
Веќе девет години, Студентарија, младински медиум што функционира преку „Инстаграм“, секојдневно објавува информации за студентскиот живот во Северна Македонија: од рокови за пријавување и стипендии, до јавен превоз, сместување и политики во високото образование. Но, покрај обезбедувањето информации, „Студентарија“ сè повеќе станува и нешто друго: место каде што студентите се чувствуваат доволно безбедно да зборуваат за проблеми што не се подготвени да ги пријават на друго место.
Со години, пораките пристигнувале една по друга.
Студент кој не ја добил ветената државна стипендија. Друг кој опишува присуство на лебарки во студентскиот дом. Трет известува дека субвенционираниот студентски оброк ненадејно му бил прекинат без објаснување. Студент убеден дека бил неправедно третиран на испит, но премногу исплашен за јавно да проговори.
Повеќето од овие случаи никогаш не биле формално пријавени до надлежните институции. Наместо тоа, завршувале во инбоксот на Студентарија на Инстаграм. Како што низ годините се наталожувале илјадници пораки, едно прашање станувало невозможно да се игнорира: Што ако овие поединечни приказни можат да станат доказ за системски проблеми?
Од тоа прашање произлезе „Дигитален студентски глас“, онлајн-платформа што им овозможува на студентите од целата Северна Македонија анонимно да пријавуваат проблеми поврзани со високото образование и студентскиот живот.
Наместо само да собира поплаки, целта на платформата е да ги препознае проблемите што постојано се повторуваат, да ги документира структурните предизвици и расфрланите индивидуални искуства да ги претвори во организирани податоци што можат да послужат за јавна дискусија и институционално дејствување.
„Студентите ѝ веруваат на Студентарија, а тоа се гледа и од големиот број пораки што ги добиваме секој ден“, вели Гоше Николов, основач на „Студентарија“.
„Иако таа доверба е исклучително висока, забележавме и дека многу студенти се плашат јавно да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат, поради страв од можни последици. Тоа особено јасно се покажа кога еден студентски дом во Охрид остана без електрична енергија повеќе од 30 часа. Студентите нè информираа за ситуацијата, но се плашеа дека ќе бидат идентификувани и дека може да се соочат со одмазда од управата на домот, вклучително и со можноста да го изгубат сместувањето.“
Стравот од отворено зборување не е ограничен само на една институција. За многу студенти, јавното критикување на универзитетски кадар, управи на студентски домови или државни институции може да изгледа ризично, особено во релативно мала академска заедница во која е тешко да се зачува анонимноста.
„Дигитален студентски глас“ е создаден токму имајќи ја предвид таа реалност.
Преку безбеден онлајн-формулар, студентите можат анонимно да пријавуваат проблеми – од доцнење на стипендии и финансиска помош, преку влошени услови за живот во студентските домови и прекршување на студентските права, до проблеми со превозот, дискриминација или административни пречки во текот на студирањето.
Но, целта не е само собирање пријави.
Платформата настојува да создаде структурирана база на податоци за студентските искуства, што ќе овозможи проблемите што се повторуваат да бидат препознаени, категоризирани и следени во подолг временски период. На тој начин, изолираните случаи стануваат мерливи трендови, наместо да останат само поединечни анегдоти.
„Тимот на Студентарија внимателно ја разгледува секоја пријава, ги анализира пријавените случаи и ги утврдува најчесто пријавуваните проблеми за да можеме да ги препознаеме обрасците што се повторуваат“, вели Александар Николовски, член на тимот на Студентарија.
„Нашата цел е да ги систематизираме овие наоди и јавно да им ги претставиме на надлежните институции. Преку јавна комуникација, известување засновано на докази и формална комуникација со носителите на одлуки, сакаме да укажеме на она со што студентите постојано се соочуваат и да ги поттикнеме институциите да реагираат. Веруваме дека транспарентноста и јавната отчетност можат да станат важни двигатели на позитивни промени.“
Првите резултати покажуваат дека студентите како само да чекале ваков вид платформа.
