• News
  • Investigations
  • Online Store IUSTITIA
  • Real Estate agency
  • Petar Nizamov
  • Fitness & Wellness coach
  • Food Delivery
  • Charcoal retail
  • Firewood Wholesale
  • Charcoal Wholesale
  • Web Development agency
ar العربية dk Dansk de Deutsch gr Ελληνικά en English bg български cz Čeština es Español fr Français il עברית hr Hrvatski hu Magyar it Italiano lt Lietuviškai lv Latviešu valoda mk македонски јазик no Norsk Bokmål nl Nederlands pl Polski pt Português ro Română ru Русский sk Slovenčina si Slovenščina sr Српски језик se Svenska tr Türkçe ua Українська japan 日本語 thai ไทย iran فارسی china 中文 (中国) belarus Беларуская мова osterreich Deutsch Austria schweiz Deutsch Switzerland shqiperia shqiperia usa English USA bih Bosanski
Wednesday, November 18, 2026
Лого за веб-страница посветена на истражувачко новинарство и длабински написи на теми од јавен интерес
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
Лого на медиумска организација специјализирана за истражувачко новинарство, која објавува статии, анализи и документарни материјали од јавен интерес
No Result
View All Result

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025

SEO SEO by SEO SEO
December 6, 2025
in Анализи, Вести за 2025 година, Македонија денес | Вести од Северна Македонија, Політика, Світові новини
0
Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите

Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media
Facebook X LinkedIn Reddit Telegram WhatsApp Email Print

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция

Съдържание :

Toggle
  • Борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно вклучувањето и на граѓанскиот сектор и на хармонизација на европската со домашната регулатива. Ова го покажа истражувањето помеѓу експерти и засегнати страни во врска со можноста преку санкции да се води успешна борба со сите видови на штетни информации и манипулации, вклучително и таканаречените FIMI
  • Контекст
  • Дали досегашните стратешки документи се доволни?
  • МДТ: Оправдано е размислувањето за сеопфатен национален документ
  • Експертите гледаат недостатоци во стратешките документи
  • Санкционирање на дезинформациите со закон носи ризик од цензура
  • Законот за дигитални услуги може да помогне
  • Улогата на саморегулацијата во справување со дезинформациите 
  • Метаморфозис со години наназад се залага за сеопфатен пристап

Борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно вклучувањето и на граѓанскиот сектор и на хармонизација на европската со домашната регулатива. Ова го покажа истражувањето помеѓу експерти и засегнати страни во врска со можноста преку санкции да се води успешна борба со сите видови на штетни информации и манипулации, вклучително и таканаречените FIMI

Пишува Теофил Блажевски

Aнализа на неколку прашање поврзани со мислењето на граѓаните за опасноста од дезинформациите, каналите по кои се шират и кој и како треба да се справи со нив, а што произлегоа од последното истражување на Метаморфозис, може да се сублимираат во неколку констатации:

  • Законско санкционирање на дезинформациите, како што мислат голем дел од граѓаните, би можел да биде опасен пристап, поради евентуалните можности да се злоупотреби против слободата на говорот и да заврши со цензура.
  • За потребата од нова национална стратегија исклучиво за дезинформации има различни мислења, иако експертите нагласуваат недостатоци во постојните, нивни преклопувања и се бара активна примена со соодветно буџетирање. Сепак, надлежните од Министерството за дигитална трансформација велат дека „е оправдано да се размислува“ за нов стратешки документ.
  • Дел од експертите и од инволвираните страни препорачуваат дека решавањето на проблемот со дезинформациите на прифатливо ниво кое нема да биде закана за демократските процеси во земјата, може да се направи само преку координиран, сеопфатен институционален пристап во кој и претставниците од граѓанскиот сектор би биле активно вклучени и би можеле да дадат сериозен придонес. Се нагласува и потребата од имплементација на европското во националното законодавство во делот на медиумите и особено во делот што ги регулира и социјалните мрежи.
  • Се препорачува поширока примена на активности за медиумска писменост, вклучувајќи ги и опасностите од вештачката интелигенција, како и поддршка на саморегулацијата во медиумската сфера, што впрочем е препознато и од државата.

