
Заклучокот на Советот на јавни обвинители дека немало надворешно влијание врз професионалниот интегритет на обвинителката Ристоска може да се оцени како манипулација со вистината, т.е. спин, особено зашто во изјавите за заклучокот беше потенцирана формалност, дека „премиерот никогаш не го кажал името на Ленче во конкретниот записник“
Пишува: Теофил Блажевски
Претседателот на Советот на јавни обвинители на РСМ (СЈОРСМ) Башким Бесими во врска со заклучокот на Советот дека немало надворешно влијание што може да решава за интегритетот и објективноста на обвинителската работа на Ленче Ристоска, даде изјава во која може да се препознае спин:
Колешката Ленче во записникот имаше неконкретни ставови и имаше ставови од кога е почнато Специјалното јавно обвинителство па досега и заради тоа ние сметавме дека во конкретниот случај на јавниот обвинител не му е загрозена интегритетот. Премиерот никогаш не го кажал името на Ленче во конкретниот записник и заради тоа сметавме дека нема повреда. Ги проверивме фактите и медиумските објави, рече Бесими.
[Извор: Независен – Советот на јавни обвинители...– датум: 30.03.2026]

Контраспин: Изјавата на Бесими, дека Премиерот никогаш не го кажал името на Ристоска кога Советот ја оценувал претставката на обвинителката Ленче Ристоска со која побара заштита од надворешните влијанија и притисоци, е чиста формализација на суштината на претставката и оттаму може да се смета за извртување на вистината, односно за спин.
Во иста насока е и изјавата на членката на Советот Маријана Илиеска, која иако сметала дека изјавите на премиерот се несоодветни, отсуствувала „индивидуализација“:
Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините „медиокритет со политичка матрица“, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување – рекла таа на седницата, извести Слободен Печат.
За потсетување на јавноста, обвинителката Ристоска побара заштита од Советот на јавни обвинители во јануари 2026 по интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за Вечер.мк, каде што иако без име и презиме, но со јасен контекст за кого станува збор, ја квалификуваше обвинителката како „клиентелистичко – политички медиокритет“. Сепак, како што известија и тогаш и сега дел од медиумите, Ристоска во претставката навела и серија напади врз нејзе од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, што не е спорно за севкупната јавност (види примери тука, тука, тука…).
Дали Советот и формално го почитувал сопствениот правилник?
Советот на јавни обвинители кои ја примија жалбата на обвинителката, согласно својот Правилник за начинот на водење на постапка за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители – се очекуваше да решаваат за суштината, а не за формата. Станува збор за нов инструмент кој Советот го донесе во ноември 2025, а случајот со Ристоска беше првиот случај кој се третираше по овој нов механизам.
Ако се погледне точка 3 од Правилникот јасно може да се прочита дека „надворешно нарушување на самостојноста претставува секое постапување на лица надвор од јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители со кое се загрозува професионалниот интегритет на јавните обвинители и може да се оцени како нарушување на самостојно, одговорно законито, непристрасно и објективно извршување на јавнообвинителската функција“.
Според изјавите и на Бесими и на Илиеска, Советот не се фокусирал на изјавите/соопштенијата со кои се загрозува професионалниот интегритет, туку на вториот дел од дефиницијата во Правилникот и според заклучокот на Советот, на Ристоска тоа не ѝ влијаело да ја извршува јавнообвинителската функција.
Но, со потенцирањето на тоа дека „Премиерот никогаш не го кажал името на Ленче“ и со потенцирање на „отсуство на индивидуализација“ станува јасно дека Советот се фокусирал претесно на дефинирањето на оценката дали има надворешно влијание. А впрочем, не го искористил ниту членот 5 од Правилникот, кој дава можност да бидат повикани на разговор и појаснување и обвинителот и тој на кого обвинителот се жали.
Суштината ја цени и самата Ристоска
Ристоска е сè уште законски застапник на Јавното обвинителство во судските случаи Талир 1 и Талир 2 кои се однесуваат на процес во кој одговорни лица од владејачката партија се обвинети за незаконско финансирање на партијата и перење пари. Судењето неодамна се одложи по 6-ти пат иако е случај кој произлезе уште од некогашното Специјално обвинителство и започна во 2019 година. И одбраната и самата Ристоска по нападите врз нејзе и откако покрена тужба за клевета во јануари годинава, побараа од Советот на јавни обвинители да се произнесе дали сè уште може да го застапува обвинителниот акт.

Имајќи го предвид и овој контекст, Ристоска за Слободен печат даде коментар на вчерашниот заклучок на Советот дека немало важно надворешно влијание што можело да влијае врз нејзината работа:
Со оваа одлука, Советот практично остава простор јавни прозивки од обвинети лица или нивни законски застапници, штетни за интегритетот и самостојноста на обвинителите да останат без институционална реакција. Навистина не ми е јасно како квалификации како „медиокритет со политичка матрица“ не се „конкретизирани“ и не се препознаваат како напад врз интегритетот и самостојноста на обвинител, кој по дефиниција треба да биде професионален и непристрасен. За мене е сосема јасно дека изјавата на претседателот на Владата се однесува на мене, а доколку Советот имал дилеми во однос на индивидуализацијата на изјавата, можел да го повика изјавувачот да појасни на кого се однесувала неговата изјава.
Дополнително, целосно е занемарен и контекстот во кој е дадена изјавата, а кој објективно упатува на притисок врз мојата работа и мојот професионален интегритет. Имено, предметите во кои се засегнати интересите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ се единствените предмети кои јас како обвинител ги застапувам на суд, а изјавата доаѓа од претседателот на Владата, кој како законски застапник на обвинетата политичка партија има директен процесен интерес од исходот на овие постапки. Со оваа претставка сакав да го тестирам новиот механизам на Советот, кој за жал, се покажа како формален, а не суштински – вели Ристоска.
Поради погоре изнесените аргументи дека заклучокот е образложен со елементи од формална. а не суштинска природа (дека премиерот никаде не ја споменал Ристоска во интервјуто), може да се оцени дека образложението дадено од претседателот на Советот на ЈО Башким Бесими е извртување на вистината, т.е. спин.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Контраспин: Дали за влијаниe врз обвинителите се важни формалностите или суштината? 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-31 12:55:21 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право






