Во Тетово третманот на едно куче чини 23.600 денари, цената е многу пати повисока во споредба со понудите што ги прифатиле градовите како Струга, Кичево, Охрид и Гостивар. Ова е понудата што Општина Тетово ја прифатила од Здружението „Ана Агро“ со кое потпишала договор. Ваквиот договор отвора дилеми за финансиска злоупотреба, имајќи го предвид и фактот дека „Ана Агро“ досега добила тендери само од Општина Тетово, пишува Порталб.мк.
На 5 ноември 2025 година, Општина Тетово потпишала договор во вредност од 3 милиони денари со Здружението за згрижување на бездомни кучиња „Ана Агро“.
Понудата врз основа на која е потпишан овој договор предвидува дека за едно куче ќе се потрошат 23.600 денари (382 евра).
За споредба, другите градови потпишале договори со понуди многу пати поевтини од Тетово.
Порталб.мк ги анализираше понудите и договорите од веб-страната за јавни набавки.
На пример, во Струга понудата по куче е 3.466 денари, во Kичево 7.021 денари, во Охрид 9.119 денари и во Гостивар 14.360 денари. Многу други општини прифатиле многу поевтини понуди.
Ветеринарот: Финансиска злоупотреба
Бидејќи цените се многу високи, се консултиравме со ветеринар кој добро ги познава процедурите и начинот на третман на бездомните кучиња. Тој за редакцијата одби да го открие својот идентитет, алудирајќи на можни злоупотреби.
„Ова не е реално. Тука ништо не се работи, тука само се крадат пари. Ова е само начин за да прават финансиски криминал“, рече тој.
Според него, реалните трошоци за третман на едно бездомно куче се движат од седум до девет илјади денари.
Тој рече дека и процедурите за третман не се прават како што треба.
„Секое куче кое се носи во засолништето, привин му се зема крв и се носи во Скопје и потоа се правт други постапки, како кастрација, стерилизација, вакцинација против беснило. Ништо не се прави без да се добијат резултатите од Скопје, така вели правилникот, без да се земе крв не може да се прави операција, ако има лајшманиоза, тогаш треба да се преземат други мерки. Овие немаат капацитет, таму се влезени луѓе кои немаат врска од ветеринарија“, рече ветеринарот.
Од Институтот за ветеринарство не ни кажаа колку анализи за лајшманиоза се испратени од „Ана Агро“ во последните две години.
Од друга страна, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за Порталб.мк потврдија дека „Ана Агро“ има капацитет за 10 кучиња.
Засолништето е отворено со дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и е регистрирано во Регистарот за засолништа. Засолништето има капацитет за 10 кучиња“, изјавија од АХВ.
Договор под сомнителни околности
Пред Општина Тетово да го потпише договорот со „Ана Агро“ на 05.11.2025 година, на овој повик се пријавила друга компанија, но постапката била поништена на 18.09.2025 година.
Прашан зошто е поништен тој тендер, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами на 25 септември 2025 година рече:
„Затоа што аплицирала компанија надвор од Тетово која понудила нереална цена за да ги изврши услугите кои треба да се извршат за соодветен третман на бездомните кучиња“.
Меѓутоа, и здружението „Ана Агро“ не е од Тетово, туку од Општина Јегуновце, а засолништето каде што се третираат кучињата се наоѓа во село Ратае.
Освен тоа, нашите извори тврдат дека тендерот е поништен со цел истиот да му се додели на здружението „Ана Агро“30.
Ова здружение и во 2024 година го доби тендерот од Општина Тетово за третман на бездомни кучиња во вредност од 3,2 милиони денари. Според поднесената понуда од 2024 година, цената за третман на едно куче била 22.240 денари со ДДВ.
Иако беа прашани неколку пати за детали околу договорот и цените, ниту Општина Тетово ниту „Ана Агро“ не одговорија на новинарските прашања.
Овие податоци ги доставивме и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Од оваа институција најавија дека ќе го разгледаат случајот на еден од колегиумите што се очекува да се одржи следната недела.
„Ана Агро“ добитник на тендери само од Општина Тетово
Здружението за згрижување на бездомни кучиња „Ана Агро“ во овие четири години постоење, според страната за јавни набавки, има добиено вкупно два тендери, двата од Општина Тетово.
Фото: Принтскрин од e-nabavki
Според базата на податоци од CompanyWall Business, „Ана Агро“ е основана на 26.08.2021 година и има двајца вработени.
Ова здружение во 2022 година немало никакви приходи. Во 2023 година пријавила приходи од 16.000 денари, а во 2024 година има пријавено приходи од 1.866.000 денари.
Но, според овој регистар, банкарската сметка на „Ана Агро“ моментално е блокирана.
Приходите на Здружението за згрижување на бездомни кучиња „Ана Ангро“ во последните три години
„Ана Агро“ е основана на 26.08.2021 година и има двајца вработени
Состојбата со кучињата во Тетово е алармантна
Додека Општина Тетово троши милиони денари, состојбата на терен со бездомните кучиња останува загрижувачка.
Во последните четири години, според податоците од Секторот за внатрешни работи во Тетово, регистрирани се околу 300 случаи на каснување од бездомни кучиња. Но, овој број може е и повисок, бидејќи не сите граѓани ги пријавиле случаите во полиција.
Потсетуваме дека бездомните кучиња во засолништето „Ана Агро“ во Ратае почнаа да се третираат на крај на месец јули 2024 година. И покрај нивниот третман, во градот сè уште има глутници кучиња, за кои граѓаните постојано се жалат.
Во мај 2025 година, од засолништето „Ана Агро“ соопштија дека од 2024 година до мај 2025 година во засолништето биле третирани 224 кучиња. Од засолништето најавија дека ќе продолжат да функционираат и во 2025 година.
Инаку, пред неколку години беше најавена изградба на регионално засолниште за решавање на овој проблем за сите општини во Полог, но тоа досега не е реализирано.
Околу 400 евра по куче: Понуда и сомнителен договор за третман на кучиња во Тетово, другите општини трошат помалку 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-14 10:14:17 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


