
За 238 илјади основци и средношколци денеска завршува летниот распуст за учениците и од утре започнува новата учебна година. За прв пат во училишните клупи ќе седнат 14.952 првачиња. Вкупната бројка на празни училишни објекти во Македонија, претежно во руралните средини е 148, а негативниот тренд налага и реорганизација на училишната мрежа и работата на училиштата.
Новата учебна 2026-2027 година започнува утре и наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај.
„Трета година по ред учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Истите се испорачани и уште утре можат да им бидат поделени на учениците. Годинава, набавени се 622 илјади учебници и остварени се заштеди од 50 милиони денари споредбено со годината пред да бидам министерка“, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Вообичаено, нови испечатени комплети учебници има за децата во прво, втор и во трето одделение, со оглед дека тоа се учебници во кои има и работни листови. Нови книги има и за учениците во осмо одделение и за втор клас во гимназиско образование, каде ќе се учи по нови наставни програми.
Во 620 училишни објекти од вкупно 1.023 во основното и средното образование ќе има едносменска настава, која според Јаневска, обезбедува поголема концентрација на часовите, поголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да се стекнат соодветни вештини.
Meта минатата недела објави дека намалениот наталитет и иселувањето на младите од државата, секоја година се причина за сè помалиот број првачиња кои се запишуваат во македонските училишта. Новата учебна година е „зад врата“, а досега, во прво одделение на ниво на држава се запишале околу 14.500 првачиња. Оваа бројка, пред една декада беше 23.266.
Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè помалку првачиња, а голем е и бројот на децата кои не го ни дочекуваат крајот на учебната година, бидејќи во меѓувреме, среде учебна година, се иселуваат во друга земја со нивните семејства.
Во 2016 година во земјава имало 23.266 првачиња, а следната година бројката се намалила на 21.656. Годината потоа во училиште се запишале 22.130 нови деца, а во 2019 бројката била 20.656. Во 2020, на училиште тргнале 21.053 првачиња, а следната година имало 21.158. Бројот од година в година се намалува, па лани, на училиште пошле 17.921 ученик, а годинава оваа бројка изнесува околу 14.500. Сепак, во МОН нагласија дека тоа не е дефинитивниот број затоа што до крајот на септември трае запишувањето на првачиња кои задоцниле на рокот за упис.
Демографот Дончо Герасимовски кажа дека ако се анализираат бројките, вредно е да се спомене и разликата од околу 1.000 ученици на почетокот на учебна година споредено со крајот на учебната година. Тоа значи дека во текот на учебната година тие го напуштиле училиштето и се иселиле. Тој неколку пати досега има кажано дека е потребно да се направи стратегија за развој на популациона политика, како и стратегија за образование, како решение за ваквата состојба.
„Ја анализирам и состојбата во другите држави. Светските демографски движења се секаде присутни. Секаде се селат, и во Бугарија, Србија, Албанија. Сепак, потребно е државата посериозно да се позанимава со оваа проблематика“, апелира Герасимовски.
Минатата година, Мета на 1 септември беше во селото Фурка, општина Дојран, каде што на училиште појде само едно прваче.
Од утре започнува нова учебна година, иселувањето од земјава затвори 148 училишта 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-08-31 12:08:19
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


