
Ова интервју е дел од серијалот текстови посветени на работата на дел од добитниците на грантови во рамки на програмата „Digital Spark“, која се спроведува во рамки на проектот „Регионален механизам за поддршка на Источна Европа и Централна Азија (EECA)“. Проектот го спроведуваат Фондација Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Иницијативата за дигитална демократија (DDI), која ги опфаќа земјите од глобалниот Југ. Интервјуто се објавува на „Глобал Војсес“ врз основа на договор за споделување содржини.
Жените во руралните области на Казахстан се меѓу најпогодените од климатските промени, енергетскиот дефицит и лошото управување. Тие го носат најголемиот товар од недостигот на вода, особено во јужните делови на земјата, каде што проблемот е најизразен поради густата населеност, зависноста на економијата од земјоделството и загубите на вода предизвикани од застарената инфраструктура за наводнување.
Во селото Ќизилсај, кое се наоѓа во јужниот регион Жамбил, недостигот на вода прераснал во сериозен проблем што влијае врз секојдневието на жените. Поради тоа, тие мораат да поминуваат по неколку часа дневно надвор од своите домови за да обезбедат вода за домаќинствата, градините и животните. Нивната напорна работа честопати останува незабележана и неплатена, а оддалеченоста на местото каде што живеат им го отежнува пристапот до информации и владини услуги, што дополнително ја влошува нивната положба.
Во 2026 година, локалната активистка Назгул Ајдабосинова спровела проект чија цел била да им помогне на жените од заедницата да ги подобрат условите за живот. Преку обуки, тие научиле како поефикасно да комуницираат со институциите, да ја пресметаат вредноста на својот труд и производите и заеднички да се организираат за решавање на проблемите во заедницата. Глобал Војсес спроведе интервју по е-пошта со Ајдабосинова за да дознае повеќе за нејзината иницијатива. Интервјуто е уредено заради поголема јасност и концизност.
Глобал Војсес (ГВ): Кажете ни нешто повеќе за вашата организација и зошто решивте да се вклучите во проектот Digital Sparks.
Назгул Ајдабосинова (НА): Претставувам иницијатива на ниво на заедницата, предводена од жени од руралната средина во селото Ќизилсај. Нашата работа е насочена кон поддршка на жените кои се грижат за домаќинствата, водат мали земјоделски стопанства, одгледуваат добиток и се грижат за семејството, а истовремено имаат ограничен пристап до информации, јавни услуги и можности за граѓанско учество.
Решивме да се вклучиме во проектот Digital Sparks затоа што дигиталните алатки можат непосредно и практично да им го олеснат секојдневието на жените. Многу од нив веќе имаат паметни телефони, но претходно ги користеа главно за телефонски разговори и WhatsApp.
Проектот ни овозможи да ги претвориме овие уреди во алатки за пристап до електронските владини услуги (eGov), документирање на проблемите во заедницата, управување со обврските поврзани со земјоделските стопанства и домаќинствата, заштита на дигиталната безбедност и комуникација со локалните власти.
ГВ: Кој проблем или предизвик во вашата заедница ве поттикна да го започнете овој проект?
НА: Клучниот проблем е несигурното водоснабдување во селото Ќизилсај. Често снемува вода во текот на денот, особено во лето. Тоа влијае врз градините, добитокот, домашните обврски, како и врз здравјето и благосостојбата на семејствата.
Товарот од оваа состојба несразмерно повеќе паѓа врз жените. Тие стануваат рано за да складираат вода, носат вода за потребите на домаќинството и земјоделските активности, се грижат за добитокот и чекаат ред за наводнување. Голем дел од овие обврски се неплатени, одземаат многу време и ретко се препознаваат како труд.
Жените се соочуваа и со пречки кога требаше да ги пријават проблемите со водоснабдувањето: знаеја што се случува, но честопати им недостигаа знаење, докази и самодоверба за ефикасно да ги изнесат своите барања пред локалните институции.
ГВ: Кои се главните промени што ги воведе вашата организација и активностите што ги спроведе во текот на учеството во проектот?
НА: Во рамки на проектот беа одржани четири практични обуки за десет жени од руралната средина.
На првата обука, насловена „Телефонот е повеќе од WhatsApp: паметниот телефон како помошник во домаќинството“, учесничките научија како да користат потсетници на паметните телефони, да водат фото-дневници за земјоделските активности и грижата за добитокот, да пристапуваат до електронските владини услуги (eGov), да креираат силни лозинки и да применуваат основни практики за дигитална безбедност.
На втората работилница, насловена „Паметно наводнување: кога градината ви кажува дека е жедна“, учесничките се запознаа со правата поврзани со водоснабдувањето, одговорностите на надлежните локални институции и мапирањето на проблемите со водоснабдувањето со помош на фотографии на кои се забележани датумот, времето и GPS-локацијата.
Третата сесија, насловена „Бројките не лажат: кога ќе пресметате сè, ќе заработувате повеќе“, беше посветена на евидентирањето на неплатениот труд и пресметувањето на реалната цена на земјоделските производи, како што е млекото. Се разговараше и за економската вредност на времето што може да се заштеди со паметно наводнување.
