
Не е точно дека има ризик да пропадне грант за Југохром, но тие пари не се за санација на пречистителната станица или за депонијата, туку за изработка на Студија, вели министерот за животна средина Муамет Хоџа. Тој потврди дека Министерството добило барање за писмо за намери од француска компанија, и вели дека тоа е во процедура во службите и дека не гледа причина зошто да не биде потпишано.
Сепак, вели Хоџа, за Југохром не ни треба уште една студија, бидејќи веќе имаме една направена во 2024 година, туку ни требаат конкретни мерки за расчистување на опасниот отпад.
„Во врска со соопштението на Еко-свест, сметам дека е многу важно јавноста да биде точно информирана. До нас пред неколку дена стигна барање од компанија за писмо за намери, со кое тие би аплицирале за потенцијален грант преку францускиот инструмент FASEP, а кој, доколку се добие, би служел за изработка на студија од нивна страна. Должен сум да ја потсетам јавноста дека студија за расчистувањето на Југохром веќе постои, таа е спроведена во 2024 од ГИМ и по таа релевантна и сеопфатна студија министерството и Владата веќе постапуваат“, вели Хоџа.
Тој тврди дека е формирана работна група која ги разгледува предлог-решенијата од таа студија, но вели и дека процесот што ќе треба да резултира со расчистување на депонијата е веќе започнат. Деталите до каде е постапката ветува дека ќе бидат наскоро објавени, штом тоа биде утврдено на меѓуресорската група и во рамки на Владата.
„Мене ми е јасно дека граѓаните и стручната јавност се вознемирени од фактот што ниеден министер последниве три децении не се потрудил да го реши проблемот. И јас сум вознемирен, и токму затоа се зафатив да го решам проблемот. Но тој нема да се реши со избрзани решенија донесени под притисок, туку со системско и трајно решение. Сметам дека е погрешно да се шират дезинформации дека министерството ќе изгубело грант и тоа дека тој грант ќе бил наменет за чистење на депонијата. Чистењето на депонијата е сложено и ќе биде подолг процес за кој се потребни многу поголеми ресурси“, вели Хоџа.
Министерот за животна средина реагира на апелот од граѓанската организација Еко свест дека половина милион евра грант може да пропадне доколку во определениот рок не стави потпис на писмо за француска компанија, која би аплицирала за пари од француската Влада. Од организацијата открија дека постои донатор кој е заинтересиран преку грант да го финансира првиот чекор за расчистување на историскиот отпад на Југохром, преку санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со шествалентен хром.
„За да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација. Рокот е краток, а Еко-свест бара Министерот итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот“, рекоа од организацијата.
Решeнијата за депонијата со шествалентен хром се бараат во Студијата изработена од ГИМ за трајно надминување на оваа жешка индустриска точка во земјава. Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе од дозволените вредности на шестовалентен хром, а над 7300 тони од овој исклучително канцероген отпад кои се складирани на само еден километар од селото Јегуновце, се закануваат трајно да го загадат изворот Рашче и да го остават Скопје без чиста вода за пиење. Индустрискиот отпад, фрлан со децении на површина од 7,5 хектари е растворлив во вода, но и покрај тоа се уште стои необезбеден.
Депонијата, која е вбројана во индустриските жешки точки во Македонија има 2.2 милиони тони отпад депониран во периодот од 1963 до 2016, од кои околу 7388 тони се шестовалентен хром. Еколошката катастрофа е само прашање на време доколку не се преземат итни активности за трајно решавање на проблемот. Депонијата се наоѓа на само 50 метри од реката Вардар на 80 метри до карстниот аквифер кој го прихранува Рашче, извор на питка вода кој е од стратешки државен интерес, во неговата заштитна зона. Содржи голема количина на опасен отпад кој е лесно растворлив во вода, но и покрај тоа е незаштитена и на површината и на дното.
Пречистителната станица на Министерството за животна средина, во која треба да се собираат и пречистуваат подземните води е неадекватна и нема доволен капацитет, а и функцијата на дренажниот систен е дискутабилна. Заради тоа, многу често се случува излевање на контаминирана вода од депонијата во реката Вардар, во огромни количини, кои се движат и од 50 до 100 кубни метри дневно. Концентациите на шестовалентен хром во подземните води достигнуваат од 10 до 500 милиграми на литар, па и до 1.000 милиграми на литар во дренажниот систем, иако дозолените вредности се 0,01 милиграм на литар.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-15 10:04:05
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
