зголемена подложност на болести и стрес од животната средина, намалена имунолошка функција, пречки во растот и развојот, намалена плодност и други негативни влијанија, меѓу кои, намалена приспособливост и зголемен ризик од истребување. Затоа се препорачува зајакнување на популацијата со нови единки со што ќе се зголеми генетската разновидност и ќе се намали ризикот од негативните ефекти што произлегуваат од размножувањето во блиско сродство“, вели Диме Меловски од МЕД.
Тој вели дека најдобар кандидат е карпатскиот рис, а зајакнувањето на популацијата би се спровдувало постепено, со пуштање на мал број животни, паралелно со заштита на живеалиштата и внимателно следење на здравјето и размножувањето.
Балканскиот рис се соочува со најниската генетска разновидност од сите проучени популации на рисот во Европа и висок степен на размножување во сродство, а еколозите предупредуваат дека во следната генерација рисови удел во размножување ќе имаат само околу 10 единки. Освен тоа, на популацијата на балканскиот рис ѝ се закануваат и низа други закани, како фрагментација и уништување на живеалиштата, криволов и слабо спроведување на законот, кои може да ја смалат ефективната големина на популацијата и со тоа да се зголеми ризикот од генетски проблеми. Но, дури и успешно да се отстранат директните надворешни закани по популацијата, негативните ефекти од размножувањето во средство и понатаму ќе влијаат врз популацијата.
„Истражувањето покажува дека геномиката не е само алатка за разбирање на ризиците, туку и за пронаоѓање решенија. Со меѓународна соработка и внимателно планирање, балканскиот рис може да добие шанса за опстанок, а ова искуство може да помогне и во спасувањето на други загрозени видови ширум светот“, вели Меловски.
Тој објаснува дека во следниот период врз основа на утврдените предизвици и советите од експерти ќе се спроведе процена на изводливоста на планот за зајакнување на популацијата. Ќе се разгледаат генетските и еколошките услови на потенцијалните изворни популации, но и политичката и јавната прифатеност. Ќе се собираат дополнителни генетски примероци за да се процени актуелниот степен на размножување во сродство и ќе се собираат демографски податоци, за возрасна структура, стапка на наталитет, морталитет и миграција на балканскиот рис.
„Ако процената даде потврдни резултати и ако добие одобрение од надлежните, треба да се спроведе планот за зајакнување на популацијата. Експертите препорачуваат транслокација на неколку единки во различен временски период за да се зголеми генетската разновидност, а по зајакнувањето на популацијата мора да има континуиран мониторинг“, вели Меловски.
Зајакнувањето на популацијата на балканскиот рис може да донесе и економски можности за регионот, сметаат од МЕД. Со зачувувањето и закрепнувањето на овој симбол на дивината може да се привлечат љубители на природата, истражувачи, фотографи за див свет, да се зајакне туризмот и да се генерираат приходи за мештаните. На тој начин ќе се унапредат различни сектори, како угостителство и транспорт, а ќе се создадат и нови работни места и ќе се овозможи поддршка за локалните претпријатија.
Балканскиот рис ќе се меша со рисови од Карпатите за да ги зајакне гените 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-22 11:05:33 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