На четвртата и последна сесија, насловена „Искрен договор: кога технологијата ни помага да си веруваме едни на други“, учесничките изработија планови за подобро искористување на времето за остварување приходи, ги мапираа локалните мрежи за поддршка и разговараа за меѓусебно менторство. Исто така, се договорија да започнат со активности за заеднички настап пред институциите во врска со проблемите со водоснабдувањето и за воспоставување заедничка инфраструктура за паметно наводнување, преку кооперативен пристап.
ГВ: Како учеството во проектот влијаеше врз корисничките на вашата организација и врз заедницата на која ѝ служите? Наведете конкретни примери.
НА: Проектот им помогна на жените учеснички да почнат да гледаат на паметните телефони како на алатки за самостојност, граѓанско учество и практично решавање проблеми, а не само како средства за комуникација.
На пример, жените научија дека преку електронските владини услуги (eGov) можат да побараат одредени официјални документи онлајн, со што се намалува потребата да трошат време и пари за патување до административните служби.
Исто така, научија како систематски да собираат докази за проблемите со водоснабдувањето. Фотографијата од пресушен канал, оштетена цевка или загаден извор на вода станува покорисна за застапување на нивните интереси кога е придружена со датум, локација и писмен опис.
Обуката за неплатениот труд и трошоците за производство имаше особено големо значење. Учесничките ја пресметаа вредноста на своето време и подобро ги разбраа реалните трошоци за производството на млеко и работата поврзана со наводнувањето. Во текот на дискусијата се покажа дека рачното наводнување може да одзема и до 60 часа месечно.
Тоа им помогна на учесничките да сфатат дека нивното време има економска вредност и дека заедничките решенија за паметно наводнување би можеле да им ослободат време за остварување приходи, образование, одмор и учество во животот на заедницата.
Групата започна и процес на меѓусебно пренесување на знаењето. Три учеснички почнаа да го споделуваат со жените од соседството знаењето што го стекнаа на обуките.
ГВ: Како се променија вашето знаење, свесност и искуство во областа на дигиталната демократија и граѓанскиот простор благодарение на учеството во проектот?
НА: Моето разбирање за дигиталната демократија стана многу попрактично. Пред овој проект, на дигиталните алатки главно гледав како на средства за комуникација и пристап до информации.
Преку Digital Sparks увидов како дигиталните алатки можат да ги зајакнат капацитетите на луѓето да ги остваруваат своите права, да пристапуваат до јавни услуги, да собираат докази, да комуницираат со локалните власти и да се организираат за заедничко дејствување.
Исто така, стекнав подлабоко разбирање за поврзаноста меѓу дигиталната вклученост, неплатениот труд на жените, предизвиците со водоснабдувањето предизвикани од климатските промени и граѓанскиот простор.
За жените од руралните средини, дигиталните вештини не се сведуваат само на техничко знаење. Тие значат можност да го изразат својот став, да ги документираат проблемите, да ги разбираат своите права и да учествуваат во донесувањето одлуки што влијаат врз нивните семејства и заедницата.
ГВ: Кои се највредните лекции и искуства што ги понесувате од овој проект?
НА: Највредната лекција е дека дигиталната писменост има најголемо влијание кога е непосредно поврзана со реалните, секојдневни потреби на луѓето. Во Ќизилсај, недостигот на вода, земјоделските активности, неплатените обврски за грижа и пристапот до јавни услуги беа прашањата поради кои дигиталните алатки добија практична примена и значење.
Друга важна лекција е дека на жените не им се потребни само информации, туку и самодоверба и меѓусебна поддршка. Кога учесничките ги разбраа своите права, ја пресметаа вредноста на својот труд и научија како да соберат веродостојни докази, беа поподготвени да разговараат со локалните власти и да дејствуваат заеднички.
Проектот ја покажа и вредноста на учењето преку меѓусебна размена на знаења и искуства. Поголема е веројатноста учесничките да им веруваат на жените од сопствената заедница и да учат од нив, бидејќи и самите се соочуваат со слични предизвици.
ГВ: Што следува понатаму? Како ќе го примените стекнатото знаење и развиените дигитални вештини во вашата идна работа и во заедницата?
НА: Ќе продолжиме со моделот на каскадно пренесување на знаењето, при што обучените учеснички ќе ги споделуваат основните вештини за користење паметни телефони, електронски владини услуги (eGov), дигитална безбедност и документирање на проблемите со други жени во Ќизилсај.
Групата има намера да развие кооперативен пристап кон проблемите со водоснабдувањето во селото. Планираната задруга би овозможила заеднички настап пред институциите, меѓусебна размена на знаења и истражување можности за финансирање паметни бунари или заедничка инфраструктура за наводнување.
Во нашата идна работа ќе продолжиме да ги поврзуваме дигиталните вештини со економското зајакнување на жените, запознавањето со нивните права и учеството во локалните процеси на одлучување, за трудот, знаењето и потребите на жените од руралните средини да станат повидливи.
Во Казахстан, жените од руралните средини се здружуваат за да ги подобрат условите за живот 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-17 05:03:47
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
