
Денеска во Скопје се одржа осмата Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“, каде пред фонтана „Лотос“ илјадници граѓани излегоа на збирното место на протесниот марш.
Движењето започна во 19 часот по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а крајната дестинација беше паркот „Жена Борец“. Со транспаренти и знамиња во боите на винижитото, активистите и граѓаните изразија поддршка на ЛГБТИК+ заедницата.
Месецот јуни низ светот се одбележува како месец на гордоста, период во кој во многу земји се одржуваат паради на гордоста и други настани посветени на видливоста и борбата за правата на ЛГБТИК+ заедницата, како и на останатите маргинализирани групи.
Организаторите посочуваат дека годинашниот марш, кој се одржува под слоганот „Сите нека знаат“, е порака против игнорирањето на ЛГБТИК+ заедницата во јавниот живот и институционалниот молк кон нивните барања за поголема еднаквост и заштита на правата.
„Сите нека знаат“е реакција против вековното, системско бришење и истиснување на ЛГБТИК+ животите од колективната историја, меморија, култура и јавен простор. На обидите нашето постоење да се релативизира, патологизира или претстави како нешто измислено и „увезено“ – гласно им велиме: тука сме, насекаде околу вас“, се вели во соопштението на Инстаграм профилот на Скопје Прајд.
Од организацијата велат дека фокусот е ставен на испраќање јасни пораки до институциите за решавање на долгогодишните проблеми со кои се соочува ЛГБТИК+ заедницата, меѓу кои се правното признавање на родовиот идентитет, поефикасна заштита од насилство и посилни мерки против дискриминацијата и говорот на омраза.
Во своето обраќање, актерот, музичар и активист Долорес Лео Поповиќ порача дека маршот е чин на видливост за ЛГБТИК+ заедницата и нагласи дека нивната борба е насочена кон остварување на правата и спротивставување на исклучувањето од јавниот простор.
„Тоа што денеска сме тука значи дека одбиваме да се предадеме, дека застануваме цврсто во одбрана на нашите права, дека одбиваме да бидеме скриени и надвор од јавниот простор како обид да се поништи нашето постоење“, изјави Поповиќ во својот говор.
Поповиќ во своето обраќање порача дека припадниците на ЛГБТИК+ заедницата се присутни во секој сегмент од општеството и дека секојдневно се дел од професионалниот и социјалниот живот, нагласувајќи дека пораката на маршот е насочена кон отворање на јавниот простор и соочување со реалноста на нивното постоење, кое често останува занемарено или невидливо.
„Тука сме, насекаде околу вас , ние сме дел од вашето потесно и пошироко семејство и од вашиот круг на пријатели. Ние сме ваши колеги, клиенти, соработници, соседи и познаници. Тука сме меѓу оние со кои се разминувате на улица, или разменувате по некој збор на каса или шалтер. Ние сме ваши доктори, наставници, угостители, продавачи, возачи и доставувачи. Сите нека знаат е порака општеството да го симне превезот и да се соочи со нашето непоколебливо присуство“, изјави Поповиќ.
Со протесни извици „Тука сме! Многу сме! Горди сме!“, граѓаните и оваа година стигнаа до својата цел, но овојпат во паркот „Жена борец“, простор којшто симболично ја означува борбата за правда, слобода и слободоумие.




Под слоганот „Сите нека знаат“, Скопје маршираше за видливост, права и слобода 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-20 20:52:49 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