 

Контекст

Дел од прашањата во најновото истражување* на Метаморфозис поврзани со опасноста од дезинформациите и како и кој треба да се справи со нив ги покажаа следниве резултати:

Поголемиот дел од испитаниците (67%) делумно или целосно се согласуваат дека дезинформациите се многу штетни и дека треба со закон да се санкционираат.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 1 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстицияГолемо мнозинство (74%) од граѓаните сметаат дека Владата треба да преземе мерки за справување со дезинформациите.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 2 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция

Социјалните медиуми/мрежи, со високи 87% се на прво место како канал (чинители), преку коj се шират дезинформациите.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 3 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция

Дали досегашните стратешки документи се доволни?

Државата преку извршната власт уште од 2019 г. започнала со активности за борба со дезинформациите, продолжила во 2021, но последните два главни активни документи се Национална стратегијата за безбедност на РСМ 2024-2029 година, како и Стратегија за сајбер безбедност 2025-2028 г.

Во првиот документ дезинформациите се ставени под Хибридните закани, поточно во делот Странски малигни влијанија (стр. 12), а како би се одвивала борбата е опишано во делот „Спротивставување на дезинформациите….“(стр.30), каде, меѓу другото, се вели:

„Треба да се формира координативно тело на централната власт составено од комуникатори од редот на: Канцеларијата на претседателот на Владата“ и неколку други министерства…

„Ова тело треба да развие: ефективно партнерство со останати тела (како Советот за етика во медиумите, Синдикатот на медиумските работници и сл.) и граѓанскиот сектор во насока на заедничко дефинирање на проблемот со дезинформациите и начините на кои секој актер треба да делува во својот ресор; помагање и овозможување на саморегулацијата на медиумите; унапредување на медиумската писменост; промоција на начелата на слободно, објективно информирање преку почитување на новинарските стандарди и етички кодекси и зајакнување на професионалното новинарство.

Не е можно ефикасно спротивставување со дезинформациите без активно учество на сите засегнати чинители во медиумскиот етер“ – се наведува во оваа стратегија.

Активен и важечки документ е и Стратегијата за сајбер безбедност 2025-2028 со Акциски план, каде што освен општата цел – создавање на свесно и отпорно општество, наведени се и планови за едукација на ученици во основно и средно образование, а активна е и Стратегија за развој на ИКТ:СМАРТ/МК 2030, во која во еден мал дел се споменува дека „неопходно е да се спроведат едукативни и промотивни програми и содржини наменети за широкото население“. Сепак потребна ли е национална стратегија исклучиво за справување со дезинформациите, бидејќи во сите три документи, дезинформациите се само мал дел.

Ова прашање го поставивме и на дел од експертите и засегнатите страни, вклучувајќи го и надлежното Министерство за дигитална трансформација (МДТ). Целта беше да се согледа дали перцепцијата на граѓаните за поголема проактивна улога на државата и за законски санкции е реално потребна или пак, недостасува друг посеопфатен стратегиски пристап.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 4 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Фото: скриншот

МДТ: Оправдано е размислувањето за сеопфатен национален документ

На поставеното прашање за тоа дали се доволно погоре наведените две стратегии или е потребна нова посветена исклучиво на дезинформациите, надлежното министерство (МДТ) наведе дека постоечките документи го препознаваат проблемот, а посебно ја акцентираат Стратегијата за сајбер безбедност која го третира и аспектот на изградба на отпорно општество, што е приоритетна цел. Затоа „…може да се заклучи дека државата веќе располага со основна стратешка рамка која овозможува започнување на активности за превенција, едукација и јакнење на општествената отпорност кон дезинформации“. Сепак, надлежните додаваат:

„Со цел обезбедување појасна институционална координација, дефинирани носители, индикатори за успех, временски рамки и соодветно буџетирање, оценуваме дека е оправдано да се размислува за изработка на посебен Национален документ кој ќе биде фокусиран исклучиво на справување со дезинформациите. Тоа може да биде:

Национална стратегија за справување со дезинформации, или

специфичен Национален акциски план, како под-документ кој ќе произлезе од постојните стратегии.“ – велат од МДТ

Тоа би овозможило „подетална разработка на мерките, појасни улоги на институциите, јакнење на мултисекторската координација, интегрирање на образовни, медиумски и безбедносни политики и усогласување со европските стандарди и практики во областа на борба против дезинформации“ – се наведува во одговорот.

