
Ви ги презентираме најновите трејлери за наслови што ќе излезат релативно скоро за „PlayStation 5“ конзолата од кои повеќето ќе имаат и верзии за компјутери. Се работи за нови најави за највпечатливите игри: долгоочекуваната „Wolverine“, Нова експанзија за „Ghost of Yotei“ и исто така најавена експанзија за „Crimson Desert“ како и азиските игри „Rhapsody in Scarlet“ која изненадува со атмосферата и големата преработка на една од најдобрите „Single Player RPG“ верзии на „Final Fantasy 7 Revelation“ римејкот од серијалот „FFVII.“
„Marvel’s Wolverine“
Иако целовремено се покриени сите вести откако првично најавена оваа игра, новиот трејлер прикажа дека самата игра содржи многу поголем број на ликови од „X-Мen универзумот“ кои претходно не беа прикажани воопшто -веројатно како се прогресира низ приказната има бројни појавувувања на таканаречен „богат ростер“ на различни реактуализирани ликови, како јапанката мутантка наречена „Катана“ дека нејзиниот меч „може сè да пресече“ дека во нејзината приказна за потекло „самата душа и е сврзана со мечот.“ Можно појавување на „Магнето“ со најавена мистериозна фигура со бела долга коса и „Сентинелите роботи“ кои и овојпат се повторно со уште надградени карактеристики -како и секое нивно следно појавување.
За оваа игра имаме претходни написи што детално ја обработуваат и објаснуваат овде. A играта конечно излегува на 15 септември.
„Ghost of Yotei -Complete Edition-Most Wanted“
„Ghost of Yotei“ е и исто така игра за која имаме пишувано и претходно за која може да прочитате тука. Овојпат се работи за издание на играта што ги содржи сите досега излезени додатоци со голем апдејт наречен „Most Wanted“ -мод што е вид на сосема нова игра во самата игра -каде ги ловите главни криминалци низ средновековна Јапонија, а пред да дојдете до нив ги елиминирате нивните криминални банди во фронтално напаѓајќи ги нивните седишта и скривалишта, за максимален ефект на крвава самурајска борба каде како херој совладувате повеќе противници и злобни водачи.
Не само што се напредува низ ранкови во тоа колку и какви противници од овој тип ќе елиминирате, туку има една главна карактеристка додадена на играта која е клучна за нејзината реактуелизација. А тоа е додавањето на машки ликови со кои може да се игра играта -дека претходно можеше да се игра само со жената-самурај протагонист.- Што и е главната продажна „јадица“ на оваа експанзија за играта која излегува на први октомври годинава.
„Crimson Desert -Charting the Unknown DLC“
Експанзијата најавена за играта „Crimson Desert“ ги изненади гејмерите со обемноста и своите дополнителни карактеристики, како конструирањето на сопствен имот на куќа или замок со неверојатни детали, каде како архитект си ја проектирате со бирани материјали што сте ги собрале или ќе ги соберете, за ова се предвидува дека ќе има чекор по чекор туторијали на Јутуб како ќе се развива за готови типови на замоци.
Потоа гњурењето под вода со боци и подводниот џетпек за пропелирање како и подводни битки, зголемен број на технолошки загатки и роботизирани непријатели во средновековен сетинг- сето ова им беше чудно на гејмерите кога е толку брзо сработено по излегувањето на играта. Но ветераните во гејмингот се свесни дека веројатно и претходно биле спремни овие содржини додека се работело на играта со години, но сега ги пуштаат во промет како „Нови содржини“.
Феномен доста познат во информатиката како кога се шпекулираше дека готови верзии на „Нов и нов Windows“ се сработени, но пуштани на пазарот градуално со временски размах, заради зголемен континуиран профит -како што се шпекулираше дека беше вид на задржување на технологии поради проток на информатичкиот пазар и ослободување од вишоци. Секако дека е факт дека има понапредни и хардверски и софтверски технологии кои веднаш не се пуштаат на пазарот и за жал нив ги користат милитантни структури ширум светот кои по одредено време се ограничено достапни програми и хардвер во доменот на економија и општесвениот секојдневен технолошки и информатички развој. Една од економските „мамки“ е да се убедат корисниците дека им се нуди нешто „Ново“, затоа и во други индустрии често се менуваат амбалажи на прехрамбени производи и течности.
Но ова е честа пракса и во гејминг индустријата за која во изработката на видеоигри доста отворено се зборува (каде знае да биде и позитивен фактор) и покрај да речеме пријатните изненадувања од овој тип во доменот на видеоигрите. DLC-то за „Crimson Desert“ наречено „Charting the Unknown“ -односно во груб превод „Мапирање на непознатото“ излегува на 15 октомври годинава, а за базичната игра може да прочитате повеќе овде.
„Rhapsody in Scarlet“
Помеѓу останатите презентирани игри што вреди да се спомнат од настанот „PlayStation State of Play“ е несомнено играта „Rhapsody in Scarlet“ која е мешавина од ловење на чудовишта и големи главни, во свет со естетика од „Времето на Прохибицијата на Алкохол во Америка“ каде музиката од “тоа време“ и естетиката на околините и самите ликови се во “духот“ на тој период кога практично започнува забрзана индустријализација, но преку играта во фантазиски сетинг на херојство. Интересно е што музиката од споментатиот период е драстично употребена во играта -во време кога рокенролот и џезот првично зазаемаат светски замав. Поради сето ова „Rhapsody in Scarlet“ ќе има уникатна атмосфера, а сè уште нема датум кога ќе излезе играта.
„Final Fantasy VII Revelation“
Серијалот „Final Fantasy“ е впечатлив феномен уште од зачетокот на гејмингот, овојпат се нуди рекреирање на една од најдобрите и најиграните делови од играта популарно позната како „Седмицата“. Да, реакуелизирањето на стари содржини преработени како нови знае да биде фактор, но овојпат во јапонска продукција има подетален пристап зад кој има доста труд ова да се случи.
Кај нас во зачетокот на гејмингот секој да има „Нинтендо“ конзола беше релативно евтино, но поседување на „PlayStation“ конзола беше луксуз своевремено, како што сега е тоа случајот со поседување „PlayStation 5“ конзола која е уште прескапа за наши услови. Затоа и овој дел од играта покрај голема светска популарност не е многу познат на гејмерите во Македонија, но сепак не и непознат. А оваа преработка е добар начин да се доживее пропуштено гејминг искуство што е сега максимално подобрено. Играта ќе биде достапна дури на 8 април 2027 година.
Највпечатливите најави од настанот „PlayStation State of Play“ 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-07 13:09:22
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


