Заштитата на Кањонот Матка останува заглавена меѓу институциите. Законот за прогласување на Матка како споменик на природата минатата година беше вратен од Собранието назад во Министерството за животна средина, заради забелешки на други државни институции. Законот и после една година е се уште во Министерството, иако претходно во 2023 година доби зелено светло од Владата.
Какви неусогласености постојат меѓу институциите, какви се заблешките и од кои министерства или други органи доаѓаат, од Министерството за животна средина не сакаат да информираат. Во моментов оваа институција нема министер, откако Изет Меџити на локалните избори стана градоначалник на Чаир, па ова и сите други прашања ќе чекат до назначувањето на нов.
Дотогаш, нејасно ќе биде како забелешките на институциите не биле разгледани претходно, со оглед на тоа дека усогласувањето на текстот на законот, како и претходно на Студијата за ревалоризација на локалитетот Матка траеја со години. Се изјаснува засегнатите министерства, Градот Скопје и општина Сарај, како предлог управители, Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ и други институции кои имаат некаква поврзаност со Матка. Процесот резултираше со усвојување на Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата од страна на Владата во февруари 2023 година, што беше неопходниот чекор за постапката да продолжи во Собранието.
Откако повеќе од една година стоеше во собраниските фиоки, законот, наместо да биде изгласан, се врати неколку чекори назад.
Отсуството на заштита на едно од највредните природни богатства на државата, кањонот Матка веќе неколку години по ред е и дел од Извештајот на Европската Комисија з анапредокот на државата на патот кон ЕУ. И последниот извештај и тој од минатата година во Поглавјето 27 нотираат дека се влечкаат и процесите на прогласување на заштитени подрачја од големо значење, како што се Охридското Езеро, Студенчишко Блато, Кањонот Матка и повторното прогласување на Националниот парк Маврово, а мижиме и пред нивната узурпација и бетонизација.
Според текстот на законот, Матка ќе треба да добие зачувување на природната состојба на локалитетот, спречување на нарушување на живеалиштата и екосистемите, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, одржливо користење на природните ресурси на начин на којшто не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите, како и назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и ќе изработува стратешки документи за заштита и одржливо управување со природното наследство.
Се очекува со вистинската заштита на Матка да се обезбеди и прогрес во исполнување на целите и акциите од Националните стратегии за заштита на природата и за биолошка разновидност и во обврските од ЕУ директивите и Конвенциите, но и да се создаде основа за развој на еколошки туризам и примена на коцептот на екосистемски услуги.
Законот предвидува во рок од една година откако ќе биде усвоен да се донесе План за управување, а во рок од три месеци и Годишната програма за заштита на природата. Управувањето им е доделено на Градот Скопје, Општината Сарај и Јасен.
Матка со законот е поделена на неколку зони, зона за строга заштита, за активно управување, за одржливо користење и заштитен појас. Зоната на строга заштита опфаќа речиси 39 отсто од подрачјето во кое спаѓаат четири поголеми области: Козјак, Добрашија, Матка – Врело и Плоча. Во овој дел е забрането спроведување на активности со коишто се загрозува изворноста на природата и нарушувањето на природната рамнотежа, заради што Градот Скопје и Општина Сарај се должни да обезбедат постојан мониторинг. Во зоната за строга заштита дозволени се научно-истражувачки активности, доколку тие не се во спротивност со примарните цели на заштита на подрачјето.
Државата против природата: Законот за заштита на Матка заглавен во институциите 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-11-30 05:57:40 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