Експертите гледаат недостатоци во стратешките документи

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 5 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Снежана Трпевска, Институт Ресис, експертка за медиумска политика

Снeжана Трпевска од Институтот Ресис, експертка за медиумска политика, смета дека нема потреба од нови стратегии, барем во однос на дезинформациите како дел од хибридни закани од надвор, т.н. FIMI.  Нагласува дека проблемот е комплексен, а често и аналитичарите и  истражувачите прават грешки, при што главната е што „поимите ‘дезинформации’ и ‘лажни вести’ се користат со исто значење, како содржини или информации што неточно ја претставуваат реалноста“. За посочените стратегии Трпевска вели:

 

„Тргнувајќи од она што Европската комисија го препорачува, мислам дека нашата држава веќе има развиен стратегиски пристап за борба против хибридните закани и СММИ (FIMI). Двете актуелни стратегии ги покриваат овие форми на закани и наложуваат координиран пристап. Со оглед дека во реалноста често е тешко да се разграничат овие форми на закани и дезинформации од друг тип (какви што се мисинформации, лажни вести, гласини…), во постојната Стратегија за безбедност се предвидува координиран пристап и се препорачува партнерство на владините тела со граѓанскиот сектор и другите актери.

Трпевска укажува на потребата од справување и со другите штетни информации:

Она што ѝ треба на нашата држава, а што не е опфатено со двете споменати стратегии, е координиран и стратегиски пристап за справување со различни други штетни содржини што се шират на социјалните мрежи – овде не спаѓаат само дезинформациите, туку и говорот на омраза, заканите по физичката безбедност, содржините штетни за малолетниците, онлајн демнењето и други видови штетни содржини и закани по безбедноста на корисниците“, вели Трпевска (целосниот одговор може да се прочита ТУКА).

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 6 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Драган секуловски, извршен директор на знм

 

Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, за  досегашните стратешки рамки и евентуална потреба од нова, смета дека проблемот лежи во примената, јазикот на кој се напишани, но и во неопходна соработка со граѓанскиот сектор:

 

 

„Во демократско општество институциите не се тие кои што треба да ја дефинираат вистината. Може да помогнат во одредена мерка во процесот на справување со дезинформации, но тоа би требало да биде во соработка со граѓанскиот сектор. Национална стратегија би значело дека последниот збор го има институцијата која функционира на основа на почитување закони… Примарен предизвик во развојот на овие стратегии е балансирањето на потребата од борба против штетните дезинформации со заштитата на основните човекови права, како што се слободата на изразување и независниот печат. За да се ублажат ризиците од пречекорување на владината моќ или цензура, стратегијата треба да користи прецизен јазик кој ќе го делегираат спроведувањето на независни, одговорни тела. Дополнително, треба да се воведе и едукација во рамките на засегнатите институции за да бидеме сигурни дека нема да се случи погоре наведеното во контекст на ризикот“– вели Секуловски(целосниот одговор може да се прочита ТУКА).

 

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 7 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Билјана георгиевска, директор на извршната канцеларија на семм

 

Билјана Георгиевска, директор на Извршната канцеларија на Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) вели дека во двата стратегиски документи има преклопување и се залага за единствен пристап, акцентирајќи го и моментот и тежината на проблемот:

 

 

 

Тежината на проблемот со хибридното војување и ранливоста на нашето општество, бараат што поширок опсег, национален фронт. Во (првите -н.з.) два документи што ги посочувате, по прашањето нa дезинфомациите како закана за демократијата – има преклопување. Логиката вели дека единствен пристап, добро координиран, со партнерско учество на сите чинители, би дал пофокусиран и поефикасен одговор. Конечно, искуството од изминатите три децении во земјава покажува дека документи имало доволно, но реализацијата на тоа што во нив е зацртано – хронично затајува-вели Георгиевска, укажувајќи на потребата од сериозен и сеопфатен пристап, „заради градење на отпорност на целото општество“.

