
Книгата „Девет комедии“ од драмскиот автор и долгогодишен професор по драматургија и сценарио Русомир Богдановски беше промовирана на 19 октомври на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје.
Изданието содржи девет комедии напишани во периодот од 1968 до 2025 година, меѓу кои е и најновата, досега необјавена и неизведена пиеса „Не плачи, Ленке“. Книгата ја претстави театрологот и професорка Деспина Ангеловска, а извадоци од делата читаа студентите од четврта година по актерска игра од класата на професорот Ангелчо Илиевски. Како специјален гостин настапи актерот Благоја Чоревски.
Во разговорот со публиката Богдановски се осврна на различните книжевни и театарски традиции што влијаеле врз неговите комедии – од Плаут, Аристофан и Овид, преку средновековните сценски форми и комедија дел арте, до Франсоа Рабле, Бертолт Брехт и други автори од европската традиција.
Една од најдиректните врски е комедијата „Панургиј“, создадена по мотиви од „Гаргантуа и Пантагруел“ на Рабле. Богдановски зборуваше за таквите влијанија не како за едноставно преземање на туѓи приказни, туку како за дел од долгата традиција на комедијата во која авторите постојано се повикуваат, преобликуваат и полемизираат со постари дела и жанрови.
Посебно се осврна на „Фарса за Храбриот Науме“, дело во кое, како што објасни, преку фарса се разгледува начинот на кој општествата создаваат херои и митови кога имаат потреба од нив. Во тој контекст го спомена Брехт и познатата реплика од „Животот на Галилеј“: „Несреќна е земјата на која ѝ требаат херои.“
Професорката Ангеловска ја претстави ова комедија како „приказна за битката помеѓу Македонците и Византијците и во неа обичниот мал човек Науме, налик на Мајка Храброст кај Брехт, по грешка станува херој, само заради еден трн во стапалото. Оваа комедија која ги разоткрива механизмите за создавање национално-патриотски митови содржи доста силна критичка и политичка димензија која одекнува силно и денес“.
На прашање од публиката, Богдановски нагласи дека, иако во фарсата има елементи што потсетуваат на народното творештво, таа не е преработка на народна приказна, туку негово оригинално дело.
Разговорот за ова дело се надоврза на пошироката тема што авторот ја отвори на промоцијата – комедијата како форма што овозможува преиспитување на општествените авторитети, митови и граници на дозволеното.

Како пример Богдановски ја посочи и „Патентелија и Тантелина“, која се потпира врз еротски народни приказни, песни, обреди и ритуали. Тој го поврза провокативниот говор и ситуациите што можат да се сметаат за „безобразни“ со обредите на премин – ритуали поврзани со преминувањето од една животна фаза во друга, вклучително и влегувањето во светот на возрасните. Според него, токму таа ослободеност е една од причините зошто ваквите комедии биле блиски и до младата публика.
На настанот присуствуваше и режисерот Слободан Унковски, кој ја поставил „Патентелија и Тантелина“ во Народниот театар во Битола во 1986 година. Тој раскажа дека пред неколку години предложил ново поставување на делото во Театар Комедија, но предлогот бил одбиен бидејќи текстот бил оценет како пребезобразен. Унковски рече дека тоа го доживеал како показател дека денес постои поголема конзервативност отколку во периодот кога пиесата првпат била поставена.
Благоја Чоревски, пак, потсети на некои од првите изведби на комедиите на Богдановски и на актерите со кои се работело на нив, како починатите Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски и Ѓорѓи Колозов.
Дел од разговорот доби и поинтимен театарски карактер кога Чоревски го праша авторот дали зелникот што се споменува во најновата пиеса е инспириран од питите што во театарот ги носеле нивни колеги, меѓу кои и Нада Гешоска. Богдановски одговори дека ликовите не ги создава врз основа на конкретни личности, но дека искуствата и случувањата наталожени низ животот во театарот неизбежно влегуваат во приказните.
На прашање од публиката за начинот на кој ги создава драмите, Богдановски рече дека приказната е централниот елемент на неговото творештво. Ликовите ги гради во рамките што ги поставува приказната, иако во процесот на пишување, а подоцна и во соработката со режисерите, дејствието понекогаш се развива во насока различна од првично замислената.
Промоцијата беше проследена со сценски читања на повеќе текстови од книгата, со што публиката имаше можност паралелно да го слушне авторот како зборува за нивното создавање и да види како делови од нив функционираат на сцена.
На ФДУ промовирани „Девет комедии“ од Русомир Богдановски 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-20 12:35:32
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