Во текот на првиот месец, „Дигитален студентски глас“ добил околу 100 пријави. До третиот месец, бројката речиси се зголемила тројно, при што пријави поднеле околу 300 студенти.
За земја со околу 53.000 студенти, тоа е значителна бројка. Уште поважно е што пријавите откриваат впечатливи сличности, без оглед на тоа каде студираат студентите.
„Врз основа на пријавите што ги добивме досега, веќе препознаваме јасни обрасци“, вели Ана Шоповска, членка на тимот на Студентарија.
„На пример, студентите повеќепати пријавуваат доцнења во исплатата на државните стипендии, како и неоправдани прекини на субвенционираниот студентски оброк – државна мерка преку која студентите добиваат финансиска поддршка за еден оброк дневно. Постојано добиваме и пријави за исклучително лоши услови за живот во студентските домови, вклучително присуство на глодари и инсекти, подолги периоди без топла вода, па дури и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Кога истите проблеми постојано се појавуваат во различни пријави, станува очигледно дека не станува збор за изолирани случаи, туку за системски предизвици што заслужуваат внимание од институциите.“
За Студентарија, препознавањето на овие теми што постојано се повторуваат е само почеток.
Тимот редовно ги анализира пристигнатите пријави, ги групира во категории и објавува прегледи на најчесто пријавуваните проблеми. Покрај тоа, преку јавни анкети студентите можат да ги рангираат проблемите што ги сметаат за најитни, со што се создава уште еден начин за учество на студентската заедница.
Овие наоди потоа се доставуваат до надлежните јавни институции преку официјална кореспонденција, медиумско известување и кампањи за јавна комуникација чија цел е да поттикнат конкретни реакции.
Овој пристап претставува премин од реактивно известување кон граѓанско учество засновано на докази.
Наместо вниманието да биде насочено исклучиво кон поединечни приказни, „Дигитален студентски глас“ се обидува да покаже кога повеќе пријави укажуваат на системски проблем за кој е потребна реакција од институциите.
Во таа смисла, платформата не служи само како механизам за пријавување, туку и како извор на податоци од самата студентска заедница за секојдневната реалност на високото образование во Северна Македонија.
Иницијативата истовремено е дел од еден поширок тренд во граѓанската технологија: употреба на дигитални алатки за намалување на пречките за учество на групи чиј глас инаку би можел да остане неслушнат.
За студентите што стравуваат од одмазда или други последици, анонимноста ја олеснува одлуката да проговорат. За новинарите и граѓанските организации, збирните податоци од повеќе пријави претставуваат посилен доказ од изолирани сведоштва. За институциите, проблемите што постојано се повторуваат можат да понудат важен увид во состојби што инаку би останале невидливи.
Студентарија нагласува дека „Дигитален студентски глас“ нема цел да ги замени официјалните постапки за поднесување жалби и пријави.
Напротив, платформата ги надополнува така што го документира она што студентите колективно го искусуваат, ги препознава проблемите што постојано се повторуваат и се грижи овие прашања да не се изгубат меѓу илјадниците приватни пораки.
Како што платформата продолжува да се развива, тимот се надева дека таа ќе стане долгорочен механизам за следење на студентскиот живот, за зајакнување на дијалогот меѓу студентите и институциите и за поттикнување дискусии за јавните политики засновани на докази.
По години во кои поединечните сведоштва пристигнувале како приватни пораки во инбоксот на Инстаграм, Студентарија сега гради нешто потрајно – механизам што би можел навистина да доведе до структурни промени во животот на студентите во Северна Македонија.
Овој текст го изработи неформалната група Студентарија преку грантовата шема Digital Spark , како дел од проектот Регионален механизам за поддршка EECA, што го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Иницијативата за дигитална демократија (DDI), која го опфаќа Глобалниот Југ. Текстот се објавува на Global Voices како дел од договор за споделување содржини.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-08-24 09:31:59
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