Таа додава дека не смее да се остават главните активности на граѓанскиот сектор – кој секако мора да биде вклучен, a СЕММ иако бил повикуван и учествувал на повеќе настани на институциите, конкрето не добил никаква информација поврзана со активности околу Стратегијата за безбедност на РСМ 2024-2029 г., која предвидува вклучување и на СЕММ:

Неодговорно би било и натаму со проблемот со дезинформациите да се справуваат само неколку невладини организации, со скромни капацитети и неизвесност околу нивниот опстанок на подолг рок“… вели Георгиевска.(целосниот одговор може да се прочита ТУКА).

Санкционирање на дезинформациите со закон носи ризик од цензура

Во однос прашањето дали може со законско санкционирање на дезинформациите да се води ефикасна борба, Секуловски од ЗНМ нагласува може, но тоа носи опасност:

„Можно е со законско санкционирање да се води борба против дезинформации, но тоа носи значителни ризици за слободата на говорот. Во тие случаи ефектот не е секогаш позитивен, посебно ако правосудните органи не се подготвени за овој тип на предизвици. Најголем дел од проблемите настануваат во онлајн просторот на социјалните платформи. Ако тргнеме од оваа точка, ризикот за неуспех е многу поголем бидејќи не можеме да бидеме во постојана контрола на интернетот“ – вели Секуловски.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 8 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Марина тунева, вонреден професор на икс и експерт за медиуми и стратегиски комуникации

Марина Тунева, вонреден професор на ИКС и експерт за стратегиски комуникации, со големо искуство и во саморегулацијата, во овој контекст (баланс помеѓу санкции со закон и чување на слободата на говор), нагласува дека најефикасните решенија лежат во транспарентноста, но предупредува на внимателност при барањето баланс:

 

 

 

 

„Најефикасните решенија во светот не се засноваат на цензура, туку на транспарентност. Намалување на досегот на докажано лажна содржина, означување на манипулативни објави, упатување кон проверени извори и јасни стандарди за политичко рекламирање, се инструменти кои го штитат јавниот интерес без да ја задушат дебатата. Тука е важна и културата на отчетност, на пример ако на граѓанин му е отстранета содржина мора да знае зошто, да има право на жалба и да не биде оставен на милост или немилост на технолошки алгоритам.

Таа додава дека „ниту платформите, ниту државата не треба да бидат единствените арбитри на вистината“.

Саморегулаторните тела, факт-чекерите, медиумските организации и академската заедница имаат суштинска улога во одржување на рамнотежата. Ова е особено важно во поларизирани општества како нашето, каде што граѓаните повеќе веруваат на новинарите и експертите отколку на политичките институции“, наведува Тунева.

Законот за дигитални услуги може да помогне

Ако социјалните мрежи се главен канал за пренесување на дезинформациите, се наметнува прашањето дали овој проблем би можело да се адресира успешно и преку Законот за дигитални услуги (ЗДУ) што треба да го донесе надлежното министерството. Од МДТ во одговорот на ова прашање меѓу другото се наведува:

МДТ, во соработка со Делегацијата на ЕУ, во периодот септември/октомври 2024  подготви проект со кој ќе се обезбеди експертска поддршка за усогласување на националното законодавство со Digital Services Act и European Media Freedom Act. Проектот предвидува целосно транспарентна и инклузивна постапка, анализа на добри практики, како и значителен фокус на реална проценка на влијанието на регулативата и можните решенија…

На 21 ноември се одржа почетниот состанок, а проектот е со времетраење од 20 месеци и опфаќа повеќе компоненти. Во исчекување сме на нацрт-деталниот работен план, кој треба попрецизно да ја дефинира временската рамка за резултатите што ќе се испорачуваат – се наведува во одговорот од Кабинетот на министерот Стефан Андоновски.

Трпевска, во овој контекст појаснува што значи Регулативата за дигитални услуги на ЕУ (РДУ) во однос на дезинформациите:

„РДУ предвидува и т.н. Механизам за итна интервенција кога дезинформациите носат ризик (Crisis Response Mechanism), во периоди на војна, пандемија, избори и сл. Со РДУ  Европската комисија има овластување да бара од платформите: побрзо отстранување на штетните содржини и мрежи, засилено модерирање на содржините и други мерки против координираните дезинформациски кампањи. Сето ова значи дека РДУ не ги забранува „дезинформациите“ како содржина, но создава системски механизми на транспарентност, одговорност и надзор, кои значително можат да го ограничат нивното ширење. Во пракса, тоа значи дека платформите мора да се однесуваат одговорно, да ги намалат ризиците за демократијата и да дозволат надзор врз нивните алгоритми и практики“.

