
Во последните шест месеци, студентите пријавиле проблеми со прекините на правото на субвенциониран студентски оброк, со доцнењето на стипендиите, недостапноста на бесплатниот јавен превоз и лошите услови во студентските домови, покажа анализата која беше презентирана денеска, а во која има 717 пријави од студенти и повеќе од 1.300 учесници во јавните гласања, регистрирани од април до септември 2026 година преку дигиталната платформа „Студентарија“, во рамките на проектот „Дигитален студентски глас 2026“.
Наодите од шестмесечниот период укажуваат на повторливи поплаки за нејасно оценување, недостапност на професори и студентски служби, како и недоволно навремени информации за административните постапки. Како заеднички проблем се издвојуваат недоследностите во практиката и потребата од поголема транспарентност, институционална одговорност и координација.
Поради административни пропусти, студентите остануваат без парите за оброк
Еден од позначајните наведени проблеми е прекинувањето или неодобрувањето на правото на субвенциониран студентски оброк. Во пријавите се наведуваат непотврдени апликации, технички проблеми со системот и случаи во кои студентите морале повторно да аплицираат, иако причината за прекинот не била на нивна страна.
Во презентацијата е посочен случајот со Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Според пријавите, факултетот не доставил навреме податоци до Министерството за образование и наука (МОН), поради што, на поголем број студенти им било прекинато правото на оброк.
Како дополнителен проблем студентите ја посочуваат и висината на субвенцијата. Со законските измени од 2023 година, износот бил зголемен од 120 на 140 денари дневно, со предвидено усогласување со инфлацијата по секоја фискална година, пред донесувањето на буџетот за следната година. Студентите оценуваат дека 140 денари не се доволни за покривање на реалните трошоци за оброк. Затоа, меѓу препораките е редовно усогласување на износот со инфлацијата, како и утврдување јасни рокови за доставување и проверка на податоците, за студентите да не го губат правото поради административни пропусти.
Финансиска неизвесност создава доцнењето на исплатата на стипендиите
Исплатата на стипендиите, посебно за студентите на втор циклус студии, е уште еден проблем што се повторувал во текот на анализираниот шестмесечен период. Во пријавите од јуни студентите посочувале дека не ги добиле парите за претходните два месеци, а во јули повторно било пријавено доцнење. Според презентацијата, исплатата во наведениот случај била реализирана дури во август. Доцнењето им создавало финансиска неизвесност на студентите што сметале на стипендиите за покривање на трошоците за студирање и живот. Во анализата се нагласува дека, иако не бил утврден општ рок за месечна исплата што би овозможил секое доцнење да се означи како прекршување на законот, потребни се поголема предвидливост и навремено информирање.
Како решение за ова, се предлага МОН да објавува јасен календар за конкурсите, резултатите и исплатите, а студентите навреме да добиваат информации за статусот на нивните барања и за причините за евентуалните доцнења.
Студентите бараат бесплатни билети за превоз, меѓуградскиот превоз поскапува
Трошоците за превоз се меѓу најзначајните проблеми што ги издвоиле студентите во август и во септември. Така, во септемвриските пријави се наведуваат поскапувања на билетите на повеќе меѓуградски релации, меѓу кои Тетово – Скопје, Куманово – Скопје, Гостивар – Скопје, Охрид – Скопје, Битола – Скопје, Струга – Скопје, Кичево – Скопје и други линии. За студентите што редовно патуваат од местото на живеење до универзитетскиот град, зголемените цени претставуваат дополнителен финансиски товар.
Во исто време, студентите од приватните универзитети побарале да можат да ја користат бесплатната студентска автобуска картичка во Скопје. Според анализата, бесплатниот годишен билет годинава им е достапен на редовните студенти на државните универзитети во Скопје, запишани на прв циклус студии, а студентите од приватните универзитети не се опфатени со мерката.
Прашањето за еднаков пристап до бесплатен превоз беше отворено и претходно. Во 2023 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација упатила препорака до Владата и МОН за системски, одржлив и континуиран пристап до бесплатен јавен превоз за редовните студенти на приватните универзитети.
И Националната стратегија за млади 2023–2027 предвидува намалување на цените на меѓуградскиот автобуски превоз за студентите и средношколците, со целно намалување од 30 проценти во периодот од септември 2023 до мај 2024 година. Сепак, во пријавите од септември студентите укажувале на поскапување на билетите.
Меѓу препораките за ова, е повторно разгледување на финансиската поддршка за студентите што студираат надвор од местото на живеење, како и проширување на пристапот до бесплатен градски превоз.
Лоши услови во домовите и нејасни критериуми за сместување
Во студентските домови студентите пријавувале лоша хигиена, појава на лебарки и глувци, проблеми со топлата вода и прекини на струјата. Меѓу домовите што се споменуваат во пријавите се „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“ во Скопје и „Кочо Рацин“ во Битола. Во домот „Никола Карев“ во Охрид бил пријавен повеќедневен прекин на електричната енергија, додека други поплаки се однесувале на недостиг од вода и топла вода.
Студентите пријавувале и доцнење на резултатите од конкурсите за сместување, недостапност на службите, нејаснотии околу рангирањето и распределбата на собите, како и наплата за цел месец и покрај подоцнежното вселување.
Во анализата се посочуваат и наодите на Државниот завод за ревизија од 2024 година, според кои при ревизијата не бил презентиран интерен акт што уредува дел од прашањата за работата на комисиите за прием и постапките за рангирање и утврдување на конечните списоци.
Затоа се препорачува објавување целосни и проверливи ранг-листи со освоените бодови и статусот на кандидатите, како и јасни правила за работа на комисиите и објективни критериуми за распределба на собите.
За условите во домовите се предлагаат редовни и документирани санитарни проверки, навремено постапување по пријавите за штетници и нехигиена, како и планови за итни ситуации при прекин на струја, вода или греење. Дополнително, секој дом треба да има јавно објавен канал за поплаки, рок за одговор и систем за следење на решавањето на проблемите.
Нејасно оценување и недостапни професори
Во текот на шесте месеци студентите пријавувале нејасни критериуми за оценување, непризнаени поени, испитни прашања за кои сметале дека не биле соодветно обработени на наставата, како и сомнежи за фаворизирање одредени студенти.
Пријавите се однесувале и на неодговорени електронски пораки, недостапност на професори и асистенти за консултации, доцнење на резултатите од колоквиуми и испити и неажурност на студентските служби. Бруцошите дополнително укажувале на нејасни или задоцнети информации за уписите и административните постапки.
Во анализата се нагласува дека Законот за високото образование им гарантира на студентите право на квалитетни студии, можност да се изјаснуваат за квалитетот на наставата и наставниците, како и заштита на личноста и достоинството.
Предвидена е и можност за приговор до деканот или директорот во рок од 24 часа во случаите поврзани со завршното оценување, односно кога студентот смета дека испитот не бил спроведен согласно законот и правилата на високообразовната установа.
Поради краткиот рок, се препорачува критериумите за оценување да бидат јавно објавени и доследно применувани, резултатите да се објавуваат навреме, а студентите да имаат јасни информации за увид во испитот, образложение на оценката и поднесување приговор.
Проектот е поддржан преку грантовата шема Digital Spark, во рамките на Regional Support Mechanism EECA, кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative (DDI). Дигиталната платформа овозможила студентите да ги наведат проблемите со кои се соочуваат. Следниот чекор, според препораките, е надлежните институции да преземат конкретни мерки, да ги подобрат постапките и транспарентно да известуваат за решавањето на пријавените проблеми.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-14 16:33:00
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

