
Предложените измени на законот за животна средина не се во насока на остварување на целите на Директивата 2011/92/ЕУ, туку претставуваат парцијално определени членови чија измена не може да придонесе кон соодветна и целисходна примена на постоечкиот закон за животната средина и европската легислатива, апелираа од граѓанската организација Еко свест.
Предложениот законски текст, кој денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието, според екологистите, доколку го помине првото читање во оваа форма, несомнено ќе придонесе кон создавање на правна празнина за толкување, со оглед дека од него се бришат суштински делови како на пример управувањето со контаминирани подрачја, измена на значењето на терминологијата од општите одредби, определување на рокот за поднесување елаборати за заштита на животната средина, спроведувањето на ОВЖС и слично.
Од организацијата велат дека предложените измени и дополнувања директно се повикуваат на одредбите на Законот за заштита на природата, а веќе има постапка за донесување на нов закон за природа кој е објавен на ЕНЕР, со што постои можност одредбите од овие два закони да не кореспондираат.
„Апелираме до пратениците и Собранието на Република Северна Македонија да ги земат во предвид нашите коментари со цел да се спречи создавање на можност за остварување практика која ќе предизвика негативно влијание врз животната средина“, велат од Еко свест.
Од иницијативата Зелен хуман град велат дека под превезот на поедноставување, Министерството за животна средина и владата предлагаат бришење на клучните механизми за идентификација, управување со и санација на контаминираните подрачја, со што фундаментално ја ослабуваат заштитата од индустриското и рударското токсично наследство. Истовремено, дозволуваат реконструкции на тешка и загадувачка индустрија на растојание помало од пет километри од населени места и заштитени подрачја – забрана која постоеше со години. Укинуваат задолжително снимање на јавните расправи, ги ослабуваат гаранциите за електронска достапност на документацијата, а задолжителните институционални мислења за индустриската безбедност ги заменуваат со комисија избрана од министерот.
Со измените се избришани и членовите 28-а, 28-б, 28-в и 28-г од актуелниот Закон за животна средина кои се однесуваат на идентификација, управување со и санација на контаминирани подрачја. Со елиминацијата на овие членови значително се ослабува правната основа за справување со високозагадени подрачја, за што екологистите веќе доставиле коментари.
„Планот за управување со контаминирани подрачја од 28-б со години спречуваше контаминирано земјиште да може да се продава или да се дава под концесија. Сега ќе биде возможно некој да ви продаде загадена земја и вие да немате поим за тоа. Со бришење на членот 28-в се трга механизмот за координација меѓу институциите, општината и научните установи за да постапуваат со државни контаминирани подрачја.
Понатаму, реконструкција на тешка и загадувачка индустрија со години беше забранета на растојание помало од пет километри од населено место или заштитено природно подрачје. Со предложените измени, сите одамна затворени индустриски инсталации на пример во Скопје ќе може да продолжат да работат и дополнително да ги трујат скопјани, а и постоечките да си го прошират производството. Наместо да се оди кон целосно оддалечување на загадувачката индустрија од населени подрачја, со измените се прави катастрофален регресивен чекор“, велат од ЗХГ.
Посочуваат дека се брише обврската во записникот од јавните расправи да се вклучат заклучоците и да се приложуваат стенографски белешки и аудио или видео запис од расправата кои е задолжително да се објават јавно на интернет, и се елиминира обврската целата документација за работата на еден загадувачки капацитет или проект да остане електронски достапна, иако и со досегашната обврска имаше злоупотреби, информациите се објавуваа предоцна или беа на места каде што не може лесно да се најдат, а со предложената измена ќе може и целосно да ѝ се недостапни на јавноста што е комплетно спротивно на начелата за непречен пристап до информации поврзани со животната средина.
Измените предвидуваат и дека ако надлежните органи не достават мислење во рокот, се смета дека немаат забелешки.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-07 11:17:32
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