Таа појаснува и што подразбира хармонизацијата на нашето со европското законодавство во поглед на РДУ, со што станува појасно зошто процесот на носење на ЗДУ оди бавно :

„Во процесот на хармонизација со законодавството на ЕУ, нашата земја набрзо ќе треба да го инкорпорира и пакетот на регулативи поврзани со дигиталниот простор, вклучително и РДУ. Ова, меѓу другото, вклучува и назначување на национален координатор за дигитални услуги“.

Националните координатори за дигитални услуги со полни законски овластувања, се клучни за примената на РДУ за да можат корисниците во својата земја да поднесуваат известувања за нелегални содржини на платформите и за да се спроведува процедурата за доделување статус на доверливи означувачи во конкретната земја. Во најголем број земји, улогата на координатор за дигитални услуги ја имаат регулаторите за комуникации или регулаторите за медиуми, така што е препорачливо и во нашата земја оваа улога да му се додели на едно од овие тела. Со оглед дека јурисдикцијата на повеќето големи онлајн платформи се наоѓа во Ирска, каде дигитален координатор е Ирското регулаторно тело за медиуми, за спроведување на обврските од РДУ од клучно значење е соработката меѓу регулаторните тела, односно координаторите за дигитални услуги, преку Групата европски регулатори.  и надлежните тела на Европската комисија“ – вели Трпевска.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Фото: скриншот од фб профилот на семм

Улогата на саморегулацијата во справување со дезинформациите 

Во сеопфатниот пристап за кои зборуваат експертите влегува и саморегулацијата на медиумите како начин за справување со дезинформациите, а тоа го предвидела и државата со една од стратегиите(стр.30), појаснети погоре.

Актуелната директорка на СЕММ Георгиевска вели дека ова тело има проактивна улога:

„Во отсуство на широк и вмрежен фронт, СЕММ реализира сопствени активности, зависно од капацитетот и поддршката од донаторите, за унапредување на медиумската писменост, особено кај младите во земјава, но и за обука на новинари за препознавање, неширење и разобличување на дезинформации преку медиумите. Минатата година пристапивме до преку 350 средношколци и студенти, во Скопје, Штип и Тетово, за да размениме искуства со младите околу манипулативните содржини, главно онлајн, но и за методите за препознавање и важноста од неширење на креирани текстови, фотографии и видеа чија цел е да создадат лажна слика во општеството за чувствителни теми“ – вели Георгиевска.

Марина Тунева, која беше исто така долгогодишна директорка на СЕММ, се согласува и нагласува дека саморегулацијата може да одигра многу голема улога во справувањето со дезинформациите кај традиционалните и онлајн медиумите:

„Саморегулацијата е најдемократскиот механизам за заштита на јавниот интерес во медиумите, особено во борбата против дезинформациите. Таа функционира токму затоа што не доаѓа од државата, туку од професионалната заедница – новинарите, редакциите, уредниците. Суштината на нејзината улога е во тоа што создава стандарди и норми, а потоа обезбедува фер и независен процес за нивно почитување.

Во контекст на дезинформациите, саморегулацијата треба да биде не само корективен, туку и проактивен механизам. Тоа значи дека и самите медиуми треба да имаат јасни внатрешни редакциски правила за онлајн работа, односно проверка на извори, постапување со содржини од социјални мрежи, транспарентност за сопственоста и интересите. А, исто така, да се развијат стандарди за работа со автоматизирани алатки и вештачка интелигенција, затоа што токму тие се новата точка на ранливост“ – вели Тунева.

Медиумската писменост и нејзино посеопфатно третирање во образованието (види тука, тука и тука), но и пошироко, исто така беше препорака од експертите.

