Социјалните мрежи се клучни канали за ширење говор на омраза, при што најголем дел од штетната содржина ја генерираат приватни лица. Веднаш зад нив се онлајн медиумите што објавуваат сензационалистички и неетички содржини, покажа Извештајот од Мониторингот на говорот на омраза во Северна Македонија на здружението „Иновативни медиуми“ за периодот од 1 јануари 2024 година до 30 јуни 2025. Наодите од мониторингот кој е направен во соработка со Фондацијата Метаморфозис од страна на медиа мониторката Деспина Ковачевска, покажуваат колку всушност длабоко е вкоренет говорот на омраза во јавниот дискурс во Северна Македонија, а етничките, политичките и родово базираните наративи доминираат, при што често се преплетуваат и меѓусебно се засилуваат.

Главна цел се етничките малцинства
Анализата на регистрираните 138 случаи, покажала дека етничките малцинства, посебно Албанците, и понатаму се главна цел, при што често се прикажуваат на начин што ги дехуманизира или стигматизира.
„Се применуваат изрази како „рак“, „Шиптар“ и „племе“ за да се создаде наратив на заплашување и перцепција дека „Македонците се жртви што ја изгубиле контролата врз сопствената држава“. Во таквиот наратив, манифестирањето омраза кон Албанците се изедначува со патриотизам, а нивното прифаќање или прифаќањето на други маргинализирани групи, како на пример ЛГБТИК+ лица, се прикажува како предавство. Кога сето ова ќе се спои со идеализираната слика за „патриот“ што не го прифаќа актуелното име на државата, ги презира Албанците и сексуалните малцинства, строго ја следи религиозната доктрина и се придржува кон конзервативни семејни вредности, се создава јасна поделба на Македонците во две категории: „вистински патриоти“ и таканаречени предавници или „Северџани“, наведено во извештајот.
Понекогаш дури и прославите и националните симболи се користат како средство за поттикнување говор на омраза и на нив се гледа негативно. За време на прославите во Скопје на 28-29 ноември 2024 година на социјалните мрежи се појавија видеа на кои можеше да се види палење и сквернавење најпрво на македонското знаме, а потоа и на албанското, што предизвика етнички тензии и говор на омраза. Медиумите и политичките чинители придонесоа за ширење на овие содржини, а тоа дополнително ја влоши ситуацијата.

Жените навредувани поради нивните приватни животи
Родот, исто така, се јавува како доминантна категорија, при што многу од случаите имаа јасна родова димензија, особено во однос на жените. Иако мониторингот опфати медиуми и на македонски и на албански јазик, речиси и немаше разлики во случаите на родово базиран говор на омраза.
„Во двата медиумски простора најчесто жените беа критикувани и навредувани врз основа на нивниот приватен живот наместо врз основа на нивните професионални квалитети. Ова покажува дека независно од етничката припадност, чувството за родова еднаквост сè уште не е доволно развиено и дека штетните стереотипи за однесувањето и улогите на жените остануваат длабоко вкоренети во јавниот дискурс. Медиумите дури и не мора директно да објават говор на омраза, доволно е во насловот да ја споменат етничката припадност или да известат за сензационализирана лична приказна или понекогаш дури и еден обичен настан е доволен за да се предизвика бран на коментари на омраза“, пишува во извештајот.
Ова ги одразува длабоките поделби во општеството и анонимноста на социјалните мрежи, каде што луѓето се чувствуваат дека може да кажат сè без да сносат последици. Од друга страна, ја истакнува итната потреба од ефективно модерирање на коментарите и содржините, како и од зајакнување на медиумската писменост на населението што и понатаму лесно подлегнува на манипулации и омраза.
„Меѓу овие приватни лица често се појавуваат политичарите што ги користат своите профили за поттикнување омраза, било преку креирање инциденти или преку споделување ставови што се нивни лични, а не официјални и институционални. Потоа медиумите ги преземаат и ги пренесуваат овие изјави како вести, со што се зголемува нивниот досег. Ваквата практика, заедно со отсуството на санкции, создава простор во кој, иако постојат закони против говорот на омраза, нивното спроведување во голема мера зависи од политичката волја или од субјективните морални процени“, наведено е во заклучокот од извештајот.
Отсуството на одговорност овозможува говорот на омраза да опстанува и да ги продлабочува поделбите и непријателството. Ова дополнително ја нагласува итната потреба од позитивни наративи што ќе понудат алтернативни перспективи и ќе ѝ се спротивстават на штетната реторика.
Извештајот е направен во рамки на Мрежата за известување за разновидност (RDN), a e финансиран од Европската Унија и регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, спроведен од „Centar za promociju civilnog društva“ (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (NMFA).
Во Македонија, на Инстаграм и Фејсбук меѓуетничката омраза добива најмногу „лајкови“, се мразат и жените 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-02 11:46:52 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
