Американската амбасадорка во заминување, Анџела Агелер, објави отворено писмо до македонските граѓани пред да ѝ заврши мандатот, односно откако беше една од 30 амбасадори на САД кои ги отповика претседателот Доналд Трамп.
Во писмото до граѓаните на Северна Македонија, Агелер вели дека „Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај вас“ (ALWAYS by your side). Таа набројува повеќе случувања за време на нејзиниот мандат вклучувајќи го одбележувањето на 30 години билатерални односи меѓу двете земји, изградабта на патиштата во рамки на Коридорот 8 и 10д, борбата со корупцијата, судските реформи и санкциите за криминалците.
Во продолжение објавуваме превод на македонски јазик на писмото на амбасадорката Агелер:
Драги пријатели,
Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на Соединетите Американски Држави во оваа прекрасна земја. Тогаш, како и денес, се чувствував понизно и длабоко почестено од исклучителната привилегија да ја претставувам мојата голема нација во вашата.
Кога ја презедов оваа должност, реков дека имам огромна вера во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија. Оттогаш, таа вера многупати беше оправдана, обновена и зацврстена.
Исто така, нагласив дека цврсто верувам оти токму тогаш е моментот да се направи вистинска разлика — да се зајакнат економскиот раст, енергетската независност, интегритетот на судството, извонредноста во образованието, отпорноста на културата и европската интеграција. Во одредени области, работејќи тесно заедно, постигнавме реален напредок. Во други, работата продолжува.
Годината 2025 ја одбележа 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Македонија, иако нашето партнерство датира и од порано. Повеќе од три децении, заедно му покажувавме на светот што можат да постигнат силата, компромисот и трпеливата решителност. А во изминатите три години, ги покажавме и многу конкретните и опипливи резултати на тоа како изгледаат вистинското пријателство и конструктивното партнерство.
Тоа значи реалистичен план за исполнување на обврските во рамки на НАТО како сериозен сојузнички партнер; набавка на современи тактички возила што се користат во големи мултинационални воени вежби на Криволак или во земји партнери на НАТО. Тоа значи значаен напредок на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјата, кој ќе ги отвори стратешките коридори 8 и 10 на НАТО кон поголема регионална безбедност и значително унапредена трговија меѓу соседите.
Тоа значи јавно посочување на корупцијата и криминалните организации, придонес кон судските реформи и тогаш кога повратот на вложениот труд бил скромен, како и санкционирање на оние што со години неказнето краделе од вас. Тоа значи работа на создавање можности и надеж во заедници каде што и двете биле згаснати. Тоа значи поттикнување вистински економски раст, реален напредок во инфраструктурните и енергетските проекти и соработка за обезбедување физибилити-студии што го олеснуваат развојот на ресурсите од ретки земни минерали, сајбер-безбедноста и одговорното управување со животната средина. Тоа значи соработка во областа на технологијата, здравството, транспортот, разузнавањето и образованието. Тоа значи зачувување на вашето културно наследство со почитта што ја заслужува како светско богатство. И на многу од овие полиња постигнавме напредок.
Во овие три години, нашето партнерство прерасна во вистинско и длабоко пријателство со многумина од вас што ги сретнав низ целата земја. Ме пречекавте во вашите училишта, цркви, судници, домови, фарми и винарии. Понекогаш водевме тешки и отворени разговори за прашања што се длабоко важни за двете наши земји и не секогаш се согласувавме — и тоа е во ред. Со мене ги споделивте вашите соништа, вашата визија за оваа земја што ја сакате, вашите фрустрации, па дури и тагата по оние што сте ги изгубиле.
Секогаш ќе ги чувам како драгоцени приказните, соништата, визиите, мудроста, фрустрациите и радоста што ги споделивте со мене.
Во оваа земја има нешто магично — нејзината восхитувачка убавина, нејзината историја, традиција и култура; нејзините контрадикторности, како и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе пред големи предизвици и длабоки загуби. Сето тоа го споделивте со мене и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашите бројни добрини, за вашата неизмерна дарежливост и за силата што знам дека ја имате да ја надминете секоја пречка што ќе ви се најде на патот.
Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај вас, верувајќи — како и многумина од вас — во сонот за посилен, попросперитетен, побезбеден и целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник.
Ве оставам со последна порака на надеж: ова е ваша земја и секој од вас заслужува таа да биде земјата за која сонувате дека може да биде. И по три години, сè уште ја негувам огромната вера што ја имам во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија. Бидете добро, бидете храбри, бидете силни — и јас ќе навивам за вас на секој чекор.
Со почит,
Анџела П. Агелер
Агелер до македонските граѓани: Соединетите Американски Држави секогаш ќе бидат покрај вас 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-22 17:15:17 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

