Општината Сарај во 2024 година исплатила речиси половина милион евра субвенции на јавни претпријатија без програма и без приложени фактури, ангажирала лица по договор за дело за редовни административни работи со месечни паушални исплати за речиси 100.000 евра и финансирала здруженија и поединици за над 70.000 евра без извршена евалуација и без правилник со критериуми за распределба на средствата, покажува ревизијата на финансиското работење на општината, направена од Државниот завод за ревизија.
Според извештајот, Сарај има неевидентиран имот, инфраструктурни објекти кои се користат но немаат технички прием, како и незаконски спроведена постапка за 25- годишен даден закуп на Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај. Ревизорите констатирале дека Општина Сарај се соочува со слабости во процесот на буџетирање, сметководствено евидентирање и процена на имотот, несоодветно субвенционирање на ЈП, незаконски спроведена постапка за даден под закуп „Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај“ на 25 години и неправилности при спроведување на јавните набавки во однос на предметот на набавка, изведени активности надвор од техничката спецификација и пречекорување на вредносни прагови.
„Субвенции во износ 487.805 евра се исплатени на ЈКП „Сарај“ и ЈП „Акциос“, без донесена програма за субвенционирање и без приложени фактури и поткрепувачка документација за извршените активности по годишниот оперативен план. Општината исплатила 93.415 евра за ангажирање лица по договор за дело за редовни административни работи, во континуитет за период подолг од две години, 17.560 евра за адвокатски услуги, врз основа на склучен договор на месечен паушал, што отстапува од тарифниот модел на пресметка и 71.740 евра на млади талентирани ученици, здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови, поединци и
институции кои вршат дејности од јавен интерес, без извршена евалуација и без правилник со критериуми за распределба на средствата“, откриваат ревизорите.
Дел од недвижниот имот на општината, не е проценет и сметководствено евидентиран, а капиталните вложувања за 2024 година, во износ 2,3 милиони евра не се евидентирани како материјални средства во подготовка. Ревизијата открива дека спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај издаден е под закуп на период од 25 години, без спроведување на законски пропишаната постапка за долгорочен закуп, каде секој договор за користење на недвижен имот што надминува 10 години се смета за постапка за трајно отуѓување или долгорочен закуп и за правно валидно издавање на тој имот, мора да следи посебна постапка, согласности и дополнителни одобренија.
Ревизорите констатираат дека не се евидентирани побарувања од комунална такса за користење простор и поставување на витрини за изложување на стоки пред деловни простории, надоместоци за легализација на бесправно изградени објекти и за уредување на градежно земјиште. По основ на данок на имот и комунална такса за фирма општината искажала помалку побарувањаза над 400.000 евра и не извршила попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба.
Во општината постојат и повеќе инфраструктурни објекти како примарна и секундарна канализациона мрежа, системи за одведување и пречистување на отпадни води, за водоснабдување, изградба и реконструкција на локални улици и патишта, со вредност од над два милиони евра кои немаат документација за извршен технички прием, и покрај тоа што се користат, не се официјално воведени во употреба и се водат како инвестиции во тек без да се пресметува амортизација.
„Општината нема изготвено и доставено до Советот Предлог-план на програмите за развој, а во усвоениот буџет не се опфатени програмите за јавна чистота, улично осветлување, одржување зеленило, субвенционирање јавни претпријатија, заштита и спасување и родова еднаквост“, констатира ревизијата.
ДЗР: Општина Сарај исплаќала илјадници евра субвенции и паушали без фактура 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-02 09:21:14 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