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 9 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция
Една од последните активности на метаморфозис околу дезинформациите. Фото ванчо џамбаски/flickr

Метаморфозис со години наназад се залага за сеопфатен пристап

Начинот за справување со дезинформациите што произлегуваат како резултат на странско вмешување и манипулација со информации (FIMI), како и градење на отпорност на општеството, со години е во фокус на интерес и на Фондацијата Метаморфозис. Резултатите што произлегуваат од повеќето истражувања што се спроведени на оваа тема се адресирани и како иницијативи, од кои беше прифатено и ЗДУ да влезе во Програмата на Владата за 2025 г. и како препораки, не само до извршните власти, туку и до граѓанското општество, медиумите, бизнис заедницата, итн.

Иницијативите и препораките доаѓаат и по бројни истражувања и анализи меѓу кои се и истражувањата за перцепциите на граѓаните за дезинформациите во 2022 г., во 2023 г., а слично истражување е направено и годинава, кое наскоро треба да биде објавено.

Една од последните активности на Метаморфозис беше презентацијата на извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“, кој Метморфозис го промовираше во рамките на Деновите на медиумската писменост.

*Истражувањето на Индаго за перцепциите на граѓаните околу дезинформациите, за потребите на Метаморфозис ќе биде објавено за неколку денови


Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 d181d0b0d0bcd0be d181d0b5d0bed0bfd184d0b0d182d0b5d0bd d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0bcd0bed0b6d0b5 d0b4d0b0 d0bfd0bed0bcd0bed0b3d0bd 1 iustitia. Bg борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно... Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 2025-12-06 12:19:42 правда - юстиция

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-06 12:19:42 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media
Facebook X LinkedIn Reddit Telegram WhatsApp Email Print
Previous Post

Русија започна масовни напади низ Украина додека продолжуваат мировните преговори во Мајами 2025

Next Post

Тајланд изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, додека тензиите ескалираат 2025

Next Post
Тајланд изврши воздушни напади долж спорната граница со камбоџа, додека тензиите ескалираат 2025

Тајланд изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, додека тензиите ескалираат 2025

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

  • Rating

Search / Търси в сайта

No Result
View All Result
гугъл новини, гоогле новини, гугъл нюз, гъгъл нюз, google news, news google, google.bg, news.google.bg, Юстиция, новини, последното, най-важното, видео, телевизия, радио, Новини, петър низамов

