
Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2024 година, т.е. за време на претседателските и парламентарните избори, откри серија системски недостатоци во работата на ДИК. Констатирани се низа недоследности – од незаконска распределба на средствата за изборна кампања, преку спроведување на набавки надвор од Законот за јавни набавки, сè до немање соодветни услови за чување на доверливиот материјал.
Во тоа време на чело на институцијата беше Александар Даштевски, а потпретседателка беше Дитмире Шеху.
Иако не е експлицитно наведено и објаснето, од извештајот може да се заклучи дека севкупно земено за двојните избори во 2024 година биле потрошени дури 23 милиони евра од буџетот.
Пренамена на буџетски средства кон политичките актери
Еден од најсериозните наоди на ревизијата е начинот на кој ДИК ги планирала и одобрувала средствата за спроведување на претседателските и парламентарните избори во 2024 година. Наместо да го почитува законски утврдениот сооднос од Изборниот законик, каде една третина од средствата се наменети за платено политичко рекламирање, а две третини за останати изборни дејствија, ДИК планирала средства во сооднос од 50-50.
Во следната табела е прикажано планирањето и одобрувањето на средствата преку Програма 21 (Изборни активности), каде јасно се гледа отстапувањето:
| Ставка | Планирани средства (сооднос) | Одобрени со Буџет 2024 | Одобрени со ребаланс |
|---|---|---|---|
| Платено политичко рекламирање | 510.000.000 (50%) | 304.000.000 (44%) | 599.268.000 (43%) |
| Останати изборни дејствија | 505.061.000 (50%) | 390.500.000 (56%) | 810.317.000 (57%) |
| Вкупно (во денари) | 1.015.061.000 | 694.500.000 | 1.409.585.000 |
Оваа отстапка резултирала со директно прелевање на дури 129.453.000 денари (2,1 милиони евра), кои иницијално биле наменети за изборни дејствија, кон исплата на трошоци на политичките субјекти за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.
За надомест на трошоци на изборните органи за активности за спроведување на претседателските и парламентарните избори во 2024 година реализирани се расходи во вкупен износ од 647.015.000 денари, односно 10,5 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства, завршиле како надомест за членовите на Избирачките одбори (ИО).
Според ревизорот, пресметката за исплата на овие огромни средства за илјадниците членови на изборните одбори се вршела рачно во Excel табели од страна на стручната служба на ДИК, што создало ризик од ненавремена и погрешна обработка на податоците врз основа на кои се врши исплата.
Некомплетно известување од страна на изборните органи
На општинските изборни комисии (ОИК) авансно им биле исплатени речиси 90 илјади евра, односно 5.435.000 денари за тековни трошоци, а тие демонстрирале голема нетранспарентност и недоследност во известувањето за трошењата.
При увидот во 51 финансиски извештај доставени од ОИК, утврдено е дека 37 отсто (19 извештаи) немаат записник од седница на која е усвоен извештајот, а една третина, или 29 отсто, нема пополнето формулари за присуство на работа. Три извештаи немале комплетна финансиска документација (фискални сметки, патни налози).
Слична неорганизираност е забележана и при анализата на 72 извештаи за работа на избирачките одбори. Поточно, 65 проценти од нив (47 извештаи) не содржат податок за бројот на запишани избирачи, секој четврт извештај (25 отсто) немаат приложено пополнети формулари за присуство, а 12 извештаи не го содржат податокот за бројот на избирачки одбори.
Спорни набавки и процедури за софтверски решенија
Ревизорите утврдиле дека во текот на 2024 година, ДИК исплатила средства за стоки и услуги во висина од 3.217.000 денари (околу 52.000 евра) без воопшто да спроведе постапка за јавна набавка со што е надминат законскиот лимит од 12.000 евра во денарска противвредност. Според ревизорот, исто така, не е обезбедена конкуренција, транспарентност и рационално користење на јавните средства.
Дополнително, констатирани се неправилности при набавката на софтверското решение за сумирање и објава на изборните резултати, за кое е склучен договор од 5.480.000 денари без ДДВ, односно речиси 89 илјади евра. Предметот на набавката не бил опишан на јасен начин констатира ревизијата, а договорот со економскиот оператор бил склучен пред тој да достави банкарска гаранција што е спротивно на тендерската документација и Законот за јавни набавки.
Ревизијата посветува посебно внимание на трошоците за гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва за претседателските избори во 2024 година. Иако условите за гласање ги исполниле 2.571 граѓанин во 31 претставништво, на денот на изборите гласале само 809 избирачи.
За спроведување на ова гласање биле ангажирани дури 239 лица од државната администрација, за кои се исплатени 25.769.000 денари (речиси 418 илјади евра) по основ на авионски карти, хотелско сместување и дневници за патување. Имајќи го предвид ова, ДЗР истакнува дека е потребно да се изврши анализа на постапката и начинот на гласање на граѓаните кои за време на изборите престојуваат во странство, со цел почитување на начелата на ефикасност и економичност.
Дополнителна финансиска неизвесност за ДИК претставуваат активните судски постапки заклучно со крајот на 2024 година. Комисијата се јавува како тужител во 13 спорови против едно правно лице за поврат на три милиони денари (речиси 50 илјади евра) стекнати без правен основ.
Од друга страна, ДИК е тужена во 12 судски спорови. Дел од нив се од вработени за неисплатени права од работен однос во вредност од 694 илјади денари, како и од правни лица по основ на неисплатен долг во вкупна вредност од речиси два милиони денари, или околу 32 илјади евра. Ревизорите предупредуваат дека исходот од овие постапки може да има влијание на финансиските извештаи во идниот период.
Кадровски дефицит и немање простор за чување на доверливиот материјал
Ревизијата нотира и сериозни логистички и организациски проблеми во институцијата, а можеби најзагрижувачка е констатацијата дека ДИК со години нема сопствен траен магацински простор за складирање и чување на доверливиот и недоверливиот изборен материјал.
Зачудува и фактот што, заклучно со крајот на 2024 година, пополнети се само 81 работно место во ДИК, што е само една третина од предвидените 248. Поради ова, вработените работеле прекувремено, за што во 2024 година се исплатени 85 илјади евра, односно 5.214.000 денари само за прекувремена работа.
Вчудовидувачки е и податокот дека воопшто не е извршен попис на недвижниот имот, нематеријалните средства и ситниот инвентар. Дел од недвижностите воопшто не биле проценети ниту материјално и сметководствено евидентирани, што отвора простор за злоупотреби.
За конечно надминување на системските недоследности, ревизорот на крајот апелира на неопходно усогласување на законите кои го уредуваат оданочувањето на изборните активности, како и на суштинско преиспитување на моделот според кој се распределуваат државните средства за платено политичко рекламирање меѓу партиите.
ДЗР откри сериозни нерегуларности во ДИК за изборите во 2024 година кои ги чинеа граѓаните 23 милиони евра 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-24 14:46:51 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