Recent Posts

  • За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста 2026
  • „Ниту една повеќе“, по зачестените случаи на семејно насилство, повика на блокада и протест 2026
  • Крива Паланка поднесува кривични пријави поради неспроведените решенија за одземање на добитокот 2026
  • Убиен новинар во Костарика што истражувал трговија со дрога и врски со владините институции 2026
  • Шест барања до институциите за заштита на жените од насилство 2026
  • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата и на „Алта лизинг“ 2026
  • Во Казахстан, жените од руралните средини се здружуваат за да ги подобрат условите за живот 2026
  • 67. Меѓународен филмски фестивал во Солун: Режисерот Петар Валчанов за корупцијата, политичката манипулација и заблудите во бугарското општество 2026
  • АНАЛИЗА: Доспеаните, а неплатени обврски на државата надминаа 700 милиони евра, со најголеми долгови ЈП и државните фирми 2026
  • Најмладата пациентка со цервикален карцином има само 18 години, лекарите повикуваат родителите да си ги вакцинираат децата 2026
  • Дојче Банк случајно ги објави даночните пријави на Доналд Трамп 2026
  • Актерката и пратеничка Лидија Вукиќевиќ полеана со јогурт пред српскиот парламент 2026
  • Најновите игри сместени во светот на „The Lord of The Rings“ 2026
  • Обвинителството бара притвор за битолчанецот кој избега од полициска станица по пријава за семејно насилство 2026
  • Енвидија ја отфрли можноста Хуанг да се врати како извршен директор 2026
  • Два главни моста во Киев погодени во руски напад 2026
  • Србија денеска на конститутивната седница ќе ги одбере претседателот и потпретседателите на Парламентот 2026
  • Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор 2026
  • Новиот акциски план за отворена власт предвидува поголема транспарентност, дигитални услуги и контрола на институциите 2026
  • Новиот акциски план за отворена власт предвидува поголема транспарентност, дигитални услуги и контрола на институциите 2026
  • Организациите против насилство врз жени побараа насилникот од Охрид да добие притвор 2026
  • Битолчанецот осомничен за семејно насилство кој избега од станицата низ прозорец денес се предаде на полицијата 2026
  • Таличниот Том и Гашо продолжуваат да живеат во нови стрип-албуми 2026
  • Во Албанија, младите од руралните средини се залагаат за решавање на локалните еколошки проблеми 2026
  • Кривична пријава против насилникот што ја претепа девојката во Охрид, уапсен е и нејзиниот татко заради закани 2026
  • Кривична пријава против насилникот што ја претепа девојката во Охрид, уапсен е и нејзиниот татко заради закани 2026
  • Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство 2026
  • Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември 2026
  • Бесент смета дека „Енвидија“ мора да побара нов извршен директор надвор од компанијата, Хуанг размислува да се врати 2026
  • Иран ја нападна американската воена база во Бахреин 2026
  • Италија ја казни Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии на корисниците без согласност 2026
  • 67. Меѓународен филмски фестивал во Солун: Банализација на злото од Хана Арент до Андреј Звјагинцев 2026
  • Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес 2026
  • АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва 2026
  • По речиси 24 часа, Мајкрософт ги врати во функција „Аутлук“ и „Копилот“ 2026
  • ЕК: Говорот на омраза се шири на социјалните мрежи, институциите немаат доволно капацитет за да се борат против него 2026
  • Полицајците добиваат боди-камери со ВИ, МВР склучило договор со американската компанија „Аксон“ 2026
  • За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи 2026
  • За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи 2026
  • Мајкрософт велат дека напредуваат со напорите за опоравување на нивните сервиси по глобалниот прекин 2026
  • Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години 2026
  • Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години 2026
  • Мајкрософт велат дека напредуваат со напорите за опоравување на нивните сервиси по глобалниот прекин 2026
  • Мицкоски: Парното ќе поскапи, но не колку што бараат компаниите 2026
  • Мицкоски: Парното ќе поскапи, но не колку што бараат компаниите 2026
  • Вакцина против грип за еден од четири пријавени, приватно не може да се купи 2026
  • Буџет 2027: Сумата за пензии ќе надмине 2 милијарди евра, расходите на ФЗО се доближија до 1 милијарда евра 2026
  • Поранешниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, повикан да сведочи пред Конгресот во САД во врска со аферата со кинеска шпионка 2026
  • Алта банка ја отвора експозитурата во Прилеп 2026
  • НАСА објави јавен повик за астронаути кои би оделе на Месечината 2026
  • Гугл го претстави „Џемини 4 Хидроген“, новиот модел што го заменува „Џемини 3.8 Флеш“ 2026
  • Виткоф и Кушнер се сретнаа со Зеленски по разговорите со Путин, на следната средба ќе има и претставник од Европа 2026
  • Финансиската директорка Колет Крес е привремен извршен директор на Енвидија 2026
  • Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите 2026
  • Најмалку осум лица го загубија животот и десетици се повредени по уривање на зграда во Бруклин 2026
  • Леб, туна и кромид за студентите, повластени цени за пратениците 2026
  • Зеленски: Ограничувањата на Старшилд им помагаат на Русите да убиваат повеќе Украинци 2026
  • Делегацијата на ЕУ по јавната дискусија за „Стив Наумов“: Проблемите треба да се пријават, а информациите да се проверуваат 2026
  • Н1: Српската тајна служба вршела надзор над студенти, новинари, активисти? 2026
  • Во израелски напад врз болница во јужниот дел на Газа загинаа шест лица 2026
  • Како платформа за граѓанска технологија им помага на жените во Србија безбедно да стигнат дома 2026
  • Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници 2026
  • Бордот на „Енвидиа“ ќе одлучува за судбината на директорот Џенсен Хуанг по скандалот со шпионската афера 2026
  • Кушнер и Виткоф пристигнаа на преговори со Путин, Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади 2026
  • Во САД татко осомничен дека си го закопал детето живо 2026
  • Во САД татко осомничен дека си го закопал детето живо 2026
  • Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски 2026
  • Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски 2026
  • Филипче: Мицкоски лаже, СДСМ не донела одлука за влез на Алта банка 2026
  • Филипче: Мицкоски лаже, СДСМ не донела одлука за влез на Алта банка 2026
  • Украина и Русија договорија размена на заробеници, но не и прекин на огнот 2026
  • Украина и Русија договорија размена на заробеници, но не и прекин на огнот 2026
  • Алта банка нема да банкротира, рече Мицкоски на надзорната расправа во Собрание 2026
  • Алта банка нема да банкротира, рече Мицкоски на надзорната расправа во Собрание 2026
  • Граѓанските организации бараат 16 дена институционална одговорност, наместо протоколарни настани 2026
  • Проверка на факти: Какви онлајн дезинформации се проширија по пукањето во Краков 2026
  • Американски војник уапсен во Британија под сомнение за шпионажа поврзана со Русија 2026
  • Активирани борбени авиони на НАТО откако беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на балтичките земји 2026
  • Украински напади го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за 30 отсто 2026
  • Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата 2026
  • Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата 2026
  • Рубио: Преговорите за крај на војната во Украина се многу продуктивни 2026
  • Рубио: Преговорите за крај на војната во Украина се многу продуктивни 2026
  • Пит Хегсет е под големи притисоци поради војната во Иран и се бара негово разрешување, но Трамп не се откажува од него 2026
  • Пит Хегсет е под големи притисоци поради војната во Иран и се бара негово разрешување, но Трамп не се откажува од него 2026
  • До февруари „Безбеден град“ ќе функционира низ целата држава 2026
  • До февруари „Безбеден град“ ќе функционира низ целата држава 2026
  • Кристи Мекормик e предложена од Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија 2026
  • Кристи Мекормик e предложена од Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија 2026
  • Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен во истрага за трговија со луѓе 2026
  • Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен во истрага за трговија со луѓе 2026
  • Русија изврши нови смртоносни напади во Украина неколку часа пред почетокот на преговорите во Абу Даби 2026
  • Првата годишнина на играта „Where Winds Meet“ ќе се одржи на 13 ноември 2026
  • Индустријата на ЕУ би можела да се откаже од обидите да им конкурира на кинеските компании 2026
  • Франција тврди дека Иран стои зад сајбер-нападот врз замрзнувачите во француските супермаркети 2026
  • Започнаа разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби за ставање крај на војната 2026
  • Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат 2026
  • Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ 2026
  • По повеќе од 30 години независно истражувачко новинарство, Рускиот весник „Новаја газета“ ги затвора вратите под притисок на властите 2026
  • ЕУ ќе ги тужи „IBM“ и две европски фирми поради проблематичниот систем за влез и излез на границите 2026

[contact-form-7 id=”45ced39″ title=”Contact form 1″]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

  • За Нас – агенция за разследваща журналистика ЮСТИЦИЯ – Бургас, България
  • Рекламирайте с ЮСТИЦИЯ
  • Прозрачно управление
  • Докладване на проблем
  • Условия за ползване
  • Защита на данните
  • Правила на форума
  • Политика за бисквитките
  • Екип
  • Помощ
  • Карта на сайта
  • Статистика
  • Реклама
  • Контакти
  • Етичен кодекс на българските медии
  • RSS емисия
  • Често задавани въпроси (FAQ)
  • Задайте въпрос във форума
  • Вестник “ЮСТИЦИЯ”
  • العربية
  • Dansk
  • Deutsch
  • Ελληνικά
  • English
  • български
  • Čeština
  • Español
  • Français
  • עברית
  • Hrvatski
  • Magyar
  • Italiano
  • Lietuviškai
  • Latviešu valoda
  • македонски јазик
  • Norsk Bokmål
  • Nederlands
  • Polski
  • Português
  • Română
  • Русский
  • Slovenčina
  • Slovenščina
  • Српски језик
  • Svenska
  • Türkçe
  • Українська
  • 日本語
  • ไทย
  • فارسی
  • 中文 (中国)
  • Беларуская мова
  • Deutsch Austria
  • Deutsch Switzerland
  • shqiperia
  • English USA
  • Bosanski

© 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski

© 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

Оваа веб-страница користи колачиња. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате со користењето на колачиња. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност и колачиња.